Кофинансирани грантови за воспоставуање, работење и инвестиции во деловно технолошки акцелератори
Цели
Целта на овој Инструмент е да обезбеди финансиска поддршка за воспоставување, работење и инвестирање на деловно-технолошките акцелератори во согласност со одредбите на Законот за иновациска дејност. Се очекува дека деловно-технолошките акцелератори (во натамошниот текст: „акцелератори”) Ке ја играат клучната улога во националниот систем за иновации преку обезбедување на ресурси кои Ке придонесат за забрзан и одржлив раст и развој на новооснованите старт-ап претпријатија.
Поддршката, преку овој Инструмент, Ке биде доделена за воспоставување (опционално) и работење на акцелератор, имплементацијата на пред-инвестициона програма и инвестиции. Акцелераторите Ке обезбедуваат услуги за новооснованите старт-ап претпријатија, кои вклучуваат: канцелариски простор (опционално) и административна поддршка, обука, советување и/или менторство, пристап до ресурси за поддршка на бизнисот, како и финансиски инвестиции. Новооснованите старт-ап претпријатија кои ги користат услугите на акцелераторот стекнуваат статусот на корисници на деловно-технолошкиот акцелератор (во натамошниот текст: „корисници на акцелераторот”).
Преку овој Инструмент, Фондот за иновации и технолошки развој (во натамошниот текст: „Фондот”) обезбедува финансирање до 75 %(седумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет на проектот, за максимален износ од 500.000,00 (петстотини илјади) евра за оперативни трошоци (повеКето во фаза 1, а дел во фази 2 и З) и инвестиции (во фази 2 и З).Преостанатиот износ на вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од апликантот(ите). Средствата добиени од Фондот по која било друга основа или која било друга форма на државна помош не се прифатливи како кофинансирање на апликантот.
Критериум за подобност
Субјекти кои се подобни за финансирање според овој Инструмент се правни лица кои обезбедуваат услуги за новооснованите старт-ап претпријатија, како што се: канцелариски простор (опционо) и административна поддршка, обука, советување и/или менторство, пристап до ресурси за деловна поддршка, како и финансиски инвестиции (во натамошниот текст: „акцелераторски услуги”).
Таквиот субјект треба да ги исполнува следните критериуми за подобност:
- да биде правно лице регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија, во согласност со Законот за трговски друштва или Законот за здруженија и фондации
- да биде во мнозинска македонска сопственост (50,1% или повеќе) – за трговските друштва, или мнозинството основачи (50,1 % или повеќе) треба да бидат државјани на Република Македонија – за здруженија и фондации.
- да има сопственичка / основачка структура составена од: физичко(и) лице(а); и/или правно(и) лице(а) основано(и) како трговско друштво, здружение или фондација, регистрано(и) во Централниот регистар на Република Македонија, во согласност со Законот за трговски друштва или Законот за здруженија и фондации; и/или единица(и) на локалната самоуправа во Република Македонија (да има(ат) до 30%сопственичко учество во акцелераторот); и/или високообразовна(и) или научна(и) и истражувачка(и) институција(и) (да има(ат) до 30% сопственичко учество во акцелераторот); и/илиРепублика Македонија (да има до 30% сопственичко учество во акцелераторот).
Во случај на јавно-приватно партнерство, се применуваат одредбите од Законот за државна помош и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство.
Договорот за доделување на средства се потпишува помеѓу Фондот, од една страна, и акцелераторот, од друга страна.