ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

преку Инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за технолошка екстензија

Врз основа на член 25 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ број 79/2013, 137/2013, 41/2014, 44/2015, 6/2016, 53/2016, 190/2016 и 64/2018), Фондот за иновации и технолошки развој на 29.05.2018 година објавува Јавен повик за поднесување на предлог проекти за финансиска поддршка преку Инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за технолошка екстензија.

Повикот е затворен

Целта на Инструментот е да се подобри усвојувањето и прилагодувањето на иновативни, напредни технологии, know-how и технолошки процеси во малите и средни претпријатија (во натамошниот текст: „МСП”). Целта е да се подобрат технолошките способности на постојните индустрии и бизниси преку премостување на јазот помеѓу постоечките знаења веке достапни глобално и локалните индустрии. Се очекува Инструментот да има секторско влијание и долгорочен позитивен придонес кон зголемување на конкурентноста.

Финансирањето доделено преку овој Инструмент е наменето за поддршка на усвојување и прилагодување на иновативни и напредни технологии и подобрување на деловните процеси во македонските МСП. Технолошката екстензија треба да биде насочена кон група на МСП со цел да се подобри нивната продуктивност и конкурентност и да се постигне секторско влијание.

Поддршката може да биде доделена за две фази од технолошката екстензија: Фаза 1 Дијагностика и План за подобрување; и Фаза 2 – Имплементација на План за подобрување. Во случај веке да постои Дијагностика и План за подобрување, апликантот може да аплицира само за Фаза 2.

Преку овој Инструмент Фондот за иновации и технолошки развој (во понатамошниот текст: „Фондот”) обезбедува финансирање до 50 0/0 (педесет проценти) од вкупниот буџет на проектот во максимален износ од 500.000,00 евра (петстотини илјади евра) заедно за двете фази.

Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да го обезбеди апликантот. Средствата добиени од Фондот по кој било друг основ или друга форма на државна помош не се прифатливи како кофинансирање од апликантот.

За проекти кои се состојат само од Фаза 2 – Имплементација на Планот за подобрување, горните граници на буџетот и на кофинансирањето утврдени во ставот 1 на овој член Ке се применуваат за целото времетраење на проектот.

За проекти кои се состојат од Фаза 1 – Дијагностика и План за подобрување; и Фаза 2 Имплементација на Планот за подобрување, буџетот за спроведување на Фазата 1 може целосно да биде покриен од страна на Фондот. Финансискиот придонес на Фондот за Фаза 1 не смее да надмине 100/0 од вкупно дозволеното кофинансирање од страна на Фондот за целиот проект т.е. не смее да надмине максимален износ од 50.000,00 евра (педесет илјади евра). Кои било дополнителни трошоци во рамките на Фазата 1 Ке паднат на товар на корисникот.

За проекти кои се состојат од двете фази, финансирањето на Фаза 2 се условува со претходно одобрување од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции (во натамошниот текст: „КОИ”) на доставената Дијагностика и План за подобрување и Извештајот за имплементација на Фаза 1.

Кофинансирањето од страна на Фондот за вкупниот буџет на проектот (кумулативно за Фаза и Фаза 2) не може да ги надмине границите на кофинансирање утврдени во ставот 1 на овој член.

Кофинансирањето од страна на Фондот наменето за имплементација на Планот за подобрување не смее да надмине 200.000,00 евра (двесте илјади евра) за поединечен краен корисник (МСП).

За финансирање проекти под овој повик за овој инструмент обезбеден е вкупен буџет од 500.000.00 (петсто илјади) евра.

Критериумите за подобност кои апликантот треба да ги исполнува се:

  • да биде правно лице регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија;
  • да биде правно лице основано во согласност со Законот за здруженија и фондации или основано во согласност со Законот за трговски друштва или основано во согласност со Законот за стопанските комори кое треба да дејствува како кластер, стопанска интересна заедница или деловно здружение;
  • да има најмалку 50, 1 % македонски основачи / сопственици.

Критериумите за подобност кои тимот за имплементирање на апликантот треба да ги исполнува се:

Проект менаџер:

  • Искуство во управувањето со големи проекти со буџет над 200.000,00 евра (двесте илјади евра);
  • Искуство во управувањето со проекти кои го вклучуваат приватниот сектор.

Проектен тим:

За Фаза 1 (ако е применливо):

  • Најмалку еден член на тимот да има искуство во спроведување на минимум З (три) дијагностики за технолошка екстензија (во согласност со одредбите од член З од овој Правилник), од кои најмалку 1 (една) да се однесува на повеКе МСП во специфичната област најрелевантна за предлог проектот. за Фаза П:
  • Најмалку еден член на тимот да има најмалку 5 (пет) години професионално искуство во обезбедување услуги во конкретната област во приватниот сектор;
  • Најмалку еден член на тимот да има профссионално искуство во давање услуги во конкретната област на најмалку 5 (пет) МСП.

Критериуми за подобност на краен корисник (крајни корисници) 

Сите сектори имаат право на финансирање преку овој Инструмент.

Крајните корисници се МСП за кои е наменета технолошката екстензија.

Критериумите за подобност за секој краен корисник се:

  • да е претпријатие основано во согласност со Законот за трговски друштва и е регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија, да биде микро, мало или средно претпријатие (до 250 вработени),  да биде со доминантно македонска сопственичка структура (од 50,1 % или повеКе) ,
  •  да биде во сопственост на физичко(и) лице(а) и/или микро, мало(и) или средно(и) претпријатие(ја) (со македонска сопственичка структура од 50,1 % или повеќе) и/или високообразовна(и), односно научно-истражувачка(и) установа(и) (до 2094 сопственост во крајниот корисник),
  • да нема акумулирано повеќе од 200.000,00 евра (двесте илјади евра) помош од мало значење во последните три фискални години, вклучувајКи го и износот што го бара од Фондот во согласност со Законот за државна помош и Уредбата за условите и постапките за доделување на помош од мало значење (de minimis),
  • да нема акумулирано повеќе од 100.000,00 евра (сто илјади евра) помош од мало значење во период од три години, вклучувајКи го и износот што го бара Фондот, ако претпријатието е активно во секторот за патен транспорт, согласно Законот за државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis),
  • да нема потешкотии во работењето (едно претпријатие е во потешкотии кога не е во можност да ги исполни своите обврски од своите сопствени средства или од средства што може да ги добие од сопственикот / содружниците или доверителите, за да ги покрие загубите што без надворешна интервенција на давателите на помош многу веројатно Ке доведе до краткорочен и долгорочен прекин на работењето на претпријатието), да не се занимава со производство на јаглен.

.

Подобни за финансирање преку овој Инструмент се предлог проекти од сите сектори, освен за:

  • производствени, трговски или услужни дејности кои не се во согласност со закон;
  • производство и трговија со тутун, дестилирани алкохолни пијалоци и сродни производи (пијалаци кои содржат алкохол, но не се добиени исклучиво со дестилација, туку за нивно производство може да се користи и природно дестилиран алкохол (добиен од различно, но природно потекло) со давање на различни растителни или други производи, при што преку мецерација, купажа (мешање), ароматизирање, боење, стареење и слично се добиваат различни алкохолни пијалаци во кои содржина на етил алкохол најчесто е повисока од 15%, а во нив може да бидат вклучени различни видови на ликери, коктели и слично);
  • производство и трговија со оружје и муниција од било кој вид;
  • казина и други правни лица за организирање игри на среќа и други забавни игри;
  • истражување, развој или технички барања кои се однесуваат на електронски податоци, програми или решенија, кои сe однесуваат на:

а) поддршка на која било активност која се вбројува во горенаведените сектори од алинеите 2, 3 и 4 на овој член;

б) интернет коцкање и онлајн казина и/или

в) порнографија;

  • природно-научни истражувања, развој или технички апликации кои се однесуваат на човечкото клонирање за истражување или за терапевтски цели; и/или за генетски модифицирани организми (ГМО).

Следните трошоци Ке бидат подобни за финансирање:

Фаза 1 — Дијагностика и План за подобрување:

  • Трошоци за управување и администрација до 7 % од вкупниот буџет за Фаза 1;
  • Консултантски услуги за дијагностика и изготвување на План за подобрување.

Фаза 2 — Имплементација на План за подобрување:

  • Трошоци за управување и администрација до 7% од вкупниот буџет за Фаза 2;
  • Трошоци поврзани со набавка на нова технологија (на пример, продажна цена, превоз, царина, осигурување, инсталација, обука, ДДВ, итн.);

Крајниот корисник е во мнозинска сопственост (над 50,1 %) на македонски државјани/н

  • Трошоци поврзани со адаптација на инфраструктурата директно поврзана со конкретните активности за технолошка екстензија;
  • Трошоци поврзани со набавка на лиценци (надоместоци за лиценцирање);
  • Трошоци поврзани со обезбедување на квалитет, сертификација и стандардизација;
  • Консултантски услуги поврзани со имплементација на Планот за подобрување (вклучувајќи развој на техничка спецификација).

Само трошоците направени за време на проектот во согласност со одобрениот буџет на проектот и завршени до крајот на проектот се подобни за финансирање.

Главните критериуми за евалуација на проекти и доделување средства преку овој Инструмент се:

  • Технолошко подобрувањс;
  • Квалитет на проектот;
  • Капацитет на проектниот тим; Пазарен потенцијал:
  • Соработка;
  • Влијание;

 Процедури за обезбедување квалитет, стандардизација и сертификација.

Главните критериуми и подкритериуми за евалуација на проектите се дадени во Табела за евалуација.

Вкупното времетраење на проектите (Фаза 1 и Фаза 2) финансирани преку овој Инструмент не смее да надмине 24 (дваесет и четири) месеци.

За да поднесат предлог проект во врска со јавниот повик, апликантите треба да пополнат Проектна апликација и Буџет на проектот, заедно со останатата документација што е наведена во Правилникот за управување и во јавниот повик.

За проекти кои вклучуваат само Фаза 2 – Имплементација на Планот за подобрување, покрај документацијата наведена во Правилникот за управување, апликантите треба да достават и:

  • Посебен документ за спроведената Дијагностика и План за подобрување што се во согласност со одредбите од член З на овој Правилник. Дијагностиката, исто така, треба да вклучува рамка за мониторинг и евалуација базирана на резултати за спроведување на Планот за подобрување;
  • Изјава за усогласеност.

Сите информаци и документација поврзана со повикот се наоѓаат на следниот линк: www.fitr.mk/tehnoloshki-razvoj и Правилникот за инструментот за поддршка-Кофинансирани грантови за технолошки развој

Пишете ни на: tehnoloshki@fitr.mk

Јавете ни се: +389 2 314 5258

Посетете нѐ во канцелариите на ФИТР (ГТЦ ЛОКАЛ 6 Д.Е.220 ВО СКОПЈЕ)