Menu
За финансирање проекти под овој јавен повик обезбеден е вкупен износ од 600.000 (шестотини илјади) евра, односно 37.013.820 (триесет и седум милиони тринаесет илјади осумстотини и дваесет) денари. Со инструментот се обезбедува финансирање на најмногу 70% од вкупниот буџет за проектот, со максимален износ од 100.000 (сто илјади) евра. Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот. За преостанатиот износ, како прифатливи средства нема да се сметаат средствата добиени од Фондот по друг основ или средствата од која било друга државна помош.
Средствата за инструментот ‒ кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации се обезбедени од страна на Буџетот на Република Македонија, од страна на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и од страна на Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации на Министерството за образование и наука на Република Македонија, поддржан од Светската банка.
21.10.2015
Предлог-проекти од поединечни апликанти (микро, мали и средни претпријатија) и конзорциуми водени од микро, мали и средни претпријатија се подобни за финансирање преку овој Инструмент. Повеќе…
Финансирањето од страна на Фондот е врз база на предлог-проекти кои ги поднесуваат заинтересираните претпријатија. Оцената на проектите се состои од неколку фази:
Комитетот за одобрување на инвестиции (КОИ), составен од меѓународни експерти, има одлучувачка улога во процесот, водејќи се според следните основни критериуми за оценување:
Ги повикуваме сите заинтересирани да поднесат уредно пополнети предлог-проекти во пропишаните обрасци кои може да ги најдете во десниот дел на оваа страница (Проектна документација).
За време на аплицирањето треба да биде земено предвид дека еден апликант може да поднесе еден предлог-проект по јавен повик. Апликацискиот пакет се состои од:
1. Проектна документација:
2. Документација поврзана со апликантот:
Проектната апликација, Буџетот на проектот и Финансиската проекција треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик. Кратките биографии на клучните луѓе на проектот треба да бидат на англиски јазик. Документацијата поврзана со апликантите треба да биде на македонски јазик.
Пред пополнување на обрасците, ве молиме внимателно прочитајте го во целосниот текст на повикот кој содржи детално објаснување на условите за аплицирање, сите потребни формулари за аплицирање, како и критериумите за оцена на предлог-проектите.
Уредно пополнетите обрасци заедно со придружните документи се доставуваат по пошта (во печатена верзија со прилог документација зачувана на цеде) или по електронска пошта на следните адреси:
• Електронска адреса: povik@fitr.mk
• Поштенска адреса:
Бул. Гоце Делчев бб
зграда на МРТ, 20-ти кат
1000 Скопје
• Лична достава до 16:00 часот 21.10.2015 година (среда)
За финансирање ќе бидат земени предвид само оние предлог-проекти доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок (датумот на праќање по пошта ќе се смета како датумот на нивно поднесување, што ќе биде докажано со поштенскиот печат или со потврдата за прием од брза пошта).
Necessary cookies are absolutely essential for the website to function properly. This category only includes cookies that ensures basic functionalities and security features of the website. These cookies do not store any personal information.
Any cookies that may not be particularly necessary for the website to function and is used specifically to collect user personal data via analytics, ads, other embedded contents are termed as non-necessary cookies. It is mandatory to procure user consent prior to running these cookies on your website.