Јавен повик за избор на Стручни лица на Фондот за иновации и технолошки развој

Фондот за иновации и технолошки развој објавува јавен повик за запишување на стручни лица во Регистарот на стручни лица, согласно Правилникот за начинот на водење, запишување и бришење од Регистарот на стручни лица.Стручните лица ќе се запишат во Регистарот според основни и потесни области на специјализација. Едно лице може да биде запишано во Регистарот на стручни лица во повеќе области на специјализација за кои има поднесено писмено барање и за кои ги исполнува условите утврдени во Законот за иновациската дејност и применливата регулатива.

Од стручните лица се очекува да евалуираат и да дадат стручно мислење на предлог проекти на микро, мали и средни претпријатија, согласно критериумите за евалуација наведени во правилниците на инструментите за поддршка на Фондот, изготвени во рок од 7 работни дена од добивање на апликациите доставени од страна на Фондот. На стручните лица ќе им биде исплатен соодветен надоместок за нивната работа, согласно Тарифникот за висина на надоместок за направена евалуација и дадено стручно мислење на стручни лица, усвоен од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Фондот има потреба од услугите на стручни лица од следните области:

  1. Автомобилска индустрија;
  2. Биохемија;
  3. Ветерина;
  4. Градежништво;
  5. Дрвна индустрија;
  6. Економија и маркетинг;
  7. Електроника и електротехника;
  8. Енергетика и енергенси;
  9. Здравство (медицински истражување, лекови, медицински помагала и медицински потрошен материјал);
  10. Земјоделство;
  11. Информатичка технологија;
  12. Машинство;
  13. Образование;
  14. Текстилна и кожна индустрија;
  15. Телекомуникации;
  16. Технолошка индустрија;
  17. Транспорт, сообраќај шпедиција и складирање;
  18. Трговија, продажба и дистрибуција;
  19. Туризам;
  20. Угостителство;
  21. Креативни индустрии; и
  22. Финансиска ревизија.
  23. Интелектуална сопственост и други.

Услови за аплицирање

Запишување во Регистарот на стручни лица се врши врз основа на поднесено писмено барање до Фондот кон кое се приложуваат и докази за исполнување на следните услови:

– да има најмалку високо образование од соодветната област,
– да има познавање на англискиот јазик,
– да има најмалку седум години работно искуство во соодветната област за која е поднесено барањето,

– потврда дека со правосилна пресуда не е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење професија, дејност или должност.

Меѓународното искуство во областа на специјализација и искуство во спроведување на длабинска анализа ќе се смета за предност при запишувањето во Регистарот на стручни лица.
Исполнетоста на условите за запишување се утврдува од страна на Комисија за избор на стручни лица, формирана од директорот на Фондот, кој ја донесува одлуката за избор и запишување на стручните лица во Регистарот.

Начин на аплицирање

За да аплицираат кандидатите треба да го пополнат прашалникот на следниов линк: АПЛИЦИРАЈ  и да ja прикачат докуметација во соодветните полиња.

Рок за аплицирање

Аплицирањето на јавниот повик трае заклучно со 20.11.2023 година, до 23:59.

 

Напомена

Овој јавен повик е наменет за нови лица што аплицираат за прв пат. Досегашните стручни лица остануваат запишани во Регистарот за стручни лица.