Обезбедени се дополнителни 50 милиони евра со планот за економски развој на Владата на Република Македонија за Фондот за иновации

Преку инструментот за поддршка за комерцијализација на иновации, Фондот за иновации ја поддржа компанијата „Био Инженеринг“ со 96.000 евра која со двете свои лаборатории е единствена во регионот од ваков тип. Со цел да се поттикнат вакви и поголеми компании да аплицираат на повиците, Фондот за иновации има обезбедено дополнителни 50 милиони евра од буџетот на Р. Макеоднија, со што ограничувањето за доделување на средства до 100.000 евра, во иднина би изнесувало до 20 милиони денари, односно 330.000 евра.