Затворен прв повик за ко-финансирани грантови за „старт-ап“ и за „спин-оф“ трговски друштва и иновации

За финансирање проекти под овој јавен повик обезбеден е вкупен износ  од 600 000,00 евра, односно 36 900 000,00 денари.

Со инструментот се обезбедува финансирање на најмногу 85% од вкупниот буџет за проектот,  со максимален износ  од 30 000,00 евра. Другите 15%  од вкупниот буџет за проектот треба да бидат обезбедени од апликантот.

За другите 15% за финансирање обезбедени од апликантот како прифатливи средства нема да се сметаат средствата добиени од Фондот врз друга основа или средствата од која било државна помош.

Средствата за инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за „старт-ап“ и за „спин-оф“ трговски друштва и иновации се обезбедени од Буџетот на Република Македонија, од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и од Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации на Министерството за образование и наука на Република Македонија, поддржан од Светската банка.

Подобност

Повикот е отворен за микро, мали и средни претпријатија (што не се постари од 6 години) – „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија, во доминантна сопственост на македонски државјани, кои имаат иновативна идеја со солидно очекување за комерцијализација.

Постапка при оценување и селекција

Финансирањето од страна на Фондот е врз база на предлог-проекти кои ги поднесуваат заинтересираните претпријатија. Оцената на проектите се состои од неколку фази:

Комитетот за одобрување инвестиции (КОИ), составен од пет меѓународни експерти, има одлучувачка улога во процесот, водејќи се според следните основни критериуми за оценување:

  • иновативност;
  • потенцијал на пазарот;
  • капацитет на
  • менаџерскиот тим;
  • квалитет на проектот;
  • соодветност на предвидените трошоци.

ул. ГТЦ, локал 6, Д.Е. 220
1000 Скопје, Р. Северна Македонија
+ 389 (0) 2 314 5258
info@fitr.mk
Работно време: понеделник – петок
08:30 – 16:30 часот

Наша локација

Контактирајте не

[contact-form-7 id=”126″ title=”Contact form 1″]

Copyright 2019, All Right Reserved