Дигиталната трансформација е неопходен чекор кој мора да го превземеме за да имаме успешни претприемачи, иновации и развој на стартап екосистемот, и затоа ФИТР во изминатиот период превзема конкретни чекори кон побрза дигитална трансформација на јавните услуги, порача директорот на Фонд за иновации и технолошки развој Коста Петров, на денешниот 2021 ITU Regional Innovation Forum for Europe.
На панел дискусијата насловена „Постигнување на приоритетите за регионален развој преку дигитална трансформација“, на која учествува Валерија Јонан, заменик-министер за евроинтеграција во Министерството за дигитална трансформација на Украина, Милена Липовина Божовиќ, државен секретар во Министерство за економски развој на Црна Гора, Флоренса Хаџи, генерална директорка на Единицата за развојни програми и соработка во Кабинетот на премиерот во Албанија и Ани Вашакмадзе, раководител на одделот за меѓународни односи и односи со донатори во Грузиската агенција за иновации и технологија, Петров ги презентираше и активностите на Фондот во насока на позиционирање на Р.Северна Македонија како регионален стартап хаб.
Имено, Националниот стартап совет веќе подготви Предлог-мерки за забрзан раст на македонискиот стартап екосистем кои ќе бидат официјално презентирани на почетокот на октомври.
Освен тоа, ФИТР во моментов интензивно работи на формирање на Инвестициски фонд кој до крајот на годината ќе и биде презентиран на јавноста.
На учесниците на панелот, Петров им ја презентираше и Програмата за корпоративна иновативност како и инвестииците кои се прават во рамките на новите јавни повици за дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција и дигитализација на картотеките при интитутот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
2021 ITU Regional Innovation Forum for Europe се одржува од 22 до 23 септември, во рамките на Глобалниот форум за иновации ITU 2021 година, со поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација на Р. Северна Македонија.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |