Вицепремиерот Битиќи и ДФИТР Петров на средба со израелскиот министер за земјоделство и рурален развој Форер – Примената на модерни технологии и дигитални алатки носи поголема продуктивност и конкурентност

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров, во рамките на работната посета на Израел, остварија средба со министерот за земјоделство и рурален развој, Одед Форер, со кого разговараа за продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји.

Вицепремиерот Битиќи го честиташе формирањето на новата Влада на Израел и му посака многу успех на министерот Форер на новата позиција, пришто нагласи дека се надева дека ќе се продлабочува економската соработка помеѓу двете земји.

Тој истакна дека постои голем потенцијал за зголемување на меѓусебната трговска размена во повеќе сектори и притоа изрази очекување за помош од Израел во пренесување на искутва и знаења за примена на современи и модерни технологии за развој на земјоделството, кое беше истакнато како еден од секторите во кои може да се интензивира соработката.

Вицепремиерот Битиќи, министерот Форер и директорот Петров, на состанокот се согласија дека примената на новите технологии и дигитални алатки, во земјоделството, но и во останатите сектори, може да донесат повисока продуктивност, конкурентност и создавање на додадена вредност, што би можело да биде импулс за зголемување на меѓусебната размена.

Вицепремиерот Битиќи и директорот Петров, за време на првиот ден од работната посета на Израел, остварија средба и со претставници на Атобе Акцелераторот (AtoBe Accelerator) – кој е дел од Азриели инжинерскиот колеџ (Azrieli College of Engineering) во Ерусалим и важи за еден од најдобрите центри за истражување и развој, кадешто разменија искуства за воспоставување на ист ваков центар и во Република Северна Македонија, кој би претставувал дополнителна поддршка за иновативните старт-ап компании.

Последни објави