Кариера

Компанијата АртХаус која е финансиски поддржана од ФИТР, со цел да им помогне на сите оние кои во вонредната состојба бараат или нудат работа, пристапот до платформата www.recruitme.mk го нудат сосема бесплатно. Имено, станува збор за онлајн сервис за спојување на талентирани индивидуалци со работодавачи.

Компанијата Target Group DOO Skopje, во период од 30 дена им овозможува на сите правни лица од нашата држава бесплатен пристап до платформата БизнисМрежа.мк (Финансиски поддржана од ФИТР) – основен пакет со цел да помогнат во работењето и донесувањето на паметни деловни одлуки.

За бесплатно активирање пополнете го следниот формулар http://biznismreza.mk/offer-2?p=basic и во коментар внесете „Дигитална Солидарност“.

Компаниите со бесплатниот основен пакет на БизнисМрежа.мк добиваат детален онлајн преглед на работењето на сите регистрирани компании од Македонија, преглед на нивното финансиско работење, регистарски податоци, можност за следење на клучните промени кај компаниите (мониторинг) се со цел навремени информации за носење паметни деловни одлуки.

    

   МАРЈАНОВИЌ ЕДУКАЦИЈА  Нуди:

3 бесплатни курса наменети за лица кои сакаат да се запознаат со веб дизајнот и веб развојот како професија. Овие курсеви се од информативна природа и имаат за цел да ја запознаат публиката со основните концепти, како и да им покажат што ги чека доколку изберат да градат кариера во таа област.

Бесплатна електронска книга на истата тема, со наслов „Како да станете веб развивач“ но и голем број кратки, инспиративни и мотивирачки содржини за сите оние кои ги интересира веб дизајнвеб програмирањеWordPressфриленсингидеи за онлајн заработувањеразвој на кариера итн.