а финансирање проекти под овој јавен повик обезбеден е вкупен износ од 1,000,000.00 (еден милион) евра, односно 61.694.100 (шеесет и еден милион, шестотини деведесет и четири, сто) денари.
Со инструментот се обезбедува финансирање најмногу до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 100,000.00 (сто илјади) евра. Преостанатите 30% (триесет проценти) од вкупниот буџет за проектот треба да бидат обезбедени од апликантот.
Средства добиени од Фондот по која било друга основа или која било друга државна помош, нема да се сметаат за прифатливи средства за кофинансирање од страна на Апликантот.
Уредно пополнетите обрасци заедно со придружните документи се доставуваат во електронска форма преку системот на Фондот на следниот линк http://mis.fitr.mk
Достава заклучно со 03.05.2017 година, до 00.00 часот.
Повикот е отворен за микро, мали и средни претпријатија (не постари од 6 години) –„старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија, во доминантна сопственост на македонски државјани (50,1% или повеќе), кои имаат иновативна идеја со солидно очекување за комерцијализација.
Оцената на проектите се состои од неколку чекори:
Комитетот за одобрување на инвестиции (КОИ), составен од меѓународни експерти, има одлучувачка улога во процесот на оценување и селекција, водејќи се според следните основни критериуми:
Предлог проектите се поднесуваат по електронски пат, преку системот на Фондот на следниот линк http://mis.fitr.mk. Насоки за електронско поднесување на предлог проект се дадени во Упатството за аплицирање кое e достапно на следниот линк: http://mis.fitr.mk/ApplicantsManual_MK.pdf .
За време на аплицирањето треба да биде земено предвид дека еден апликант може да поднесе само еден предлог проект по јавен повик.
Апликацискиот пакет се состои од:
Во случај апликацијата да биде одобрена за финансирање, пред потпишување на Договорот за доделување средства со Фондот, апликантот е должен да ги достави и сите долу наведедени документи до Фондот
Проектната апликација, Буџетот на проектот и Финансиската проекција треба да бидат пополнети на македонски и англиски јазик. Кратките биографии на клучните луѓе на проектот треба да бидат на англиски јазик. Документацијата поврзана со апликантите треба да биде на македонски јазик.
Проектната документација задолжително се доставува во обрасци изготвени од страна на Фондот. Образецот за Проектна апликација, образецот за Буџет на проектот и образецот за Финансиска проекција, треба да се пополнат директно во електронскиот систем на Фондот, да се испечатат и со потпис и печат да се прикачат на соодветното место/поле во електронскиот систем.
Изјавата на подносителот на предлог-проектот за прифаќање на условите на Фондот и Прашалникот за животната средина треба да се пополнат во обрасците дадени во прилог на овој повик и со потпис и печат да се прикачат на соодветното место/поле во електронскиот систем.
Пред пополнување на апликацијата, Ве молиме внимателно прочитајте го целосниот текст на повикот кој содржи детално објаснување на условите за аплицирање, сите потребни формулари за аплицирање, како и критериумите за оцена на предлог проектите.
Уредно пополнетите обрасци заедно со придружните документи се доставуваат во електронска форма преку системот на Фондот на следниот линк http://mis.fitr.mk
Достава заклучно со 03.05.2017 година, до 00.00 часот
За финансирање ќе бидат земени предвид само оние предлог проекти доставени на горенаведениот начин (во електронска верзија) и во дадениот рок.
Фондот го задржува правото доколку е потребно да побара и друга документација од страна на апликантите.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |