СОРАБОТКА

Фондот за иновации и технолошки развој, во соработка со Министерството за образование и наука, го спроведува Проектот за развој на вештини и иновации. Целта на проектот е да се подобри транспарентноста на распределувањето на ресурсите и да се унапреди отчетноста во високото образование, да се подобри релевантноста на средното техничко стручно образование и да се поддржи капацитетот за иновации во Република Северна Македонија.

Проект за развој на вештини и иновации

Целта на Проектот за развој на вештини и иновации е да се подобри транспарентноста на распределувањето на ресурсите и да се унапреди отчетноста во високото образование, да се подобри релевантноста на средното техничко стручно образование и да се поддржи капацитетот за иновации во Република Северна Македонија. Реализацијата на Проектот во износ од 17,7 милиони евра ja сочинуваат следните делови:

Дел 1: Подобрување на транспарентноста на високото образование
  1. Осигурување на квалитетот во високото образование;
  2. Реформи на финансирањето на високото образование;
  3. Развој на национална канцеларија за пренесување на технологии.

Одговорна институција: Министерство за образование и наука на Р. Северна Македонија.

Дел 2: Модернизација на средното техничко стручно образование и обука
  1. Квалитет и релевантност на техничкото стручно образование за пазарот на трудот и обезбедување обука;
  2. Грантови за соработка меѓу училиштата и индустријата.

Одговорна институција: Министерство за образование и наука на Р. Северна Македонија.

Дел 3: Подобрување на капацитетот на иновации на претпријатијата и соработка со истражувачките организации

1. Градење капацитет за Фондот за иновации и технолошки развој

Подобрување на институционалната компетенција на Фондот преку: (а) планирање и осмислување на програмите, стратегиите, операциите и на постапките на Фондот; (б) обезбедување обука за персоналот на Фондот; (в) избор на комисија за инвестирање и рецензенти на Фондот; (г) обезбедување обука за претпријатијата-корисници на Фондот и (д) спроведување стратегија за маркетинг и за комуникации.

2. Пилот на финансиските инвестиции што треба да ги испорача Фондот

Обезбедување на финансирањето за поттикнување на иновациите преку: (а) обезбедување на грантови за иновации за финансирање на акцелератор; (б) обезбедување грантови за иновации за финансирање на докажување на концептот на иновациите; (в) обезбедување грантови за иновации или подзаеми за иновации за финансирање на комерцијализација на истражувањето и на развојот; и (г) обезбедување грантови за иновации за финансирање активности за развој на технологии и за апсорпција на технологии за нови, односно подобрени технологии, производи и процеси.

Иновациските потпроекти ќе се избираат, проценуваат, спроведуваат и ќе се оценуваат во согласност со принципите, со постапките и со условите наведени во Оперативниот прирачник за проектот, Оперативниот правилник за работа на Фондот, Насоките за набавки и консултанти, Насоките за спречување на корупција, Правилникот за управување со животна средина и во сите важечки планови за управување со животната средина.

Иновациските грантови ќе бидат деноминирани во македонски денари.

Фондот нема да може да врши повлекување на средства за инструментите пред Светска банка да даде позитивна оцена за структурата, персоналот, работните задачи и за капацитетот за финансиско управување на Фондот, како и пред да биде усвоен Оперативниот прирачник за работата на Фондот.

При оцената на предло- проектите ќе бидат ангажирани и надворешни експерти.

Одговорна институција: Фонд за иновации и технолошки развој.

Дел 4: Управување, следење и оценување на проектот

Овој дел е наменет за функционирањето на Единицата за имплементација на проектот која ќе биде формирана во Министерството за образование и наука.

Одговорна институција: Министерство за образование и наука на Р. Северна Македонија.

Корисници на средствата од заемот се: Министерството за образование и наука (8.496.000 евра)  и Фондот за иновации и технолошки развој (9.159.750 евра).

Преговорите со претставниците на Меѓународната банка за обнова и развој – Светската банка за склучување на Договор за заем за Проектот за развој на вештини и иновации успешно завршија на 02.12.2013 година и проектот е одобрен од Светска банка.