Врз основа на член 27 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18), а во врска со Правилата за организирање и спроведување на натпревари или предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата oд 20.01.2020 година, арх.бр. 01-514/17, Правилата за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 16.03.2020 година,арх.број 01-797/6, и Правилата за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 01.06.2020 година, арх.број 01-1662/5, Фондот за иновации и технолошки развој на ден 09.09.2021 година, го објавува јавниот повик за:
Во денешниот променлив пост Ковид-19 свет, сведоци сме на многубројните предизвици кои чекаат на нас да ги решиме или барем да дадеме придонес во нивното решавање, а успехот на бизнисот повеќе не се мери само според неговите финансиски перформанси, туку и по тоа како придонесува кон подобрување на општеството. Во изминатите неколку години, евидентен е порастот на ентитети кои преземаат активности за решавање на еколошките проблеми, како што се одржливоста и климатските промени, но и социјалните нееднаквости, како што е ниското ниво на инклузивност или ниската разновидност во претпријатијата. Од друга страна, навиките и потребите на купувачите или корисниците на услуги се менуваат. Во светот, но се повеќе и кај нас, купувачите сакаат да знаат нешто повеќе за потеклото на производот или услугата. Дали е производот создаден без нарушување на природните или етичките кодекси или дали може да се рециклира се само дел од примерите на додадена вредност за која купувачите се подготвени да платат повеќе.
Социјалното претприемништво [1] како концепт на водење бизнис не е непознат процес во нашата економија, а во последниве години се повеќе се актуелизира преку разните програми кои циркулираат во стартап екосистемот и кои им помагаат на претприемачите да го дефинираат, мерат и да го зголемат позитивното влијание кое го остваруваат во општеството.
Социјалното претприемништво односно новите форми на бизниси се обидуваат да создадат вредност или да генерираат позитивно влијание врз општеството нудејќи услуги или производи кои одговараат на специфични потреби на заедницата со понуда на не-конвенционални решенија за општествените предизвици. Овие ентитети се тесно поврзани со социјалните иновации [2] . Нивниот капацитет за иновација и мултипликација станува се посилен механизам за справување со предизвици кои придонесуваат кон исклучување и маргинализација на оние сегменти од општеството кои немаат капацитет сами да се справат со истите.
Типично, најголемиот дел од генерираните профити на новите форми на бизниси во рамки на социјалното претприемништво и нивните социјални иновации се реинвестираат на начин што дополнително ги поддржува целите за одржлив и инклузивен раст. Иновативните идеи на овие ентитети имаат капацитет да го направат светот подобро место. Инспирацијата зад социјалните иновации е да се реализира решение кое не само што ќе му помогне на социјалниот претприемач да генерира профит, туку и ќе направи позитивна промена во светот. На пример, наместо да прифаќаат производствени методи штетни за животната средина, социјалните претприемачи доаѓаат со идеи како околината да не биде оштетена, а сепак да се оствари профит.
Можеби најголемата предност да се биде социјален претприемач е влијанието што може да го имате врз општеството. Социјалните претприемачи создаваат деловни активности во различни сектори кои можат да имаат позитивно влијание врз општеството, вклучително и алтернативни извори на енергија, здравствени услуги и здрав животен стил, социјална заштита и едукација, адресирање на климатските промени и нееднаквостите. Придобивката од социјалните иновации е во слободата на истражувањето и создавањето на иновативни решенија што можат да инспирираат промени. Социјалните претприемачи често преземаат ризици и размислуваат надвор од постоечките рамки наоѓајќи се во постојана потрага по нови начини за решавање на проблемите.
Преку овој јавен повик, Фондот за иновации и технолошки развој се обидува да понуди решенија за некои од клучните предизвици со кои се соочува социјалното претприемништво во земјата:
Овој предизвик на Фондот се реализира во партнерство со Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ и Бизнис Импакт Лаб.
Партнерскте организации ќе обезбедат индивидуална менторска поддршка за избраните натпреварувачи во делот на комуницирањето на импактот, а ќе овозможат и пристап до национални и глобални програми за скалирање на нивните бизниси.
[1] Терминот социјално претприемништво покрива широк ранг на активности и иницијативи, вклучувајќи и општествени иницијативи имплементирани од страна на профитни бизниси, ентитети кои експлицитно спроведуваат општествена цел, релации и практики кои носат бенефити за општеството.
[2] Според дефиницијата на Европската Комисија, социјалната иновација значи развој на нови идеи, услуги и модели со цел подобро адресирање на општествените проблеми. Како концепт, социјалната иновација може да се однесува на производ, производствен процес, идеја, општествено движење или комбинација од предходно наведените.
Целта на овој повик е да се поттикне развојот на социјалното претприемништво преку поддршка на иновативни решенија за тековните социјални потреби и општествени предизвици (социјални иновации), обезбедувајќи притоа одржлив и инклузивен развој.
Скоро сите земји во светот ветија дека ќе ја подобрат планетата и животот на нејзините граѓани до 2030 година. Тие се посветија на 17 цели што го менуваат животот, наведени од ООН во 2015 година. Овие глобални цели, исто така познати како Цели за одржлив развој (ЦОР), вклучуваат крај на екстремната сиромаштија, давање на подобра здравствена заштита на луѓето и постигнување на еднаквост за жените. Она што е јасно е дека не само што се потребни паметни решенија, туку потребни се и ентитети со капацитети за иновации
Преку овој предизвик се овозможува поддршка во остварување на минимум една од следните цели за одржлив развој:
Да се стави крај на сиромаштијата во сите нејзини форми насекаде | |
Да се стави крај на гладувањето, да се постигне безбедност на храната и подобрување на исхраната и да се промовира одржливо земјоделство | |
Да се обезбеди инклузивно и еднакво квалитетно образование и да се промовираат можностите за доживотно учење за сите | |
Да се постигне родова еднаквост и да се охрабрат жените и девојчињата | |
Промовирање на инклузивен и одржлив економски раст, вработување и пристојна работа за сите |
Спроведувањето на проектот може да биде до 12 (дванаесет) месеци.
Фондот врз основа на оправдани околности може да одобри продолжувања на спроведувањето на проектот до 6 (шест) месеци.
За финансирање на проекти во рамки на овој повик обезбеден е вкупен буџет од 6.000.000 (шест милиони) денари.
За поединечен предлог проект, Фондот обезбедува финансирање до 90% (деведесет проценти) од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 1.500.000 (еден милион и петстотини илјади) денари за трговски друштва кои ќе се основаат во рок од 30 дена по прием на Известувањето за селекција на предлог проект (во случај кога како Натпреварувач се јавува тим).
Од страна на Натпреварувачот треба да бидат обезбедени минимум 10% (десет проценти) од вкупниот буџет на проектот.
Средствата добиени од Фондот по која било друга основа или која било друга државна помош, нема да се сметаат за прифатливи средства за кофинансирање од страна на Натпреварувачот – корисник на финансиски средства од Фондот.
Доколку нема доволно квалитетни предлог проекти или не се исполнети условите за финансирање, Фондот го задржува правото да не додели финансиски средства.
Критериумите за подобност кои треба да ги исполни натпреварувачот се:
Во случај кога како натпреварувач се јавува трговско друштво, истото треба да ги исполнува следните критериуми за подобност:
Во случај кога како натпреварувач се јавува тим или здружение на граѓани и чиј предлог проект ја поминал фазата на селекција, натпреварувачот е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на Известувањето за селекција на предлог проектот, да основа трговско друштво во кое како основачи ќе се јавуваат најмалку 51% од членовите на тимот, кое трговско друштво ќе ги преземе сите права и обврски во однос на спроведување на Проектот и кое ќе ги исполнува критериумите за подобност од јавниот повик.
Доколку предлог-проектот вклучува конзорциум, условите за член/от/вите на конзорциумот се исти како и за Водечкиот Натпреварувач.
При аплицирање во конзорциум[3], главен носител на проектот е Водечкиот Натпреварувач.
[3]Во случај на конзорциум сите членови на конзорциумот учествуваат во кофинансирањето на проектот
Предлог-проектот треба да опфати активности за развој на ново, иновативно решение во фази од потврден концепт до решение функционално во реална средина.
Активностите може да вклучуваат:
Горенаведената листа на активности не е ограничувачка.
Трошоци подобни за финансирање
Трошоци неподобни за финансирање:
Трошоците предвидени во буџетот на проектот треба да соодветствуваат на активностите предвидени во проектната апликација.
Единствено трошоците настанати за активности спроведени за времетраење на проектот, а кои се во согласност со одобрениот Буџет на проектот и Правилата за организирање и спроведување на натпревари или предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата, ќе се сметаат за подобни трошоци.
Фондот го задржува правото да преговара со победниците по однос на дефинирање на активностите и буџетот на проектот на основа на препораки добиени од Комисијата за оценување и избор (во натамошниот текст: Комисијата), а пред потпишување на Договорот за доделување на награда.
Во случај проектот да се базира на веќе постоечки права на интелектуална сопственост, Натпреварувачот е должен, пред потпишувањето на Договорот за доделување на награда, да достави доказ за право на користење на интелектуалната сопственост во вид на договор за лиценцирање, договори за „in-kind“ придонес или друг вид на договор кој потврдува дека Натпреварувачот има право на користење на интелектуалната сопственост на која се базираат резултатите од проектот.
Фондот не е одговорен за спорови поврзани со правата на интелектуална сопственост помеѓу Корисникот на финансиските средства и трети страни.
Сите права на интелектуална сопственост и „know-how“ кои ќе бидат создадени за време на имплементација на Проектот и/или како резултат на спроведувањето на Проектот му припаѓаат на Корисникот и доколку е применливо, Корисникот треба да ги заштити правата на интелектуална сопственост.
Постапката, од прием на пристигнатите апликации се до селекцијата и донесувањето на конечна одлука за избор и доделување на финансиски средства наградените натпреварувачи, се состои од неколку чекори:
Секој предлог-проект се оценува од Комисија за оценување и избор која се состои од:
Комисијата работи врз основа на Деловник за работа на Комисија за оценување и избор кој се усвојува на првиот состанок на Комисијата.
НАПОМЕНА: По барање на членовите на Комисијата, Фондот може да ангажира експерти кои ќе дадат стручно мислење за одредени апликации, соодветно на областа на нивната експертиза. Во таков случај, стручното мислење ќе биде земено во предвид од членовите на Комисијата при оценувањето на апликацијата.
Главните критериуми за оценување на предлог проектите се:
Фондот го задржува правото да не додели награда доколку нема доволно квалитетни предлог-проекти или не се исполнети условите за доделување на наградата согласно овие Правила и условите наведени во Јавниот повик.
Главните критериуми и подкритериуми за евалуација на проектите се опишани во образецот на Табелата за оценување.
При аплицирање задолжително треба да се достават следниве документи:
Проектна документација (која треба да е потпишана од овластен претставник на Натпреварувачот и печатирана, а достапна е преку веб-страницата на Фондот):
– Уредно пополнет образец за проектна апликација
– Уредно пополнет образец за буџет на проектот
– Изјава на Натпреварувачот за прифаќање на условите на Фондот
– Нотарски заверена изјава за сопственичка – основачка структура на Натпреварувачот (освен во случај кога како Натпреварувач се јавува тим или здружение, истата се доставува по основање на трговското друштво).
– Кратки биографии на главните лица ангажирани во проектот (најмногу за пет лица) на македонски јазик
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик. Проектната документација задолжително се доставува на обрасци изготвени од страна на Фондот.
Проектната документација заедно со кратки биографии да се прикачат на формуларот со клик на копчето „Аплицирај“.
Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 22.10.2021 година, до 14:00 часот.
За финансирање ќе бидат земени во предвид само оние предлог проекти кои се доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок.
Правилата и процедурите за спроведување, следење и надзор на проектот се дефинирани во документот Правила за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 20.01.2020 година и Правилата за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 16.03.2020 и 01.06.2020 година.
За сите дополнителни информации можете:
Со цел да ви помогнеме при подготовка на предлог проектите, за времетраење на повикот Фондот ќе организира инфо-настани; бесплатна техничка помош од експерти и менторски работилници.
Информациите за овие активности ќе бидат навремено објавувани на веб-страницата на Фондот како и на социјалните мрежи (Фејсбук и Инстаграм).
1. Во делот „Кој може да аплицира“ на повикот, здружението на граѓани е обврзано да основа трговско друштво кое ќе ги превземе сите права од повикот, во однос на спроведување на проектот. Дали обврската како основачи да се јават 51% од членовите на тимот се однесува и на здружението или само кога како апликант се јавува тим?
Доколку проектната апликација е поднесена од страна на Здружение, тогаш како основач на новоформираното правно лице треба да се јави Здружението. Доколку како подносители на апликацијата се јавуваат физички лица (членови на проектниот тим) кои не се поврзани во соодветна правна форма, тогаш најмалку 51% од лицата кои се членови на тимот кој ќе го спроведува проектот треба да се јават како основачи на новоформираното правно лице.
2. Дали е дозволено и/или препорачливо со ист проект да аплицираме на двата отворени повици, на Социјално претприемништво и/или на Ко-финансирани грантови за
комерцијализација на иновации? Како да процениме кој е посоодветен за нашиот проект?
Со ист проект можете да аплицирате на двата повици но доколку добиете финансирање на еден од повиците нема да можете да добиете финансирање и на другиот повик.
При аплицирањето на повиците треба детално да се разгледаат целите и условите за пријавување содржани во самите јавни повици.
Предизвикот за социјално претприемништво има за цел да поддржи иновативни решенија за тековните социјални потреби и општествени предизвици (социјални иновации), обезбедувајќи притоа одржлив и инклузивен развој и да опфатат најмалку една од Целите за одржлив развој наведени во јавниот повик. На овој повик може да се пријават претпријатија, здруженија на граѓани и тимови. Здруженијата на граѓани и тимовите пред потпишувањето на договорот со Фондот треба да основаат трговско друштво кое ќе ги превземе обвските од проектот.
Предлог-проектот треба да опфати активности за развој на ново, иновативно решение во фази од потврден концепт до решение функционално во реална средина.
Целта на јавниот повик за комерцијализација на иновации е да поттикне зголемување на активности за истражување и развој во приватниот сектор, да се охрабри соработката помеѓу приватниот сектор и високообразовните и научноистражувачките установи, како и останати форми на соработка за комерцијализација на иновации. На овојн повик може да се пријават претпријатијата кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност. Инструментот нуди финансиска поддршка на претпријатија регистрирани во Република Северна Македонија со цел да развијат и имплементираат иновативни решенија, вклучувајќи поддршка за претпријатија со висок потенцијал за раст.
Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) сѐ до прет-комерцијална (прет-пазарна) фаза.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |