Кофинансирани грантови за технолошка екстензија

Цели 

Целта на Инструментот е да се подобри усвојувањето и прилагодувањето на иновативни, напредни технологии, know-how и технолошки процеси во малите и средни претпријатија. Целта е да се подобрат технолошките способности на постојните индустрии и бизниси преку премостување на јазот помеѓу постоечките знаења веке достапни глобално и локалните индустрии. Се очекува Инструментот да има секторско влијание и долгорочен позитивен придонес кон зголемување на конкурентноста.

Финансирањето доделено преку овој Инструмент е наменето за поддршка на усвојување и прилагодување на иновативни и напредни технологии и подобрување на деловните процеси во македонските МСП. Технолошката екстензија треба да биде насочена кон група на МСП со цел да се подобри нивната продуктивност и конкурентност и да се постигне секторско влијание.

Поддршката може да биде доделена за две фази од технолошката екстензија: Фаза 1 Дијагностика и План за подобрување; и Фаза 2 – Имплементација на План за подобрување. Во случај веќе да постои Дијагностика и План за подобрување, апликантот може да аплицира само за Фаза 2.

Преку овој Инструмент Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува финансирање до 50% (педесет проценти) од вкупниот буџет на проектот во максимален износ од 500.000,00 евра (петстотини илјади евра) заедно за двете фази.

Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да го обезбеди апликантот. Средствата добиени од Фондот по кој било друг основ или друга форма на државна помош не се прифатливи како кофинансирање од апликантот.

За проекти кои се состојат само од Фаза 2 – Имплементација на Планот за подобрување, горните граници на буџетот и на кофинансирањето утврдени во ставот 1 на овој член Ке се применуваат за целото времетраење на проектот.

За проекти кои се состојат од Фаза 1 – Дијагностика и План за подобрување; и Фаза 2 Имплементација на Планот за подобрување, буџетот за спроведување на Фазата 1 може целосно да биде покриен од страна на Фондот. Финансискиот придонес на Фондот за Фаза 1 не смее да надмине 10% од вкупно дозволеното кофинансирање од страна на Фондот за целиот проект т.е. не смее да надмине максимален износ од 50.000,00 евра (педесет илјади евра). Кои било дополнителни трошоци во рамките на Фазата 1 ќе паднат на товар на корисникот.

За проекти кои се состојат од двете фази, финансирањето на Фаза 2 се условува со претходно одобрување од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции (во натамошниот текст: „КОИ”) на доставената Дијагностика и План за подобрување и Извештајот за имплементација на Фаза 1.

Кофинансирањето од страна на Фондот за вкупниот буџет на проектот (кумулативно за Фаза и Фаза 2) не може да ги надмине границите на кофинансирање утврдени во ставот 1 на овој член.

Кофинансирањето од страна на Фондот наменето за имплементација на Планот за подобрување не смее да надмине 200.000,00 евра (двесте илјади евра) за поединечен краен корисник (МСП).

Критериумите за подобност кои апликантот треба да ги исполнува се:

  • да биде правно лице регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија;
  • да биде правно лице основано во согласност со Законот за здруженија и фондации или основано во согласност со Законот за трговски друштва или основано во согласност со Законот за стопанските комори кое треба да дејствува како кластер, стопанска интересна заедница или деловно здружение;
  • да има најмалку 50, 1 % македонски основачи / сопственици.

Критериумите за подобност кои тимот за имплементирање на апликантот треба да ги исполнува се:

Проект менаџер:

  • Искуство во управувањето со големи проекти со буџет над 200.000,00 евра (двесте илјади евра);
  • Искуство во управувањето со проекти кои го вклучуваат приватниот сектор.

Проектен тим:

За Фаза 1 (ако е применливо):

  • Најмалку еден член на тимот да има искуство во спроведување на минимум З (три) дијагностики за технолошка екстензија (во согласност со одредбите од член З од овој Правилник), од кои најмалку 1 (една) да се однесува на повеКе МСП во специфичната област најрелевантна за предлог проектот. за Фаза П:
  • Најмалку еден член на тимот да има најмалку 5 (пет) години професионално искуство во обезбедување услуги во конкретната област во приватниот сектор;
  • Најмалку еден член на тимот да има профссионално искуство во давање услуги во конкретната област на најмалку 5 (пет) МСП.

Критериуми за подобност на краен корисник (крајни корисници) 

Сите сектори имаат право на финансирање преку овој Инструмент.

Крајните корисници се МСП за кои е наменета технолошката екстензија.

Критериумите за подобност за секој краен корисник се:

  • да е претпријатие основано во согласност со Законот за трговски друштва и е регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија, да биде микро, мало или средно претпријатие (до 250 вработени),  да биде со доминантно македонска сопственичка структура (од 50,1 % или повеКе) ,
  •  да биде во сопственост на физичко(и) лице(а) и/или микро, мало(и) или средно(и) претпријатие(ја) (со македонска сопственичка структура од 50,1 % или повеќе) и/или високообразовна(и), односно научно-истражувачка(и) установа(и) (до 2094 сопственост во крајниот корисник),
  • да нема акумулирано повеќе од 200.000,00 евра (двесте илјади евра) помош од мало значење во последните три фискални години, вклучувајКи го и износот што го бара од Фондот во согласност со Законот за државна помош и Уредбата за условите и постапките за доделување на помош од мало значење (de minimis),
  • да нема акумулирано повеќе од 100.000,00 евра (сто илјади евра) помош од мало значење во период од три години, вклучувајќи го и износот што го бара Фондот, ако претпријатието е активно во секторот за патен транспорт, согласно Законот за државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis),
  • да нема потешкотии во работењето (едно претпријатие е во потешкотии кога не е во можност да ги исполни своите обврски од своите сопствени средства или од средства што може да ги добие од сопственикот / содружниците или доверителите, за да ги покрие загубите што без надворешна интервенција на давателите на помош многу веројатно Ке доведе до краткорочен и долгорочен прекин на работењето на претпријатието), да не се занимава со производство на јаглен.