Останато

Меѓу компаниите кои не се корисници на кофинансирани грантови од ФИТР но ги поттикнавме да се приклучат во кампањата #ПридонесиИти е и компанијата РоллсофтРСМ (https://rollsoft.com/,)  која нуди решенија за подобрување на ликвидноста на деловни субјекти. Станува збор за софтверска платформа базирана на прецизен алгоритам со кој на ефективен начин голем број субјекти безготовински ги компензираат своите побарувања и обврски во рамки на организиран компензациски циклус.

Големиот степен на сигурност базиран на применета вештачка интелегенција ја сведува можноста за грешката да биде рамна на нула. Платформата нуди лесни чекори на користење почнувајќи од регистрацијата на компанијата во системот, па се до финалното порамнување на побарувањата и обврските што биле пријавени како предмет на порамнување. Податоците кои се внесуваат од страна на компаниите се заштитени во целост согласно законската регулатива на нашата земја.  Во овој комплексен период за домашната економија, од РоллсофтРСМ  обезбедуваат поддршка во вид на услуга со 0% пресметана провизија за првото реализирано порамнување. Понудата се однесува на сите деловни субјекти кои ќе бидат регистрирани заклучно 31.08.2020 година.

Јавен Адвертајзинг од Битола кои беа корисник на кофинансиран грант од  ФИТР,  се приклучуваат на апелот #ПридонесиИти за време на кризната состојба предизвикана од ковид-19. За таа цел нудат бесплатни дигитални маркетинг услуги, односно бесплатна промоција за секој бизнис на нивниот веб сајт www.javen.mk

Компаниите кои ќе се приклучат да се промовираат на  сајтот, добиваат своја бизнис страна (мини веб страна), и ќе можат да бидат постојано пребарувани и прегледувани . Воедно, сите бизниси кои се дел од www.javen.mk добиваат постојана промоција и на социјалните мрежи. https://www.facebook.com/javen.mk/

Компанијата Кјупик која е финансиски поддржана од ФИТР, поради новонастанатата ситуација со КОВИД-19, донесе одлука да им помогне на сите трговци од државата, како и од Косово, Литванија и Латвија. Имено тие ќе  ја отворат нивната платформа во целост без лимити и без надомест, со цел да им помогнат на засегнатите да остварат продажба, да комуницираат со своите потрошувачи и во целост да го избегнат печатените флаери.

Започнувајќи од среда, 15ти Април, „Кјупик“ во промет ќе ја пушти новата андроид верзија која ќе има неколку канали за комуникација за состојбата со корона и за едукација на потрошувачите во врска со истата. Дополнително преку овие канали сите трговци ќе може да ја комуницираат нивната состојба, метеж, залихи, и сл. Сите канали ќе бидат достапни бесплатно.

Компанијата Мобидониа која е финансиски поддржана од ФИТР, ја изработи платформата https://naracaj.me/ каде секој ресторан, бутик, продавница, односно секоја компанија може да креира своја бесплатна онлајн продавница и да прима онлајн нарачки. Проектот е изработен како помош за малите бизниси.

Компанијата „ММ Дисоски“, корисник на финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој и изработувач на платформата за огласување Моби Промо https://mobi-promo.com/landing/mp/mk/, како општествено одговорна компанија,  ја  стави платформата  Моби Промо во функција на едуцирање и известување на граѓаните, со цел подобро информирање на граѓаните во врска со новонастанатата ситуација со Корона вирусот. Моби Промо заедно со своите партнерски портали  (Makedonski Vesnik, Espreso, Sloboden Pecat, Pa Censurë, Lokalno, Biznis Info, Kafe pauza, Albasport, Taratur, Supersport, Sportski) од 14.03.2020 година ја спроведува бесплатната кампања “Информирај се за Covid 19” и нуди директен пристап до сајтот на Министерството за здравство, со директен линк до делот за CORONA virus. http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/.

Компанијата Гевино, која е финансиски поддржана од ФИТР нуди:

Почнувајќи од 18.03.2020 година, па се до завршување на новонастанатата ситуација, Гевино бесплатно ќе врши достава на сите свои производи на територија на Град Скопје без разлика на вредноста на нарачката. Нарачките ќе можете да ги направите преку контактирање на компанијата со кликнување на нивниот Фејсбук профил.