Е-решенија за подобро здравје со ФИТР и Рош
Врз основа на член 27 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18), Правилата за организирање и спроведување на натпревари или предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 20.01.2020 година, Правилата за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 16.03.2020 година и Правилата за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 01.06.2020 година, Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој на ден 31.05.2021 година, го донесе текстот на јавниот повик за учество на предизвик:
Пандемијата предизвикана од вирусот COVID-19 придонесе за значајни промени во секојдневниот живот на целата популација и уште повеќе го стави во фокус здравјето и здравствените системи ширум светот. Хакатонот Е-здравство е креиран да одговори на потребите на граѓаните и да го олесни патот кон справување со предизвиците поврзани со спречувањето на одредени болести.
Со овој повик Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со Рош Македонија како корпоративен партнер, заедно со Министерство за здравство и Управата за електронско здравство како партнери во имплементацијата, се вклучуваат во напорите за подобрување на здравјето на граѓаните преку поддршка на решенија кои придонесуваат за подобро справување со последиците од пандемијата како и за подигање на свеста за важноста на превенцијата и раното откривање на малигните заболувања кај жените.
Целта на хакатонот е да се поттикнат и мотивираат граѓаните и организациите да размислуваат во насока на развивање на иновативни и креативни решенија за спречување на болестите и одржување на здравјето на популацијата во следните две области:
Предложените решенија треба да демонстрираат потенцијал за примена во системите на работење на јавното здравство.
*Листата содржи само предлози на можни решенија на кои може да работат тимовите и истата не е ограничувачка
Предизвикот е отворен за сите заинтересирани поединци, групи, организации и компании кои сметаат дека може да дадат креативен придонес во остварување на горенаведените цели.
Согласно ова, апликантот може да биде
Доколку се пријавува физичко лице, истото ќе биде вклучено во тимови во кои недостасуваат членови со соодветниот профил. За остварување најдобри резултати во текот на хакатонот препорачливо е секој пријавен тим да има барем еден инженер од областа на информатичките технологиии (програмер), лице од областа на природните или медицинските науки, дизајнер и лице со искуство во водење на бизнис /претприемач.
Во случај кога како апликант се јавува трговско друштво, истото треба да ги исполнува следните критериуми за подобност:
Во случај кога како Апликант се јавува тим и чиј предлог проект ја поминал фазата на селекција, Апликантот е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на Известувањето за селекција на предлог проектот, да основа трговско друштво во кое како основачи ќе се јавуваат најмалку 51% од членовите на тимот, кое трговско друштво ќе ги преземе сите права и обврски во однос на спроведување на Проектот и кое ќе ги исполнува критериумите за подобност од овој член и на целиот јавен повик.
Вкупниот буџет за хакатонот изнесува 30,000 евра во денарска противвредност, колку што е и максималниот износ на средства за финансирање на поединечен предлог проект. Средствата се обезбедени во сооднос: 51% од корпоративниот партнер Рош и 49% од ФИТР.
Исплатата на средствата ќе се одвива на следниот начин: 50% авансно, по потпишување на договорот, а останатите 50% ќе бидат исплатени по реализација на решението и поднесување на завршен извештај.
Рокот на реализација на проектите е до 60 дена. Врз основа на оправдани околности Фондот може да одобри продолжување на спроведувањето на проектот за дополнителен 1 (еден) месец.
трошоци за реализација на активности кои претходно биле финансирани од други извори.
Комисијата за оценување и избор е составена од :
Комисијата работи врз основа на Деловник за работа на Комисија за оценување и избор кој се усвојува на првиот состанок на Комисијата.
НАПОМЕНА: По барање на членовите на Комисијата, Фондот може да ангажира експерти кои ќе дадат стручно мислење за одредени апликации, соодветно на областа на нивната експертиза. Во таков случај, стручното мислење ќе биде земено предвид од членовите на Комисијата при оценувањето на апликацијата.
Постапката, од прием на пристигнатите апликации сѐ до селекцијата и донесувањето на конечна одлука за избор и доделување на финансиски средства на корисникот/ците, се состои од следните чекори:
Во оценувањето на предлог-решенијата комисијата ќе се фокусира на следните критериуми:
Фондот го задржува правото да преговара со натпреварувачите по однос на дефинирање на активностите и деталите во буџетот на проектот врз основа на препораки добиени од Комисијата за оценување и избор, пред потпишување на Договор за доделување на награда.
Фондот го задржува правото да не додели награда доколку нема доволно квалитетни предлог-проекти или не се исполнети условите за доделување на наградата согласно овие Правила и условите наведени во Јавниот повик.
Критериумите за оценување се дадени на следниов линк – Табела за оценување.
Избраните решенија ќе бидат целосно и бесплатно достапни до сите граѓани на Република Северна Македонија, најмалку во рок од една година по завршувањето на проектот. Политиката за пристапот и користењето на решенијата за граѓани на други држави ја определува апликантот.
При аплицирање задолжително треба да се достават следниве документи:
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик. Проектната документација задолжително се доставува на обрасци изготвени од страна на Фондот.
Проектната документација заедно со кратки биографии да се прикачат на формуларот за аплицирање достапен на следниот линк: https://fitr.mk/hakatonzdravstvo/ со клик на копчето „Аплицирај“.
Во случај на натпреварувачот да му биде доделена награда, Фондот го задржува правото да побара и друга документација, која треба да се достави во најкраток можен рок.
Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 17.06.2021 година, до 14:00 часот.
За финансирање ќе бидат земени во предвид само оние предлог-проекти кои се доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок.
Хакатонот ќе се одржи онлајн во периодот 25-27 јуни 2021 година.
Правилата и процедурите за спроведување, следење и надзор на проектот се дефинирани во документот Правила за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 20.01.2020 година и Правилата за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 16.03.2020 и 01.06.2020 година.
За сите дополнителни информации можете:
– да ни пишете на електронската адреса: hakaton.zdravstvo@fitr.mk
– да се јавите на телефонскиот број: 02 3145 258
Со цел да ви помогнеме при подготовка на предлог проектите, за времетраење на повикот Фондот ќе организира инфо-настани; бесплатна техничка помош од експерти; и менторски работилници.
Информациите за овие активности ќе бидат навремено објавувани на веб страната на хакатонот, веб-страната на Фондот, како и на официјалните профили на Фондот и Рош Македонија на социјалните мрежи (Фејсбук и Инстаграм).
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |