VapourApps е решение за интегриран приватен cloud за мали, средни и големи компании, кои сакаат флексибилна и едноставна контрола на нивната IT инфраструктура.
Корисниците можат да го превземат VapourApps софтверот преку Интернет и да го инсталираат на сопствени сервери или сервери поставени на трета локација. При инсталацијата едноставно само се внесуваат основните податоци за компанијата и за кратко време се добива комплетно подигната cloud инфраструктура со предефинирани виртуелни сервери (апликации): Directory, E-Mail, Projects, Storage, Backup, Monitoring и Proxy.
Ниту еден систем за приватен cloud во светот, не нуди out-of-the-box решение кое ги поддржува предвидените седум апликации на VapourApps и комплетна виртуелизациска околина. Мисија на VapourApps е да стане стандард за приватен клауд во светски рамки.
Изработка на платформа која со помош на мобилните апликации и системите за позиционирање и лоцирање во затворени простории – iBeacon, ќе ги подобри искуства при секојдневните активности во затворени објекти како супермаркети, затворени трговски центри, саеми, хотели, музеи, аеродроми и сл. Платформата би имала две главни примени:
1) Интерактивни податоци и промоции врзани за локацијата каде што корисникот моментално се наоѓа.
2) Лоцирање во големи затворени објекти и правилно упатување на корисникот кон бараниот оддел, продавница, рафт, музејска постапка, гејт на аеродроми.
Платформата ќе содржи позадински Веб дел за подесување на информациите и функциите и мобилен дел за Андроид и иОС.
Placeformer – e платформа за прибирање, обработка и прикажување на geo-тагирани информации за маркетинг агенции и агенции за недвижности преку crowdsourcing. Целта ни е глобалните или интернационалните маркетинг агенции кои сакаат да задоволат барања на свои клиенти било каде, преку платформата да можат да реализираат ‘кампања’ на прибирање податоци за донесување одредена бизнис одлука. Податоците ќе ги обезбедат луѓе кои сакаат да заработат – crowdsourcer-и, а валидноста ќе ја проверат локални маркетинг компании, кои го познаваат добро сопствениот терен, преку креирање на рејтинг на crowdsourcer-ите.
Проектот Аукциски Тигар вклучува развој на иновативно бизнис решение кое има за цел да создаде динамичен, транспарентен и достапен пазар на недвижен имот во Македонија (нешто кое недостига во моментот).
Предложеното бизнис решение, целосно засновано врз новите информациони технологии, радикално ќе го трансформира начинот на кој правните и физиките лица продаваат и купуваат недвижен имот во Македонија и регионот. Истото ќе овозможи поефикасен пристап и размена на недвижен имот, како и на индустриски и деловни капацитети.
Со Аукциски Тигар се таргетираат домашни и странски правни и физички лица, како и потенцијални инвеститори од странство.
Placeformer – e платформа за прибирање, обработка и прикажување на geo-тагирани информации за маркетинг агенции и агенции за недвижности преку crowdsourcing. Целта ни е глобалните или интернационалните маркетинг агенции кои сакаат да задоволат барања на свои клиенти било каде, преку платформата да можат да реализираат ‘кампања’ на прибирање податоци за донесување одредена бизнис одлука. Податоците ќе ги обезбедат луѓе кои сакаат да заработат – crowdsourcer-и, а валидноста ќе ја проверат локални маркетинг компании, кои го познаваат добро сопствениот терен, преку креирање на рејтинг на crowdsourcer-ите.
Нашата идеја е создавање на систем кој ќе го олесни секојдневниот живот на корисниците а притоа ќе им заштеди и енергија. Овој систем би овозможил интелегентно управување и контрола преку интернет на домот/административниот објект без разлика на тоа каде се наоѓа корисникот. Корисникот преку мобилен телефон, таблет или компјутер би можел да го управува осветлувањето, бојлерот, ролетните, греењето, ладењето и вентилацијата.
Истотака, би можел да му зададе на системот временски распоред и со тоа да му препушти на системот автономно да управува со објектот. Можностите кои би ги поседувал овој систем би биле надградливи во зависност од желбите на корисникот.
KHAL store е првата пазарна платформа која ги спојува производителите и корисниците на ИоТ уреди. Таа ќе го скрати патот на девелоперите да стигнат до своите корисници во светот. Крајните корисници ќе имаат можност да избираат и комбинираат решенија во различни области како индустриски така и персонални или во било која област.
Основна дејност на компанијата е развој, реализација и имплементација на електронски системи за мерење и анализа на електрична енергија, и тоа: потрошена електричната енергија, максимална ангажирана моќност и квалитет на електрична енергија. Ќе се развијат неколку мерни системи кои ќе се понудат претежно на компаниите од индустријата. Компанијата има три основни производи: систем за профилирање на потрошена електрична енергија, систем за регистрирање максимална ангажирана моќност и автоматско управување на потрошувачите во процесот, и систем за мерење квалитет на електрична енергија. Производот ќе нуди софтверска и хардверска подршка за статистичка анализа, следење од далечина, предвидување на потрошувачка на електрична енергија, алармирање, управување и др, показатели кои се повеќе се актуелизираат со либерализација на пазарите на електрична енергија.
Mодуларниот громобрански фаќач Веда Тотал е првиот громобран со отворена надградлива архитектура и со интелигентни карактеристики. Особините на громобранот ги одредува крајниот корисник зависно од сопствените потреби.
Громобранот може да се надгради со електронски склопови со најразлична намена (аудио-визуелни аларми, комуникација со сателитски и терестријални системи за следење на грмотевична активност, самодијагностика, статистика на грмотевични настани, комуникација со корисникот, соработка со други громобрани итн.). Проектот предвидува и изработка на CAD/CAE софтверски пакет за проектирање громобрански инсталации со громобрански фаќачи со сродна технологија.
Целта на проектот е да се финализира MarkO, прототипот на контекстуален потсетник, развиен од Coldwell, во финален продукт, и да се започне со негова дистрибуција на национално ниво, во Македонија.
MarkO е смартфон апликација, базирана на алгоритам за свест за реално време. Производот има практично неограничена употреба во професионалниот и личниот живот. Најразлични индустрии, како и институциите од јавниот сектор можат да изведат голема вредност од користење на функционалностите на MarkO.
Посебната предност на MarkO пред другите слични апликации е неговиот вистински иновативен алгоритам кој е технолошки супериорен и претставува јасна технолошка иновација во глобални рамки.
Кликон е веб-базирано софтверско решение за мали и средни бизнис претпријатија кое овозможува работа со електронски фактури, квалитетни бизнис статистики, како и им помага на овие бизниси во нивното претставување на Интернет, меѓусебно поврзување и комуницирање во рамки на интегрирана социјална заедница, за релативно достапна месечна претплата.
EmbedSocial е маркетинг платформа кој овозможува испраќање на нотификации преку различни платформи како Facebook, iOS, Android. Со помош на EmbedSocial
можете да им пратите нотификација на вашите корисници, клиенти или потенцијални клиенти со порака за нова промоција, услуга, производ или акција. Додадете го EmbedSocial како нов канал за комуникација во вашиот маркетинг микс -‐> https://www.embedsocial.com
Проектот Еверест го решава проблемот со недостатокот на програмери, веб дизајнери и девелопери, преку трансформација на традиционалниот пристап во реализирањето обуки со примена на методологија наречена менторирано учење на далечина во која ученикот е активно вклучен во креирање код и дизајнирање работејќи на проекти. Учењето се изведува така што ученикот прво гледа однапред снимени видео лекции а потоа се обидува да го повтори презентираното. Вистинското учење се случува кога ученикот ќе се обиде да го примени стекнатото знаење, работејќи на посложени проекти, со што истовремено го гради своето online portfolio. За сето време учењето на ученикот му стои на располагање искусен личен ментор за 1-на-1 консултативни сесии. Овој пристап овозможува учењето да стане побрзо, полесно, поквалитетно, подостапно, временски прилагодено а учениците да добијат “real-world“ знаења и вештини и изградат online портфолио со кое ќе си ги зголемат шансите за вработување.
Главната дејност на нашето претприаие е производство на уникатно дизајнирани чоколадни лижавчиња,наменети за малопродажба,100г чоколада,3Д чоколадни фигури и чоколадни пралини.Покрај ова нашата компанија работи и специјални брендирани чоколада и лижавчиња направени по избор на клиентот.
Во процесот на производство користиме висококвалитетни чоколада (34%-36% како путер),добиени од најквалитетните какао зрна од Гана и Мадагаскар.Нашите производи не содржат хидрогенизирани масти,ниту пак вештачки ароми и подобрувачи.
Ова е проект за создавање на компанија која ќе ги револуционизира уредите за безбедност во сообраќајот лежечките полицајци, со комбинирање на традиционалните лежечки полицајци со микро контролер, сензори и соодветен софтвер. Со ставањето на „интелигенција“ во лежечките полицајци, ние драматично ќе го подобриме возачкото искуство за „добрите“ возачи (возачите кои возат под одредената брзина). Ние веруваме дека непријатностите кои ги трпат сите возачи кога поминуваат низ традиционалните лежечки полицајци се сосема непотребни.
Само на територијата на град Охрид минатата година се произведени и извезени околу 100 000 печки на пелети(бројките се добиени од разговори водени со менаџерите на фирмите ). Управувањето на тие печки е микропроцесорско со соодветен софтвер, кои фирмите го набавуваат од Италија.За негово производство потребен е развој на хардеверскиот дел (електронска плочка) како и развој на софтвер за контрола на процесот. Со овој проект се нуди можност за изработка на електрониката и софтверот по спецификации на клиентот, додека постоечката италијанската електроника е универзална за сите типови на печки,и не ја нуди оваа можност.
ул. ГТЦ, локал 6, Д.Е. 220
1000 Скопје, Р. Северна Македонија
+ 389 (0) 2 314 5258
info@fitr.mk
Работно време: понеделник – петок
08:30 – 16:30 часот
Necessary cookies are absolutely essential for the website to function properly. This category only includes cookies that ensures basic functionalities and security features of the website. These cookies do not store any personal information.
Any cookies that may not be particularly necessary for the website to function and is used specifically to collect user personal data via analytics, ads, other embedded contents are termed as non-necessary cookies. It is mandatory to procure user consent prior to running these cookies on your website.