UpShift

UPSHIFT – Програма за социјално претприемништво

 УНИЦЕФ и Фонд за иновации и технолошки развој ја пилотирaa оваа програма во Јуни 2018 година, со поддршка од Министерството за образование и наука.

Пакетот интервенции од UPSHIFT содржи: 1) учење преку методологија на дизајн фокусиран на човекот; 2) можности за менторирање со цел развивање идеи до нивниот целосен креативен потенцијал, и 3) почетно финансирање со цел поддршка и ангажирање млади луѓе. Овие интервенции се имплементираат во секој циклус, којшто се состои од:

  • 3 објавени повици по годишен циклус
  • тридневни работилници за развој на идеите по секој од објавените повици
  • Период на менторирање од три месеци и почетно финансирање со грант €2000 за најуспешните
  • Методологијата ги следи најновите истражувања за развојот на мозокот кај адолесцентите. UPSHIFT им дава на младите луѓе смисол за припадност, автономија и способност, и ги мотивира младите луѓе да успеат. 
  • Ги вклучува младите во општествените процеси со тоа што им дава водство во поглед на идентификација на проблемите во нивната заедница, и потоа заедно со заедницата создава решенија, услуги или производи со кои се адресираат тие проблеми. Овој „дизајн фокусиран на корисиникот“ и учење на претприемништво преку услуги им овозможува на младите да го развијат критичкото размислување и да се стекнат со вештини на 21от век, кои можат да се применат во сите области на животот. 
  • Значителен напор е направен во поглед на обезбедување одржливост и опфат на национално ниво на оваа програма преку соработката со Министерство за образование и наука и Биро за развој на образованието.