Мојата стартап приказна
Дознајте повеќе за стартап приказната на Александар Савевски, основач на „СиМаинд“.
Во рамките на проектот „Мила АИ“, поддржан од #ФИТР преку повикот „Стартапувај 2“ е предвидена надградба на актуелните технологии за вештачка интелигенција, со цел да се овозможи способност за постојано учење, да се „развијат“ емоции и да се зголеми ефикасноста од минимум 70 пати повеќе во однос на методите на машинско учење кои денес се користат. Покрај тоа, проектот ќе овозможи поедноставна имплементација на вештачката интелигенција.
Дознајте повеќе за стартап приказната на Јасна Стоимировска-Величков, основач на Арел Невромаркетинг.
„Арел Невромаркетинг“ е една од 76-те признаени невромаркетинг лаборатории во светот и 4-та во Југоисточна Европа, чија основна дејност е користење на невронауката и специфични технологии како енцефалографијата (ЕЕГ) за регистрирање на електричните импулси на невроните во мозокот. Поддршката од #ФИТР ја добива на повикот „Комерцијализација на иновации“, со проектот „Невромаркетинг лабораторија за истражување, анализи и едукација“, кој ги комбинира техниките на неврологијата и психијатријата за да се разбере однесувањето на потрошувачите.
Продуктот „Солар Дата Колектор“ e склоп од хардверски и софтверски компоненти кој овозможува пресметување на енергијата што може да се произведе од фотоволтаични панели на дадена локација. По реализација на проектот поддржан од #ФИТР преку инструментот ,,Подобрување на иновативноста”, производот ќе биде пласиран во С. Македонија и регионот, а од технички аспект е возможно да се имплементира на која било локација.
Дознајте повеќе за стартап приказната на Марјан Бакревски, основач на „Пивара Бакревски“ – Битола.
„Крафт пивара – Од буре до кригла” е првиот проект на компанијата кој е поддржан од #ФИТР во рамките на повикот „Технолошки развој за забрзан економски раст“. Генералната цел на проектот е остварување на финансиска поддршка за технолошки развој, доопремување, трансформација и дигитализација на работењето на компанијата. Со овој проект се обезбедува воведување на нова амбалажа за чување и транспорт на занаетчиското пиво.
„Безалкохолно крафт пиво“ е вториот проект во рамките на „Стартап Херои“, преку кој се воведува во производство првото македонско безалкохолно крафт пиво, направено од 100% природни состојки. Овој производ за прв пат ќе добие можност да се продава на посебно обележани полици до крајот на годината во маркетите на Тинекс.
ДРОНОПС е стартап компанија којашто се занимава со дигитализација и рационализација на земјоделските операции преку примена на дрон технологија. Со помош на повикот на ФИТР за дигитализација на земјоделието, компанијата развива специфичен дрон за набљудување, мерење и аналитика, направен од висококвалитетни материјали со цел да овозможи непрекинато летање долг период.
Дознајте повеќе за стартап приказната на Давид Павловски, сопственик на КИИМО.
Иновацијата на компанијата се состои во брза достава на пакет со курир, по најприфатлива цена, со користење на најповолни и еколошки правци заедно со осигурување, поддршка на клиенти 24/7, високо ниво на приватност и флексибилни начини за плаќање. Решението е финансирано од страна на #ФИТР, под повикот за „Технолошки развој за забрзан економски раст“. Киимо е првиот македонски стартап што ќе стартува crowdfunding кампања на Funderbeam од Р.С. Македонија!