Јавен Оглас за ангажирање на лице

 

Работна Позиција

Ангажирано лице

Ангажман

Договор за дело за вршење на привремени работи за потребите на Фондот

Краен рок за доставувањее пријави

 31.12.2024 – 12:00 часот

Очекуван рок за почеток на ангажманот

Јануари 2025

Проект

,,Одговори за јавните политики – креирање, спроведување и поддршка на политиките за истражување и иновации на Западен Балкан”-(POLICY ANSWERS)

Контакт лице

Пријавите со целокупната пропратна доументација да се достават на следнава емаил адреса: marija.jovcevska@fitr.mk

1        Краток опис на проектот

Проектот ,,Одговори за јавните политики – креирање, спроведување и поддршка на политиките за истражување и иновации на Западен Балкан”- (POLICY ANSWERS) е финансиран од програмата за истражување и иновации на Европската унија Хоризонт Европа согласно договорот за грант бр. 101058873.

Со овој проект се поддржува координација на политиките на земјите од Западен Балкан со политиките на Европската Комисија и Европската Унија. Проектот е имплементиран од страна на 14 врмежени партнерски организации од регионот и експертските организации на Европската Унија. Сите организации заеднички го поддржуваат политичкиот дијалог преку формални политички состаноци и ад-хок политички состаноци, вршење мониторинг и градење капацитети за имплементација на агендата на Евроспката Унија за Западен Балкан. Целта на проектот е да партнерските организации обезбедат аналитички докази и стратешко планирање за да може земјите од Западен Балкан да ја спроведат агендата и да се интегрираат во Европската истражувачка област.

Исто така, со овој проект е предвидено да се изградат капацитети на земјите од Западен Балкан, како и регионално усогласување на приоритетите во однос на дигиталната трансформација, зелената агенда и стремежите за создавање и одржување на здрави општества. Пилот активностите даваат можности за создавање на политики и програми кои ќе допрат до крајните корисници и на тој начин ќе допринесат за  подобрување на соработката меѓу академските (научни) институции и бизнис секторот, мобилизација на истражувачи, вклучувајќи ги и младите во политичките процеси, промоција на истражувачката инфраструктура и зголемени иновативни вештини во сите области.

 

Оваа активност има за цел да обезбеди сеопфатни профили на економиите на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) укажувајќи на тековната ситуација и препораки за политиките за носителите на одлуки во регионот, Овој проект и неговата имплементација е координирана од страна на ZSI – Zentrum fur Sociale Innovation Austria во соработка со сите партнери-учеснички.

2        Опис и попис на работи и работни задачи

Ангажираното лице ќе има обврска да ги извршува следните работи и работни задачи:

– Управување со работата на раководителите на пилот шеми во регионот на Западен Балкан за унапрдување на иновациите, истражувачката дејност и младинска вклученост;

– Организација и управување со активности за јакнење на капацитетите на чинителите во иновацискиот екосистем;

– Развој и спроведување на пилот повик за доделување награди за младински иницијативи во областа на иновациите, истражувањето и образованието;

– Други активности кои би можеле да произлезат од спроведувањето на Договорот за грант, а по насока или на барање на Нарачателот на услугите.

Времетраење на ангажманот

Работите и работните задачи ангажираното лице ќе ги извршува согласно времетраењето на проектот, за период од склучување на  Договор за дело за вршење на привремени работи за потребите на Фондот до датата на завршување на проектотутврдено во склучениот Договор за грант бр. 101058873, т.е. 28.02.2026. Договорот за ангажман може да биде продолжен во случај на продолжување на времетраењето на проектот.  

 

Јазик

Работите и работните задачи ќе се извршуваат на македонски и на англиски јазик.

 Логистички информации поврзани со работниот ангажман

Ангажманот се склучува преку Договор за дело за вршење на привремени работи за потребите на Фондот. Ангажманот се базира на испорачани активности согласно договор со  ФИТР како Нарачател на услугите. Работното време се организира според планот за спроведување на актвностите согласно обврските превземени од странана ФИТР со Договор за грант бр. 101058873 . По завршување на тековниот месец ангажираното лице поднесува извештај за извршените работи со работни листи, согласно договорот за дело за вршење на привремени работи за потребите на Фондот, во рок од 5 (пет) работни дена.

За извршените работни задачи, на ангажираното лице му следи нето износ на надоместокот по работен ден до 3.000,00 денари, а најмногу до 60.000,00 денари за еден месец во зависност од годините на искуство на работа на меѓународни проекти.

3        Квалификации и искуство  

Ангажираното лице потребно е да ги поседува следните квалификации и искуство:

        Образование: Завршено високо образование, најмалку на ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен во областа на економски науки. Завршени магистерски студии во област сродна на делокругот на работните задачи ќе се смета како предност.

·        Искуство: Најмалку 3, а пожелно 9 години работно искуство во спроведување на проекти и/или проектни задачи финансирани од донатори. Икуство во спроведување на проекти и/или проектни задачи финансирани од Европската Унија ќе се смета како предност. Искуство во секторот иновации, истражување и образование ќе се смета за предност.

·        Вештини: Докажано познавање на регионот. Докажани аналитички вештини. Докажано искуство во пишување извештаи. Докажани комуникациски вештини за работа со различни засегнати страни.

·        Познавање на јазици: Одлично познавање на македонски и англиски јазик, особено во пишување добро структурирани и аналитички документи.

·        Компјутерски вештини: Одлично познавање и користење на MS Word, MS Excel и MS PowerPoint

 

4. Потребна документација

Заинтересираните кандидати треба да достават:

      CV – кратка биографија

      Најмалку 3 (три) препораки за претходно работно искуство на проекти во последните 6 (шест) години

За апликација испратете ги горенаведените документи на следната емаил адреса: marija.jovcevska@fitr.mk  со наслов Апликација за ангажирано лице. Ќе бидат исконтактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг за селекција. Краен рок за аплицирање е 31.12.2024 година – 12:00 часот.