Врз основа на член 27 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18), а во врска со Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата oд 20.01.2020 година, арх.бр. 01-514/17,Правилата за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 16.03.2020 година,арх.број 01-797/6, и Правилата за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 01.06.2020 година, арх.број 01-1662/5, Управниот одбор на Фонд за иновации и технолошки развој на ден 14.08.2021 година, го донесува текстот на јавниот повик за предизвикот:
Дигитализација на картотеките при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”
Дигитализацијата на архивски материјал е процес кој зема замав со подемот на информациските технологии. Воведувањето на дигитален пристап на документи од историска, лингвистичка и научна важност овозможува побрз и полесен пристап до архивскиот материјал за граѓаните и сите релевантни чинители.
Основната смисла и мисија на проектот е заштита на изворноста на македонскиот јазик и неговата активна промоција во согласност со принципите на дигиталното време за висока достапност и преносливост на содржините и високо ниво на заштита од злоупотреба, оштетување или уништување.
Оттука, проектот има мисија кој се изразува во две димензии. Прво, преку активна постапка за дигитализација на неповторливите оригинални записи да создаде активна заштита преку репликација на изворните аналогни содржини (хартиени записи) во изворна дигитална содржина (дигитални оригинали) и таа содржина да ја направи активно достапна и употреблива во дигиталното време. Втората димензија е пасивна заштита, заштита од сите форми на ризици што можат да го оштетат или уништат културното наследство, преку создавање на оптичка копија од хартиениот запис во форма на микрофилмска слика со трајност од над 500 години.
Целосната заштита на изворите на оригиналноста на македонскиот јазик ќе се постигне со реплицирање на изворноста на сите содржини во три различни форми: хартиена, дигитална и микрофилмска и чување на истите на различни локации со што ќе се постигне највисоко ниво на заштита и ќе се елеминира секаква можност за оштетување и/или уништување на изворите на македонскиот јазик и идентитет, како национално, но и светско културно богатство.
Секој запис од картотеката има статус на архивски материјал и културно наследство од трајна вредност и се наоѓа запишано на стара хартија, во еден и единствен оригинал. Записите се во нестандардни формати приближно со големина Б5. Обработката на записите се извршува во следнава правна рамка:
Со овој повик, Фондот и Министерството за култура на Република Северна Македонија се вклучуваат во напорите за соодветна дигитализација, презервација и архивирање на содржината на картотеките на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”.
Овој предизвик се реализира во партнерство помеѓу Фондот, Министерството за култура и Министерството за образование и наука, а со согласност на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”.
Министерството за култура на Република Северна Македонија учествува во вкупниот буџет на предизвикот со финансиски средства во износ од 5 (пет) милиони денари.
Општата цел на овој предизвик е развивање на иновативни решенија за заштита, валоризација, категоризација и ревалоризација на културно наследство на македонскиот јазик.
Со реализацијата на овој проект треба да се постигнат следниве специфични цели:
1.Заштита, унапредување и промоција на утврденото културно наследство, односно на македонскиот јазик преку создавање на лесно достапен дигитален оригинал од картотеките на Институтот за македонски јазик и култура, што може активно да се употребува од било која дигитална алатка, да се пребарува, прегледува, да се пренесува од еден на друг носач, да се мигрира во нови технологии и активно користи за научно истражувачки цели или цели на потврдување и промоција на македонскиот јазик секаде во светот;
2.Создавање на дигитална форма и копија од оригиналот (микрофилм) на секој запис од картотеките на Институтот за македонски јазик во согласност со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, правилниците и методологијата за конверзија и создавање на дигитални оригинали;
3. Создавање на план за управување со оригиналите според принципите за управување со ризици и катастрофи.
Проектот во обемот опфаќа девет картотеки со вкупен фонд на уникатно изразени, приближно 5 (пет) милиони записи.
Овој проект е наменски проект, со кој се врши заштита и унапредување на национално културно наследство (добро) и сите придобивки од техничко – технолошките промени и унапредувања во формите, достапноста и квалитетот на содржината на картотеките (збирките) што им припаѓаат на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”.
Функционални барања
Проектот треба да има пет поглавја во кои се опишува методологијата на работа, процесите, технологијата и компетенциите кои ќе бидат ставени во функција за да се остварат целите како што се предвидени.
Тие поглавја се:
Подносителот на проектот треба, за секоја наведена опрема, техничко-технолошка платформа, софтвер, или друга форма на способност и сите компетенции што ги наведува да достави докази дека истите ги поседува или владее и има право на нивно неограничено законско искористување во комерцијални цели.
Спроведувањето на проектот може да биде до 12 (дванаесет) месеци.
Фондот врз основа на оправдани околности може да одобри продолжување на спроведувањето на проектот до 6 (шест) месеци.
За финансирање на проекти во рамки на овој повик обезбеден е вкупен буџет во износ од четиринаесет (14) милиони денари.
За победничкиот предлог проект, Фондот обезбедува финансирање од 100% (сто проценти) од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од четиринаесет (14) милиони денари.
Доколку нема доволно квалитетни предлог проекти или не се исполнети условите за финансирање, Фондот го задржува правото да не додели финансиски средства.
Јавниот повик е наменет за претпријатија кои можат да понудат иновативно и/или технолошко напредно решение, сами или во соработка со установа која врши високообразовна односно научно-истражувачка дејност или друго претпријатие.
Натпреварувачот треба да биде правен субјект кој ги исполнува следните услови:
Доколку предлог-проектот вклучува соработка на Натпреварувачот со друго претпријатие, условите за партнерот се исти како и за Водечкиот Натпреварувач.
При аплицирање во партнерство или конзорциум, главен носител на проектот е Водечкиот Натпреварувач.
Активностите предвидени во предлог-проектот треба да соодветствуваат на фазите на истражување и развој, односно на напредување на технологијата до модел што е функционален и применлив и во реалните околности.
Активностите може да вклучуваат :
Горенаведената листа на активности не е ограничувачка.
Трошоците предвидени во буџетот на проектот треба да соодветствуваат на активностите предвидени во проектната апликација.
Трошоци подобни за финансирање:
Само трошоците настанати за време на проектот во согласност со одобрениот Буџет на проектот и реализирани до крајот на проектот се подобни за финансирање.
Трошоци неподобни за финансирање:
Единствено трошоците настанати за активности спроведени за времетраење на проектот, а кои се во согласност со одобрениот Буџет на проектот и Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата ќе се сметаат за подобни трошоци.
Фондот го задржува правото да преговара со победниците по однос на дефинирање на активностите и буџетот на проектот на основа на препораки добиени од Комисијата за оценување и избор (во натамошниот текст: Комисијата), а пред потпишување на Договорот за доделување на награда.
Во случај проектот да се базира на веќе постоечки права на интелектуална сопственост, Натпреварувачот е должен, пред потпишувањето на Договорот за доделување на награда, да достави доказ за право на користење на интелектуалната сопственост во вид на договор за лиценцирање, договори за „in-kind“ придонес или друг вид на договор кој потврдува дека Натпреварувачот има право на користење на интелектуалната сопственост на која се базираат резултатите од проектот.
Фондот не е одговорен за спорови поврзани со правата на интелектуална сопственост помеѓу Корисникот на финансиските средства и трети страни.
Сите права на интелектуална сопственост и „know-how“ кои ќе бидат создадени за време на имплементација на Проектот и/или како резултат на спроведувањето на Проектот му припаѓаат на Корисникот и доколку е применливо, Корисникот треба да ги заштити правата на интелектуална сопственост.
Постапката, од прием на пристигнатите апликации се до селекцијата и донесувањето на конечна одлука за избор и доделување на финансиски средства на корисникот/ците, се состои од неколку чекори:
Секој предлог-проект се оценува од Комисија за оценување и избор која се состои од:
Комисијата работи врз основа на Деловник за работа на Комисија за оценување и избор кој се усвојува на првиот состанок на Комисијата.
НАПОМЕНА: По барање на членовите на Комисијата, Фондот може да ангажира експерти кои ќе дадат стручно мислење за одредени апликации, соодветно на областа на нивната експертиза. Во таков случај, стручното мислење ќе биде земено во предвид од членовите на Комисијата при оценувањето на апликацијата.
Критериуми за оценување
Главните критериуми за оценување на предлог проектите се:
Фондот го задржува правото да преговара со победниците по однос на дефинирање на активностите и буџетот на проектот на основа на препораки добиени од Комисијата за оценување и избор (во натамошниот текст: Комисијата), а пред потпишување на Договорот за доделување на награда.
Фондот го задржува правото да не додели награда доколку нема доволно квалитетни предлог-проекти или не се исполнети условите за доделување на наградата согласно правилата и условите наведени во Јавниот повик.
Главните критериуми и подкритериуми за евалуација на проектите се опишани во образецот на Табелата за оценување.
При аплицирање задолжително треба да се достават следниве документи:
Проектна документација (која треба да е потпишана од овластен претставник на Натпреварувачот и печатирана, а достапна е преку веб-страницата на Фондот):
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик. Проектната документација задолжително се доставува на обрасци изготвени од страна на Фондот.
Проектната документација заедно со кратки биографии да се прикачат на формуларот за аплицирање со клик на копчето „Аплицирај“.
Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 21.10.2021 година, до 14:00 часот.
За финансирање ќе бидат земени предвид само оние предлог проекти кои се доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок.
Правилата и процедурите за спроведување, следење и надзор на проектот се дефинирани во документот Правила за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 20.01.2020 година и Правилата за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 16.03.2020 и 01.06.2020 година.
За сите дополнителни информации можете:
Со цел да Ви помогнеме при подготовка на предлог проектите, за времетраење на повикот Фондот ќе организира инфо-настани; бесплатна техничка помош од експерти и менторски работилници.
Информациите за овие активности ќе бидат навремено објавувани на веб-страницата на Фондот како и на социјалните мрежи (Фејсбук и Инстаграм).
Дали натпреварувачот треба да обезбеди соодветни решенија за чување на содржините и тоа физичко складирање за хартиена форма, дигитално складирање(клауд)за ел.документи и физичко скалдирање на микрофилмови или истите ќе се чуваат од страна на институтот?
Проектот не предвидува чување. Картотеките во изворен формат и сите други формати и бенефити што ќе се создадат во проектот му припаѓаат на Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков“.Секој подносител на проект, во рамките на функционалните барања од проектот треба да предложи план за активна и пасивна заштита на секој од форматите, во секоја фаза од постапката до финално предавање на Институтот.
При постапките за дигитализација и создавање на електронски документи со сите елементи на правна валидност наведено е дека треба да се извршуваат во согласност со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги- Прашањето е: Дали тоа значи дека дигитализираните записи треба да се во форма PDF/A-3 и истите да поседуваат времeнски жиг и ел.потпис?
Фондот бара иновативни решенија, креативност и напредни технологии, не ограничува никого во поглед на формати, функционалности и иновативноста. Единственото барање е тоа да биде во склад со апликативниот закон во Република Северна Македонија. „Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги„.Секој подносител на проект самиот одлучува во рамките на законот, каков формат ќе предложи, во склад со својот иновативен технолошки проект. Фондот ја оценува иновативноста, технолошката напредност и одржливоста на понуденото решение во склад со законите.
Дали дигиталните картотеки треба да бидат обработени со OCR техника (оптичко препознавање на карактери) со оглед дека истите се испишани ракописно што е огромен проблем при OCR обработката?
Фондот бара иновативно решение, со основно барање „достапност“ на изворите на Македонскиот јазик заради негова активна употреба и промоција. Кои и какви техники ќе предложи секој понудувач за да ја постигне таа достапност во склад со неговиот иновациски проект не е ограничено со ништо во овој повик.
Во целите на проектот имате наведено:„Заштита, унапредување и промоција на утврденото културно, односно намакедонскиот јазик преку создавање на лесно достапен дигитален оригинал од картотеките на Институтот за македонски јазик и култура, што може активно да се употребува од било која дигитална алатка, да се пребарува, прегледува, да се пренесува од еден на друг носач, да се мигрира во нови технологии и активно користи за научно истражувачки цели или цели на потврдување и промоција на македонскиот јазик секаде во светот. Каде се бара дигиталната копија да биде достапна од било која дигитална алатка, да се пребарува, прегледува, да се пренесува од еден на друг носач, да се мигрира во нови технологии“ Додеека во Функционалните барања имате наведено: „План и презентација на постапката за создавање на дигитални оригинали. Проектоттреба да ги опише постапките за дигитално форматирање на дигиталните записи и потврда дека нивната оригиналност не може да се спори. Ова е критична точка на проектот бидејќи дигиталните копии лесно се размножуваат и копираат во кој било систем или уред и затоа проектот мора да ги дефинира моделите и методите како ќе се штити дигиталниот оригинал (тој е еден и единствен и како таков е дигитално означен) Каде се бара дигиталните копии да неможе лесно да се размножуваат и копираат во кој било систем или уред.“ Прашањето е: Овие две барање се контрадикторни, ве молиме за дообјаснување на барањата?
Создавањето на дигитална репродукција на оригиналот е основното барање на проектот. Како таа ќе биде заштитена е дел од иновацискиот предизвик содржан во овој повик. Вие понудувате решение со кое е јасно, која од сите можни копии кои може подоцна да се создадат е верна на оригиналниот запис.
Не е наведен начинот на индексирање на картичките, ниту на содржината на метаподатоците а се бара пребарливост. Прашањето е: Ве молиме да неведете со колку индекси ќе треба да се индексира секој електронски документ или со кои мета податоци ќе биде проратен секој електронски документ?
Фондот не ограничува како треба да се направи ниту една постапка. Фондот бара вие да предложите најсоодветно иновативно решение со кое истовремено ќе се постигне заштита на изворноста и достапност заради активно користење. (пребарување, пронаоѓање, користење, како функција на активна промоција).
Доколку треба да се интерпретира дел од податоците од картичките. Прашањето е: Дали Институтот ќе биде активен саоработник во тумачењето и подоцнежен контролот на внесените мета податоци односно индекс?
Институтот е составен дел од проектот, од изборот на предложен проект и имплементација на истиот.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |