Кофинансирани грантови за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица

 

Цели

Целта на Инструментот е да се обезбеди финансиска поддршка на претпријатијата кои ги исполнуваат критериумите за подобност од овој правилник за стручно усовршување и пракса на нововработени млади лица кои ги исполнуваат условите од овој Правилник.

Преку овој Инструмент се обезбедува поддршка за следните видови на инвестициски активности:

 стручна обука и пракса за краен примател на поддршката кај Апликантот (вклучително и Fast Track Management Programme); и  стручна обука и пракса за краен примател на поддршката кај Организатор.

Преку овој Инструмент Фондот за иновации и технолошки развој (во понатамошниот текст: „Фондот”) обезбедува финансирање до 30%(триесет проценти) од вкупниот буџет на инвестициски проект, но не повеКе од 1.000.000,00 денари (еден милион денари) по апликант.

Критериум за подобност

Критериумите за подобност кои треба да ги исполнува краен примател на поддршка се:

  • да биде на возраст до 29 години, а да нема навршено 30 години во моментот на аплицирањето;
  • да биде вработено кај Апликантот не помалку од 6 месеци во моментот на аплицирањето;
  •  да биде државјанин на Република Македонија;
  • доколку веќе било краен примател на поддршка преку овој Инструмент кај друг правен субјект, да изминале 24 месеци од крајот на проектот поддржан со овој Инструмент во рамките на кој истото се јавило како краен примател на поддршката.