Мисија и цели

Мисија и цели

Мисијата на Фондот за иновации и технолошки развој е поттикнување и поддршка на иновациската дејност во микро, малите и средните претпријатија за остварување забрзан технолошки развој, базиран на трансфер на знаење, на истражување за развој и на иновации што придонесуваат за создавање нови работни места и за економски раст и развој, истовремено подобрувајќи ја бизнис-околината за развој на конкурентските способности на компаниите.

Наши приоритети и цели се:

  • Подобрен пристап до финансиска поддршка за иновации и за технолошки развој;
  • Промовирање и поттикнување на иновациската дејност во Северна Македонија.

Фокусот на работењето на Фондот се однесува особено на:

(1) Кофинансирање микро, мали и средни претпријатија, регистрирани во Република Северна Македонија, а со цел поттикнување на иновациската дејност, имплементација на иновативни решенија и на иновативни процеси, воведување иновации и трансфер на технологии кај компаниите, како и поддршка на компаниите што имаат висок потенцијал за раст.

(2) Финансирање на новоосновани, микро и мали претпријатија, регистрирани во Република Северна Македонија, фондации и акцелератори, а со цел поттикнување на иновативноста кај компаниите и пренесување на резултатите од научните истражувања во апликативни, односно комерцијални активности, преку формирање „спин-оф“ компании.

(3) Постигнување долгорочен позитивен придонес за развојот на националната економија, подобрување на конкурентноста преку технолошки и оперативни унапредувања и обезбедување нови работни места; поддршка на формирањето на деловно-технолошки акцелератори, субјекти за давање инфраструктурна поддршка на иновациската дејност, со цел акцелерација на претприемништвото преку поддршка на физички лица што сакаат да основаат компанија, како и на веќе основани претпријатија во нивната почетна фаза (кои постојат максимум 6 години) преку обезбедување едукативна, логистичка и финансиска помош.