Стратегија на “real time marketing” за успех на вашиот бренд

Успешно се одржа уште еден #FITRClassroom со Бјорн Тровери, еден од главните
луѓе кој ги води комуникациите на Фејсбук, кој ни сподели одлични поенти и
стратегии како да одредите дали вашата можност за “real time marketing” вреди
да се спроведе и како да остварите успех со вашиот бренд.

Колку е важно да остварите стратегија на “real time marketing” за вашиот
бренд да успее во одредена индустрија, Бјорн ни претстави преку практичен
пример и реално искуство на брендот RedStripes од Јамајка, кој искористил
реална ситуација за да се поврзи со одреден настан и благодарение на брзата
реакција на маркетинг тимот оствариле огромен успех и поголема препознатливост
на брендот. “Нетрадиционалниот
маркетинг подразбира и нетрадиционални ПР тактики
” потенцирше
Бјорн. Тој сподели неколку важни поенти во креирање на стратегија на “real time
marketing”:

  • Брзина, особено е важно да
    бидете брзи и први во остварување на целта, односно “Ако не ние, тогаш
    некој друг ќе го реализира” Puma;
  • Започнете со мал чекор, но
    подоцна вклучете го и целиот сектор, сите потребни луѓе за да се оствари
    целта (маркетинг тимот, HR тимот, правниот сектор итн.)
  • Бидете во тек со сите
    големи и важни моменти и настани кои се случуваат, зашто токму тогаш може
    да се случи и некоја голема работа;
  • Пронајдете ја врската со
    настанот/новоста и започнете да ја креирате вашата приказна
  • Немојте да бидете премногу
    алчни, некогаш е потребно навистина да се вложи во одредена работа за да
    успеете.

Вебинарот заврши со интерактивна сесија и дискусија за предноста на
стратегијата на “real time marketing”. Имаше многубројни прашања на темата, на
која учесниците имаа одлична можност да добијат одговори од вистински
професионалец од областа.

Ве повикуваме на уште еден интересен #FITRClassroom кој ќе се одржи на 03
Март, во 19.00h на платформата ЗУМ. Ќе имате одлична можност да се запознаете
со Џејмс Грегсон, Директор за креативни содржини за дигитални медиуми во ЛЕГО,
кој ќе зборува на тема: “Како
да креирате привлечна содржина за вашата публика на социјалните медиуми”.

Линк за регистрација:

https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_tbO-VU_VTammOXMLz_NQ4g

Последни објави