Од компанијата велат дека според нивната анализа на пазарот, вакви платформи не постојат, или, доколку постојат, компаниите ги чуваат во тајност бидејќи ваква платформа би овозможила предност пред конкуренцијата.
„Всушност, ние ќе бидеме пионери во Македонија и во регионот за оваа специфична област – ВИ и МУ за анализа на здравје и однесување“, вели Христијан Ѓорески.
Проектот ќе почне кон крајот на годинава, а со тоа и резултатите се очекуваат да бидат кон средината на 2021 година.
„Поконкретно, во првата половина од проектот ќе се фокусираме на развој на платформата, додека во втората половина од проектот ќе се фокусираме на развој на прототипи/демо апликации кои ќе ја презентираат корисноста на mAIhealth платформата. На пример, апликација за препознавање на активности во реално време и откривање на стрес на паметен телефон и час. Овие апликации ќе бидат промовирани на технолошки старт-ап настани со цел да се придобијат компании за соработка. Алгоритмите развиени со оваа платформа ќе создадат додадена вредност за компании кои произведуваат и продаваат паметни и носливи уреди како Samsung, Apple, Huawei, FitBit; компании кои нудат решенија за мониторирање на пациенти на далечина и мониторирање на домот, канцеларијата, работната околина; компании кои нудат решенија за вештачка интелигенција и мониторирање на возачите и патниците, афектни состојби, внимание при возење, стрес, поспаност…“, вели Мартин Ѓорески кој е докторски истражувач на Институтот „Јожеф Стефан“ во Љубљана, Словенија и е експерт од областа на применето машинско учење за анализа на физиолошки сензорски податоци.
Од 2019 година, тој е исто така асистент на Факултетот за компјутерски и информатички науки на Универзитетот во Љубљана. Неговата истражувачка работа е презентирана на десетици меѓународни конференции и објавена во 9 меѓународни списанија со фактор на влијание. Исто така, со своето искуство бил дел од тимовите кои освоија прво место на пет меѓународни натпревари за машинско учење организирани на реномирани научни конференции.
„Здравјето и неговата континуирана нега и одржување се можеби најбитните работи во нашиот живот. Токму тоа и ни го покажа оваа пандемија. За среќа, новите технологии, и уреди како и алгоритмите за вештачка интелигенција имаат потенцијал да го подобрат животниот стил на корисниците, овозможувајќи услови за подобро здравје. Основна компонента кај сите овие паметни уреди и апликации се алгоритми од вештачката интелигенција ИВИ) и машинското учење (МУ) кои ги анализираат сензорските податоци, извлекуваат корисно знаење и му даваат повратна информација на корисникот. Пазарот поврзан со оваа област е прилично нов и незаситен, што ни дава уникатна прилика да придонесеме во оваа област преку изработка на паметни алгоритми и производи. Како интересен пример би сакале да го издвоиме паметниот прстен „Oura“, кој што е клучен за продолжување на НБА сезоната и покрај пандемијата со корона-вирусот. Прстенот го користат играчите со цел мониторирање на нивните физиолошки параметри и соодветно сигнализирање доколку дојде до поголеми промени на истите“, појаснуваат Ѓорески.
Тие велат дека платформата ќе може да се користи за креирање на алгоритми и решенија за домашен и меѓународен пазар. Како што посочуваат, со оглед на тоа дека кај нас нема многу компании што произведуваат паметни уреди, најверојатно најголем дел од клиентите ќе бидат од странство.
„Планираме и да соработуваме со македонски компании со цел да покажеме што можеме, а можеби и ќе направиме и целосно наш продукт – кој што ќе вклучува хардвер, сензори и софтвер, односно, паметен уред произведен тука во Македонија, кој што ќе се користи за електронско и мобилно здравје“, оптимистички споделуваат двајцата иноватори.
„Една од одликите што ја прави АИДЕА посебна е тоа дека нашата работа целосно се темели на научни истражувања, статистики и податоци. Тимот се состои од искусни доктори на науки, истражувачи и експерти од областа на мобилното и електронско здравје. Ова посебно искуство ни дава одлична прилика да допринесеме во тие области и да развиеме квалитетни и корисни продукти. Всушност, за развивање на вакви продукти потребно е константно следење на најновите истражувања и трендови, како и соработка со експерти од различни области. Токму ова е основата на нашата компанија, врз која што ќе ги градиме нашите алгоритми и продукти“, порачуваат Ѓорески.

ФИТР го препозна потенцијалот на двајцата истражувачи и нивниот тим, поради што, во рамки на повикот „Стартапувај“ им одобри финансиска поддршка во висина од 27.900 евра.
„Поддршката од ФИТР ни е клучна и од големо значење бидејќи претставува потврда дека идејата има потенцијал препознаен од експерти од различни област вклучувајќи економисти и ИТ експерти. Финансиската поддршка ќе ни обезбеди доволно време и средства за развој на платформата, за воспоставување на тим, за развој на бизнис модел, за презентирање на нашите услуги и барање на клиенти. Исто така преку добивањето на овој проект, ФИТР ни овозможува и промоција на македонскиот пазар. Веруваме дека промоцијата ќе се зголеми со успешноста на проектот“, велат истражувачите.
Покрај Христијан и Мартин, во тимот се вклучени и искусни доктори на науки, истражувачи и експерти од овие области, како и електро и ИТ инженери и студенти на додипломски и постдипломски студии на ФЕИТ.
Тимот на компанијата го сочинуваат светски докажани експерти, победници на пет меѓународни натпревари за развој на алгоритми од вештачката интелигенција, а нивната долгорочна цел е „АИДЕА лаб“ е да прерасне во глобално препознатлив, почитуван, македонски бренд за вештачка интелигенција и машинско учење. Нудат различни типови на услуги од овие области и тоа: консултантски услуги и експертиза, изработка на комплетни алгоритамски и софтверски решенија прилагодени за клиентите, како и изработка на продукти за вештачка интелигенција за продажба или изнајмување.
ул. ГТЦ, локал 6, Д.Е. 220
1000 Скопје, Р. Северна Македонија
+ 389 (0) 2 314 5258
info@fitr.mk
Работно време: понеделник – петок
08:30 – 16:30 часот
Necessary cookies are absolutely essential for the website to function properly. This category only includes cookies that ensures basic functionalities and security features of the website. These cookies do not store any personal information.
Any cookies that may not be particularly necessary for the website to function and is used specifically to collect user personal data via analytics, ads, other embedded contents are termed as non-necessary cookies. It is mandatory to procure user consent prior to running these cookies on your website.