Повикот е затворен
Јавен повик за финансирање на проект
Предизвик за изработка на информациски систем на управување во областа на патничкиот и товарниот сообраќај
Дигитализацијата на јавните услуги е процес кој зема замав со подемот на информациските технологии. Воведувањето на дигитални јавни услуги овозможува транспарентност, отчетност и еднаков, побрз и полесен пристап до јавните услуги за граѓаните и сите релевантни чинители. Истовремено, дигиталните технологии водат кон поврзување на локалната економија со глобалните трендови и придонесуваат кон исполнување на критериумите за слободно движење на стоки и услуги во рамки на Европската унија.
Со цел да допринесеме услугите во јавниот сектор да фатат чекор со современите начини на комуникација и управување, Фондот за иновации и технолошки развој на Република Македонија, во соработка со Министерството за транспорт и врски на Република Македонија објавува – Јавен повик за финансирање на проект за изработка на информациски систем за управување во областа на патничкиот и товарниот сообраќај.
Дигитализацијата на јавните услуги е процес кој зема замав со подемот на информациските технологии. Воведувањето на дигитални јавни услуги овозможува транспарентност, отчетност и еднаков, побрз и полесен пристап до јавните услуги за граѓаните и сите релевантни чинители. Истовремено, дигиталните технологии водат кон поврзување на локалната економија со глобалните трендови и придонесуваат кон исполнување на критериумите за слободно движење на стоки и услуги во рамки на Европската унија.
Со цел да допринесеме услугите во јавниот сектор да фатат чекор со современите начини на комуникација и управување, Фондот за иновации и технолошки развој на Република Македонија, во соработка со Министерството за транспорт и врски на Република Македонија објавува – Јавен повик за финансирање на проект за изработка на информациски систем за управување во областа на патничкиот и товарниот сообраќај.
Предложените проекти треба да резултираат со софтверско решение кое на иновативен начин ќе ги инкорпорира сите горенаведени функционалност цо цел обезбедување на ефективна и ефикасни јавни услуги.
Максималниот буџет на предлог проектот може да изнесува 5.000.000,00 (пет милиони денари, износ кој целосно ќе биде покриен од страна на Фондот за иновации и технолошки развој.
Доколу нема доволно квалитетни предлог проекти или не се исполнети условите за доделување на наградата согласно Правилата за натпревари и предизвици, Фондот го задржува правото да не додели награда.
Предизвикот е наменет за микро, мали и средни претпријатија активни во областа на информациските технологии кои сакаат да понудат иновативно решение сами или во соработка со установа која врши високообразовна, односно научно-истражувачка дејност, претпријатие и/или здружение.
Натпреварувачот треба да биде правен субјект кој ги исполнува следните услови:
Активностите предвидени во предлог-проектот треба да соодветствуваат на фазите на истражување и развој, односно на напредување на технологијата до степен на прототип/модел функционален и во реалните животни околности.
Активностите задолжително треба да вклучуваат и:
Трошоците предвидени во буџетот на проектот за набавка на опрема и ресурси за истражување, развој и имплементација треба да соодветствуваат на активностите предвидени во проектната апликација.
Трошоци подобни за финансирање се:
Единствено трошоците настанати за активности спроведени за времетраење на проектот, а кои се во согласност со одобрениот Буџет на проектот и Правилата за организирање и спроведување на натпревари или предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата ќе се сметаат за подобни трошоци.
Фондот го задржува правото да преговара со победниците по однос на дефинирање на активностите и буџетот на проектот на основа на препораки добиени од Комисијата за оценување и избор пред потпишување на Договорот за доделување на награда.
Во случај проектот да се базира на веќе постоечки права на интелектуална сопственост, натпреварувачот е должен, пред потпишувањето на Договорот за доделување на награда, да достави доказ за право на користење на интелектуалната сопственост во вид на договор за лиценцирање, договори за „in-kind“ придонес или друг вид на договор кој потврдува дека натпреварувачот има право на користење на интелектуалната сопственост на која се базираат резултатите од проектот.
Оценувањето, селекцијата и донесувањето на конечна одлука за избор на победници, се врши од страна на Комисија за оценување и избор.
Оцената на проектите се состои од неколку чекори:
Фондот го задржува правото за измена на горенаведените рокови.
Секој предлог-проект се оценува од Комисијата за оценување и избор, која се состои од 7 членови и тоа:
За да се пријави на #ОброкЗаСите, натпреварувачот на повикот треба да:
Бараните документи треба да се пополнети на македонски јазик и во PDF формат да се испратат на следната e-мaил адреса: obrokzasite@fitr.mk.
Пријавувањето на повикот #ОброкЗаСите е до 15.06.2018 година, до 23:59 часот.
За финансирање ќе бидат земени предвид само оние предлог-проекти кои се пополнети во обрасците определени за #ОброкЗаСите од страна на Фондот, доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок.
Правилата и процедурите за спроведување, следење и надзор на проектот се дефинирани во документот Правила за организирање и спроведување на натпревари или предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата.
За сите дополнителни информации можете:
Со цел да ви помогнеме при подготовка на предлог-проектите, за времетраење на повикот Фондот ќе организира инфо-настани и консултативни средби. Информациите за овие активности ќе бидат навремено објавувани на веб-страницата на Фондот и на нашиот facebook профил.
1. Како се поднесува апликацијата?
За да учествува на предизвикот, натпреварувачот треба да ги поднесе следните документи:
на e-mail адресата: pristapp@fitr.mk не подоцна од 20.05.2018 година до 23:59 часот.
2. Дали е можно продолжување на рокот за пријавување?
Рокот за пријавување е можно да се продолжи само доколку во дадениот рок не е пристигната ниту една апликација.
3. Како се бодуваат предлозите во однос на рамката на бодување и нивото на исполнување на критериумите?
Доколку се исполнети критериумите наведени во рамката на бодување се добива средна оценка под соодветниот критериум, доколку предлогот недоволно ги исполнува критериумите наведени во рамката на бодување добива пониска од средната оценка под соодветниот критериум, а доколку ги надминува критериумите наведени во рамката на бодување добива повисока од средната оценка под соодветниот критериум.
4. Дали набавката на потребните лиценци и хардвер за администрација и одржување на предложеното решение влегуваат во проценката на буџетот?
Набавката на сите потребни лиценци и опрема потребна за администрација и одржување на предложеното решение не треба да биде дел од предложениот Буџет на проектот бидејќи истата ќе треба да биде набавена од страна на Министерството за транспорт и врски зависно од потребите и временската рамка на проектот.
5. Како да се претстави тимот кога е дозволено да се приложат само 5 биографии а бројот на бараните членови на тимот е над 5?
Апликантот треба да издвои 5 лица кои се клучни за проектот и да поднесе нивни кратки биографии во прилог на апликацијата. Целокупниот тим кој ќе работи на реализација на предложеното решение треба да се претстави во точка „I.4 Проектен тим“ во Проектната апликација.
6. Што подразбира делот „Одржливост и пазарен потенцијал“ во образецот за Проектна Апликација?
Во делот „III. Оддржливост и пазарен потенцијал“ од Проектната апликација, компанијата треба да ги објасни потенцијалите за понатамошна комерцијализација на резултатите од проектот доколку таков потенцијал постои. Информациите наведени во овој дел нема да бидат предмет на бодување и нема да влијаат на одлуката за финансирање.
Во согласност со правилата објавени во повикот, изготвеното решение останува во сопственост на натпреварувачот. Министерството за транспорт и врски треба да добие изворен код на изготвеното решение единствено за сопствени потреби и не смее да го отуѓува на трети лица. Трети лица кои ќе бидат вклучени во рамки на одржувањето на решението во иднина немаат право на користење на изворниот код за други цели.
7. Дали компанијата апликант/корисник смее да ангажира лица кои не се вработени во компанијата за намените на проектот?
Како дел од тимот кој ќе го реализира предложеното решение, покрај вработените, компанијата може да ангажира и надворешни соработници/експерти. Апликантот треба да внимава трошоците за сите лица ангажирани на проектот да бидат претставени во Буџетот на проектот според инструкциите дадени во документот, односно под соодветните буџетски ставки „Плати“ и „Консултанти“ според видот на ангажманот во компанијата.
8. Дали можат да аплицираат повеќе микро компании здружено доколку поединечно не ги исполнуваат критериумите наведени во рамката за оценување и селекција?
На предизвикот како натпреварувач се јавува една компанија. Сепак решението миже да биде реализирано во соработка со друга компанија/компании. Во ваков случај оваа соработка треба да биде објаснета во делот на „Претставување на апликантот“, во планот на активности и трошоците соодветно да бидат прикажани во буџетската ставка „Консултанти“.
ул. ГТЦ, локал 6, Д.Е. 220
1000 Скопје, Р. Северна Македонија
+ 389 (0) 2 314 5258
info@fitr.mk
Работно време: понеделник – петок
08:30 – 16:30 часот
Necessary cookies are absolutely essential for the website to function properly. This category only includes cookies that ensures basic functionalities and security features of the website. These cookies do not store any personal information.
Any cookies that may not be particularly necessary for the website to function and is used specifically to collect user personal data via analytics, ads, other embedded contents are termed as non-necessary cookies. It is mandatory to procure user consent prior to running these cookies on your website.