Врз основа на член 27 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18), а во врска со Правилата за организирање и спроведување на натпревари или предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата oд 20.01.2020 година, арх.бр. 01-514/17, Правилата за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 16.03.2020 година,арх.број 01-797/6, и Правилата за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 01.06.2020 година, арх.број 01-1662/5, Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој на ден 13.06.2022 година, го усвои текстот на јавниот повик за предизвикот:
Светот се наоѓа пред огромни климатски промени [1] поради кои се соочува со бројни предизвици од областа на животната средина, природата и биодиверзитетот. Последните години беа забележано најтопли, мразот во Арктичкото море се топи, а нивото на водата во океаните достигнува рекордно зголемување. Се трошат многу повеќе ресурси од колку што е реално издржливо. Таквиот начин не е одржлив и бара итно превземање на акции за справување со новонастанатите состојби, воспоставуање на „зелен“ правец на развој и креирање на одржлив свет.
Климатските промени имаат една заедничка константа – сиромашните, маргинализираните и ранливите луѓе се најпогодени групи во општеството. На краток или долг рок овие последици предизвикуваат: неизвесноста на изворот на приход / средства за живеење; човечки и материјални загуби; ограничувања на природните ресурси; недостаток на вода и енергија; оштетување на инфраструктурата (мали хидроцентрали, домови, патишта); промена во биолошката разновидност; последици по здравјето на луѓето; миграција; губење на обработливо земјиште; губење на културно и природно наследство.
Нашата земја се карактеризира со променлива клима, со високи температури и екстремни временски прилики (како долготрајни сушни периоди, интензивни краткотрајни врнежи и појава на ненадејни поплави, топли бранови) кои поттикнати од климатските промени, ја прават земјата ранлива, а со тоа и жителите и целиот жив свет. Република Северна Македонија е земја со среден приход, чиј економскиот раст зависи од климатски чувствителни природни ресурси, поради што има потреба да се инвестира во технологии и активности кои ќе придонесат за ублажување на и прилагодување кон ефектите од климатските промени.
Новите климатски технологии играат значајна улога во развојот на зелената економија. Климатските решенија кои се темелат на иновации, истражувања и развој, треба да имаат одлучувачка улога во постигнувањето на зелена транзиција на земјата и нејзино усогласување со остатокот од светот.
Климатски решенија подразбираат примена на технологии и практики кои водат кон намалување на емисиите на стакленички гасови, кои се причинител за климатските промени, или водат кон прилагодување кон ефектите од климатските промени. Тие водат кон остварување на климатските цели кои се во согласност со националните климатски политики на РСМ.
Овој предизвик Фондот го реализира во партнерство со Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции.
Предизвикот како иницијатива произлегува од Вториот Проект на Република Северна Македонија од Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка на Зелениот климатски фонд „Зајакнување на националните капацитети за прилагодување и ублажување на климатските промени и финализирање на националната Работна програма на
Република Северна Македонија“ (http://www.greendevelopment.mk/mk/readiness-programme.aspx), во насока на унапредување на учеството на приватниот сектор во активности и инвестиции за справување.
[1] UNFCCC Дефиниција на климатските промени: Климатски промени се промени кои се предизвикани директно или индиректно од човечка активност која го менува составот на глобалната атмосфера, што е дополнителна промена на природната климатска варијабилност која е забележана во споредливи временски периоди.
Предизвикот има за цел да поттикне зголемување на т.н климатски активности, односно активности за развивање на иновативни технологии, производи и процеси за ублажување или прилагодување на последиците од климатски промени, што ќе придонесе кон глобалните напори за справување со климатските промени и поактивно вклучување на приватниот сектор во развојот на зелените бизниси и креирање на нови работни места во оваа област.
Натпреварувачите на овој предизвик треба да се пријават со предлог-проекти кои вклучуваат развој на иновативни, климатски/чисти технологии, производи и/или процеси кои придонесуваат кон ублажување или намалување на последиците од климатските промени.
Климатски технологии за ублажување или митигација (климатски технологии) се технологии и активности за ограничување на обемот или брзината на долгорочното глобално затоплување и на ефектите од него. Како пример за сектори каде се применуваат овие технологии се енергетика, индустрија и транспорт.
Примери за типични активности за ублажување:
Климатските технологии за прилагодување (Технологии за клима) се технологии и активности за намалување на ранливоста на општествените и биолошките системи на климатските промени и нивно прилагодување на глобалното затоплување. Како пример за сектори каде се применуваат овие технологии се земјоделство, здравство и шумарство.
Примери за типични активности за прилагодување:
Спроведувањето на проектот може да биде до 12 (дванаесет) месеци.
Фондот врз основа на оправдани околности може да одобри продолжувања на спроведувањето на проектот до 6 (шест) месеци.
За финансирање на проекти во рамки на овој повик обезбеден е вкупен буџет од 7.500.000 (седум милиони и петстотини ијлади) денари.
За поединечен предлог проект, Фондот обезбедува финансирање до 90% (деведесет проценти) од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 1.500.000 (еден милион и петстотини илјади) денари.
Од страна на Натпреварувачот треба да бидат обезбедени минимум 10% (десет проценти) од вкупниот буџет на проектот.
Средствата добиени од Фондот по која било друга основа или која било друга државна помош, нема да се сметаат за прифатливи средства за кофинансирање од страна на Натпреварувачот – корисник на финансиски средства од Фондот.
Доколку нема доволно квалитетни предлог проекти или не се исполнети условите за финансирање, Фондот го задржува правото да не додели финансиски средства.
Критериумите за подобност кои треба да ги исполни натпреварувачот се:
Активности
Предлог-проектот треба да опфати активности за развивање или примена на технологии, производи и процеси за ублажување или прилагодување на последиците од климатски промени.
Активностите може да вклучуваат:
Горенаведената листа на активности не е ограничувачка.
Трошоци прифатливи за финансирање
Листата на подобни трошоци не е исцрпна
Трошоци неприфатливи за финансирање се:
Единствено трошоците настанати за активности спроведени за времетраење на проектот, а кои се во согласност со одобрениот Буџет на проектот ќе се сметаат за подобни трошоци.
Трошоците предвидени во буџетот на проектот треба да соодветствуваат на активностите предвидени во проектната апликација.
Фондот го задржува правото да преговара со победниците по однос на дефинирање на активностите и буџетот на проектот на основа на препораки добиени од Комисијата за оценување и избор (во натамошниот текст: Комисијата), а пред потпишување на Договорот за доделување на награда.
Во случај проектот да се базира на веќе постоечки права на интелектуална сопственост, Натпреварувачот е должен, заедно со предлог-проектот, да достави доказ за право на користење на интелектуалната сопственост во вид на договор за лиценцирање, договори за „in-kind“ придонес или друг вид на договор кој потврдува дека Натпреварувачот има право на користење на интелектуалната сопственост на која се базираат резултатите од проектот.
Фондот нема да биде одговорен за спорови поврзани со правата на интелектуална сопственост помеѓу Натпреварувачот/Корисникот на финансиските средства и трети страни. Натпреварувачот не смее свесно или намерно да ги нарушува правата на интелектуална сопственост на кое било трето лице.
Сите права на интелектуална сопственост и „know-how“ кои ќе бидат создадени за време на имплементација на Проектот и/или како резултат на спроведувањето на Проектот му припаѓаат на Корисникот и доколку е применливо, Корисникот треба да ги заштити правата на интелектуална сопственост.
Постапката, од прием на пристигнатите апликации се до селекцијата и донесувањето на конечна одлука за избор и доделување на финансиски средства наградените натпреварувачи, се состои од неколку чекори:
Секој предлог-проект се оценува од Комисија за оценување и избор која се состои од пет членови во состав:
Комисијата работи врз основа на Деловник за работа на Комисија за оценување и избор кој се усвојува на првиот состанок на Комисијата.
Главните критериуми за оценување на предлог проектите се:
Фондот го задржува правото да не додели награда доколку нема доволно квалитетни предлог-проекти или не се исполнети условите за доделување на наградата согласно овие Правила и условите наведени во Јавниот повик.
Главните критериуми и подкритериуми за евалуација на проектите се опишани во образецот на Табелата за оценување.
Проектната документација задолжително се доставува на обрасци изготвени од страна на Фондот. Сите обрасци за аплицирање може да ги преземете со клик на копчето „Преземи документација“.
При пријавување на јавниот повик потребно е да се достават, потпишани и заверени со печат, следните документи:
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик.
Проектната документација заедно со кратки биографии да се прикачат на формуларот со клик на копчето „Аплицирај“.
Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 01/09/2022 година, до 14:00 часот.
За финансирање ќе бидат земени во предвид само оние предлог проекти кои се доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок.
Правилата и процедурите за спроведување, следење и надзор на проектот се дефинирани во документот Правила за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 20.01.2020 година, Правила за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 16.03.2020 година и Правила за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 01.06.2020 година.
За сите прашања и дополнителни информации поврзани со овој повик можете да ја користите електронската адреса: klimatskipredizvik@fitr.mk
За презентација на правилата и условите за аплицирање на овој повик, Фондот ќе организира инфо-настани. Информациите за датумите на одржување на инфо-настаните ќе бидат навремено објавени на веб-страницата на Фондот како и на социјалните мрежи (Фејсбук и Инстаграм).
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |