Тим

Коста Петров
В.Д. Директор

e-mail: kosta.petrov@fitr.mk

 

Никола Клопчевски
Сектор за мониторинг на корисници и спроведување на програмите за поддршка на приватниот сектор

e-mail: nikola.klopcevski@fitr.mk

 

Kатарина Кречева
Сектор за програми во областа на образование, истражување, развој и иновации

e-mail:katarina.kreceva@fitr.mk

 

 

 

Tања Илијевска

Сектор за стратешко планирање, анализа и програми за поддршка на приватен сектор

e-mail:tanja.ilijevska@fitr.mk

 

Катерина Бранова
Сектор за општи работи, правни работи, јавни набавки и координација

e-mail:katerina.branova@fitr.mk

 

Илинка Делева
Сектор за финансии

e-mail:ilinka.deleva@fitr.mk

Коста Петров е меѓународно докажан претприемач, експерт за односи со јавност, говорник и бизнис-автор.

Тој е основач на P World, светската, водечка агенција за настани, која работи во 40 земји низ светот, вклучувајќи ги САД, Канада, Малта, Норвешка, Турција, Иран, Египет, Катар, Азербејџан и Јужна Кореја.

Две години по ред, Коста беше дел од листата на највлијателни професионалци за настани во Југоисточна Европа на „Конгрес магазин“.

Со над 40.000 продадени примероци, Коста е и еден од најпродаваните бизнис-автори во Македонија.

Тој е поранешен директор за развој во IABC EMEA, редовен дописник за американското издание на „Хафингтон пост“ и редовен говорник за односи со јавност, лидерство и претприемачи на различни настани во светот.

 

 

 

Никола Клопчевски има над десетгодишно работно искуство во финансискиот и банкарскиот сектор и седум години е дел од тимот на Фондот за иновации и технолошки развој. Клопчевски е раководител на сектор за мониторинг на корисници и е дел од Фондот од неговото основање.

Својата кариера и знаење ги унапредува на меѓународен план со учество на повеќе семинари и обуки меѓу кои „Seminar on Innovation and Development of Small and Medium-Sized Enterprises” оддржан во НР Кина, „Technopreneurship: Enabling innovation and start up ecosystem” оддржан во Сингапур  како и  Fintech workshop организирана од НБРМ и ЕФСЕ.

Клопчевски е дипломиран економист по економски науки од областа на надворешната трговија при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје.  Во моментов е на магистерски студии по монетарна економија, финансии и банкарство на Економскиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј – Скопје.

 

 

Катарина Кречева е Магистер по развојни и образовни политики на Универзитетот на Кембриџ и Магистер по источно-европски студии на Универзитетот на Болоња. Има поминато повеќе обуки од областа на креирање на јавни политики, усогласување со правото на Европската Унија и управување со фондовите на Европската Унија.

Нејзиното претходно работно искуство вклучува ангажмани во граѓанскиот сектор, меѓународни развојни агенции и јавна администрација (НВОа, УНДП, Министерство за образование и наука).

Автор е на повеќе меѓународни и домашни публикации од областа на анализа и креирање јавни политики. Има учествувано во евалуациски комисии за оценување и избор на проекти од областа на образованието и иновациите (О2 Прдизвик, Junior Achievement, Предизвик за млади истражувачи, Social Impact Award, FinHackaton, Balkan Technology Match, Western Balkans Digital Summit, Start-up Camp Pitching Competition и други). Како обучувач има одржано повеќе обуки на теми поврзани со креирање на јавни политики, подготовка на предлог проекти, евалуација на предлог проекти, женско претприемништво и други. Како модератор и/или говорник има земено учество на повеќе национални и меѓународни настани (European Innovation Council Roadshow  – EC – Скопје; 3rd Forum on Innovation Reshaping Monte Negro: Youth, Innovation, Sustainable Future; The Innovation Community Panel – Digitalks Kosovo; Balkan Technology Мatch – Скопје; Proof of Concept in South Eastern Europe – JRC – Trieste; Претприемничко образование во Република Македонија: проблеми и предизвици – МАНУ; Workshop on How to successfully facilitate technology transfer and commercialize research results in the Western Balkans” – Regional Cooperation Council – Сплит, и други).

Тања Илијевска поседува работно искуство во финансиски сектор од 18 години од кои 4,5 години е дел од тимот на Фондот за иновации и технолошки развој.

Пред да се приклучи на тимот на Фондот за иновации и технолошки развој, Тања Илијевска успешно ја градеше својата кариера во банкарскиот сектор на значајни позиции како што се извршен директор на филијала, заменик регионален директор на регион, одговорна за стратешки клиенти во сектор за корпоративно банкарство како и советник за меѓународни клиенти и амбасади.

Во текот на банкарската кариера, Тања Илијевска има стекнато и меѓународно искуство преку ангажмани и обуки во банките од регионот на Западен Бакан и земјите членки на Европската Унија. Поседува над 10 години менаџерско искуство во банкарскиот сектор и тесна специјализација во кредитирање на приватен сектор и продажба на банкарски услуги.

Тања Илијевска е дипломиран економист по економски науки во областа на меѓународни економски односи при Универзитет Св.Кирил и Методија – Скопје.

Катерина Бранова е дипломиран машински инженер, кој својата кариера започнува да ја гради во банкарскиот сектор, и цели 15 години се стекнува со импозантно искуство во повеќе сегменти од банкарското работење.

Како резултат на сопствената амбиција за лично професионално усовршување во 2015 година, се преквалификува во дипломиран економист преку формално образование.  Препознавајќи ја нејзината амбиција, а воедно и водени од политиката на банкарската куќа, нејзиното портфолио се надополнува со позицијата Координатор на кредитирање за физичките лица. Долгогодишното искуство, чувството за преференциите на постоечките и потенцијалните кредитобаратели, и помогнаа да ја унапреди продажбата преку пласирање на постоечките кредитни продукти, како и самоиницијативно  креирање нови продукти како и пронаоѓање на нови таргет групи.

Во 2018 година е назначена за активен член на оперативниот Кредитен Одбор.

Истата година, од страна на  Македонска Банкарска Асоцијација и беше доделено признание за најдобар банкарски службеник како претставник на Капитал Банка.

Со желба за надградба, како и пренесување на нејзините знаења, чувството за пазарните можности и бизнисот, во 2019 година се приклучува на тимот на ФИТР. 

Илинка Делева по професија е дипломиран професор по математика при Универзитетот Св.Кирил и Методиј – Природно-математички факултет, отсек наставна математика .

Поседува работно искуство во областа на буџетското работење и финансискиот сектор 20 години од кои 2,5 години е дел од тимот на Фондот за иновации и технолошки развој.

Својата кариера ја започнува во Секретаријатот за европски прашања, каде успешно го изучува буџетското работење. Во оваа институција се стекнува со огромно работно искуство, наидува на многу предизвици како и надминување на многу проблеми што ги носи работата.

Во текот на работењето во СЕП, Илинка Делева има стекнато многу сертификати и дипломи, посета на обуки и студиски патувања меѓу кои: ЕУ и функционирањето на институциите на ЕУ, Временска рамка за подготовка на националната програма за усвојување на правото на ЕУ, Деловно работење и комуницирање, етика, основи на административното, правното и финансиското работење, писмена комуникација и култура на говор, ИПА Фондови, Индустриски развој на НР Кина, како и обуки поврзани со финансиски извештаи, трезорско работење и сл.

73415922_10156246543677041_1928456834348220416_o

Коста Петров
В.Д. Директор

e-mail: kosta.petrov@fitr.mk

Коста Петров е меѓународно докажан претприемач, експерт за односи со јавност, говорник и бизнис-автор.

Тој е основач на P World, светската, водечка агенција за настани, која работи во 40 земји низ светот, вклучувајќи ги САД, Канада, Малта, Норвешка, Турција, Иран, Египет, Катар, Азербејџан и Јужна Кореја.

Две години по ред, Коста беше дел од листата на највлијателни професионалци за настани во Југоисточна Европа на „Конгрес магазин“.

Со над 40.000 продадени примероци, Коста е и еден од најпродаваните бизнис-автори во Македонија.

Тој е поранешен директор за развој во IABC EMEA, редовен дописник за американското издание на „Хафингтон пост“ и редовен говорник за односи со јавност, лидерство и претприемачи на различни настани во светот.

_DSF2696 12-01-21 12-01-21 12-01-21

Никола Клопчевски
Сектор за мониторинг на корисници и спроведување на програмите за поддршка на приватниот сектор

e-mail: nikola.klopcevski@fitr.mk

Контакт: 072314648

Никола Клопчевски има над десетгодишно работно искуство во финансискиот и банкарскиот сектор и седум години е дел од тимот на Фондот за иновации и технолошки развој. Клопчевски е раководител на сектор за мониторинг на корисници и е дел од Фондот од неговото основање.

Својата кариера и знаење ги унапредува на меѓународен план со учество на повеќе семинари и обуки меѓу кои „Seminar on Innovation and Development of Small and Medium-Sized Enterprises” оддржан во НР Кина, „Technopreneurship: Enabling innovation and start up ecosystem” оддржан во Сингапур  како и  Fintech workshop организирана од НБРМ и ЕФСЕ.

Клопчевски е дипломиран економист по економски науки од областа на надворешната трговија при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје.  Во моментов е на магистерски студии по монетарна економија, финансии и банкарство на Економскиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј – Скопје.

_DSF2728 12-01-21 12-01-21 12-01-21

Kатарина Кречева
Сектор за програми во областа на образование, истражување, развој и иновации

e-mail:katarina.kreceva@fitr.mk

Контакт: 072314636

Катарина Кречева е Магистер по развојни и образовни политики на Универзитетот на Кембриџ и Магистер по источно-европски студии на Универзитетот на Болоња. Има поминато повеќе обуки од областа на креирање на јавни политики, усогласување со правото на Европската Унија и управување со фондовите на Европската Унија.

Нејзиното претходно работно искуство вклучува ангажмани во граѓанскиот сектор, меѓународни развојни агенции и јавна администрација (НВОа, УНДП, Министерство за образование и наука).

Автор е на повеќе меѓународни и домашни публикации од областа на анализа и креирање јавни политики. Има учествувано во евалуациски комисии за оценување и избор на проекти од областа на образованието и иновациите (О2 Прдизвик, Junior Achievement, Предизвик за млади истражувачи, Social Impact Award, FinHackaton, Balkan Technology Match, Western Balkans Digital Summit, Start-up Camp Pitching Competition и други). Како обучувач има одржано повеќе обуки на теми поврзани со креирање на јавни политики, подготовка на предлог проекти, евалуација на предлог проекти, женско претприемништво и други. Како модератор и/или говорник има земено учество на повеќе национални и меѓународни настани (European Innovation Council Roadshow  – EC – Скопје; 3rd Forum on Innovation Reshaping Monte Negro: Youth, Innovation, Sustainable Future; The Innovation Community Panel – Digitalks Kosovo; Balkan Technology Мatch – Скопје; Proof of Concept in South Eastern Europe – JRC – Trieste; Претприемничко образование во Република Македонија: проблеми и предизвици – МАНУ; Workshop on How to successfully facilitate technology transfer and commercialize research results in the Western Balkans” – Regional Cooperation Council – Сплит, и други).

_DSF2747 12-01-21 12-01-21 12-01-21

Tања Илијевска

Сектор за стратешко планирање, анализа и програми за поддршка на приватен сектор

e-mail:tanja.ilijevska@fitr.mk

Контакт: 071372842

Тања Илијевска поседува работно искуство во финансиски сектор од 18 години од кои 4,5 години е дел од тимот на Фондот за иновации и технолошки развој.

Пред да се приклучи на тимот на Фондот за иновации и технолошки развој, Тања Илијевска успешно ја градеше својата кариера во банкарскиот сектор на значајни позиции како што се извршен директор на филијала, заменик регионален директор на регион, одговорна за стратешки клиенти во сектор за корпоративно банкарство како и советник за меѓународни клиенти и амбасади.

Во текот на банкарската кариера, Тања Илијевска има стекнато и меѓународно искуство преку ангажмани и обуки во банките од регионот на Западен Бакан и земјите членки на Европската Унија. Поседува над 10 години менаџерско искуство во банкарскиот сектор и тесна специјализација во кредитирање на приватен сектор и продажба на банкарски услуги.

Тања Илијевска е дипломиран економист по економски науки во областа на меѓународни економски односи при Универзитет Св.Кирил и Методија – Скопје.

ilinka

Илинка Делева
Сектор за финансии

e-mail:ilinka.deleva@fitr.mk

Контакт: 070409579

Илинка Делева по професија е дипломиран професор по математика при Универзитетот Св.Кирил и Методиј – Природно-математички факултет, отсек наставна математика .

Поседува работно искуство во областа на буџетското работење и финансискиот сектор 20 години од кои 2,5 години е дел од тимот на Фондот за иновации и технолошки развој.

Својата кариера ја започнува во Секретаријатот за европски прашања, каде успешно го изучува буџетското работење. Во оваа институција се стекнува со огромно работно искуство, наидува на многу предизвици како и надминување на многу проблеми што ги носи работата.

Во текот на работењето во СЕП, Илинка Делева има стекнато многу сертификати и дипломи, посета на обуки и студиски патувања меѓу кои: ЕУ и функционирањето на институциите на ЕУ, Временска рамка за подготовка на националната програма за усвојување на правото на ЕУ, Деловно работење и комуницирање, етика, основи на административното, правното и финансиското работење, писмена комуникација и култура на говор, ИПА Фондови, Индустриски развој на НР Кина, како и обуки поврзани со финансиски извештаи, трезорско работење и сл.

thumbnail

Ирена Ѓоргиевска
Сектор за спроведување
на програми

e-mail:irena.gjorgievska@fitr.mk

Kонтакт: 072314637

Ирена Ѓоргиевска e дипломиран правник и магистер по деловно право на Правниот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

Таа има повеќе од десет години искуство како Проектен менаџер и Координатор за спроведување на проекти финансирани од меѓународни развојни организации (УСАИД, ЕУ-ИПА Прекугранична соработка, ГТЗ). Во рамките на проектот „Македонски деловен центар“ на УСАИД таа координираше бројни клиенти од областа на МСП со работни задачи кои вклучуваа: идентификација на претпријатија кои имаат потреба од техничка помош; дијагноза и анализа на проблемите на домашните компании; координација на специјализирани тимови од областа на маркетингот, финансиите и производството како и обезбедување на техничка помош од странски консултанти и експерти.

Нејзиното искуство вклучува и работа како раководител во приватниот сектор, во претпријатие од областа на машинската индустрија.

Во својата кариера Ирена има работено на подготовка и спроведување на обуки од областа на управување со трговските друштва; развој и имплементација на програми и подготовка на правни анализи за потребите на невладиниот сектор од областа на социјалното претприемништво и локалниот развој, како и подготовка и спроведување на натпревари и предизвици.