За финансирање проекти под овој јавен повик обезбеден е вкупен износ од 300.000 (тристаилјади евра) евра, односно 18.506.910 (осумнаесет милиони петстотини и шест илјади деветстотини и десет) денари. Со инструментот се обезбедува финансирање на најмногу 85% од вкупниот буџет за проектот, со максимален износ од 30.000 (триесет илјади) евра. Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот. За преостанатиот износ, како прифатливи средства нема да се сметаат средствата добиени од Фондот по друг основ или средствата од која било друга државна помош.
Средствата за инструментот ‒ кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ се обезбедени од страна на Буџетот на Република Македонија, од страна на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и од страна на Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации на Министерството за образование и наука на Република Македонија, поддржан од Светската банка.
21.10.2015
Финансирањето од страна на Фондот е врз база на предлог-проекти кои ги поднесуваат заинтересираните претпријатија. Оцената на проектите се состои од неколку фази:
Комитетот за одобрување на инвестиции (КОИ), составен од меѓународни експерти, има одлучувачка улога во процесот, водејќи се според следните основни критериуми за оценување:
Ги повикуваме сите заинтересирани да поднесат уредно пополнети предлог-проекти во пропишаните обрасци кои може да ги најдете во десниот дел на оваа страница (Проектна документација).
За време на аплицирањето треба да биде земено предвид дека еден апликант може да поднесе еден предлог-проект по јавен повик. Апликацискиот пакет се состои од:
1. Проектна документација:
2. Документација поврзана со апликантот:
Проектната апликација, Буџетот на проектот и Финансиската проекција треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик. Кратките биографии на клучните луѓе на проектот треба да бидат на англиски јазик. Документацијата поврзана со апликантите треба да биде на македонски јазик.
Пред пополнување на обрасците, ве молиме внимателно прочитајте го во целосниот текст на повикот кој содржи детално објаснување на условите за аплицирање, сите потребни формулари за аплицирање, како и критериумите за оцена на предлог-проектите.
Уредно пополнетите обрасци заедно со придружните документи се доставуваат по пошта (во печатена верзија со прилог документација зачувана на цеде) или по електронска пошта на следните адреси:
• Електронска адреса: povik@fitr.mk
• Поштенска адреса:
Бул. Гоце Делчев бб
зграда на МРТ, 20-ти кат
1000 Скопје
• Лична достава до 16:00 часот 21.10.2015 година (среда)
За финансирање ќе бидат земени предвид само оние предлог-проекти доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок (датумот на праќање по пошта ќе се смета како датумот на нивно поднесување, што ќе биде докажано со поштенскиот печат или со потврдата за прием од брза пошта).
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |