Национална AI стратегија
Како резултат на глобалните трендови во дигитализацијата, на иницијатива на Фондот за иноваци и технолошки развој, во септември 2021 година, беше формирана работна група чија цел е креирање на првата Национална стратегија за вештачка интелигенција во државата. Во работната група се вклучени домашни експерти но и успешни Македонци кои се глобално признаени професионалци од оваа област и работат во светски познати компании и универзитети. Националната стратегија за вештачка интелигенција, ќе им даде шанса на многу домашни, иновативни стартап компании да ги реализираат своите идеи и проекти, соодветно образование како и пристап до современа опрема.
Работната група е во следниот состав:
- Татјана Митевска, претставник од приватен сектор (Аспиегел СЕ)
- Илија Лалковски, претставник од приватен сектор (Веб Фактори)
- Јасмина Мајстороска, претставник од јавен сектор (Министерство за економија)
- Никица Кусиникова, член и Виктор Мирчевски, заменик член – претставници од невладин сектор (Здружение Конект)
- Ѓoрѓи Маџаров, претставник на ИКТ индустријата (МАСИТ)
- Бардил Јашари, претставник од невладин сектор (Фондација Метаморфозис)
- Ангел Џеков, член и Петар Фидановски, заменик член – претставници од јавен сектор (MИОА)
- Светлана Кордумова, претставник од приватен сектор (Пиксајл)
- Христијан Ѓорески, претставник од академска заедница (ФЕИТ)
- Петре Ламески, претставник од академска заедница (ФИНКИ)
- Андреј Дамески, претставник од приватен сектор
- Филип Петровски, претставник од приватен сектор (Дата мастерс)