ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“

Врз основа на член 25 од Закон за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/2013, 137/2013, 41/2014, 44/2015, 6/2016, 53/2016, 190/2016 и 64/2018), Правилникот за управување на инструментите за поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој и Правилникот за ко-финансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“Фондот за иновации и технолошки развој на 22.10.2018 година објавува Јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“.

Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи (во понатамошниот текст само „ПЗУ“), кои ги исполнуваат условите од Правилникот.

Јавниот повик се спроведува по РЕДОВНА и СКРАТЕНА ПОСТАПКА и се однесува на кофинансирање на предлог проекти до 30%(триесет проценти) од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 10.000.000,00 (десет милиони) денари по апликант и тоа:

  • за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е до 10 вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 50.000,00 (педесет илјади) евра согласно финансиските извештаи за последните две фискални години, финансирање во максимален износ од 5.000.000,00 (пет милиони) денари,
  • за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 10 до 250 вработени и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 50.000,00 (педесет илјади) евра, а помал од 10.000.000,00 (десет милиони) евра согласно финансиските извештаи за последните две фискални години, финансирање во максимален износ од 10.000.000,00 (десет милиони) денари.

Предлог проектите може да бидат поднесени од поединечен aпликант или од конзорциум предводен од претпријатие или ПЗУ кое ги исполнува критериумите за подобност предвидени со правилникот на инструментот. Поединечен aпликант може да склучи договор за соработка (поддоговор за услуги) за истражување и развој со установи кои вршат високообразовна и/или научноистражувачка дејност од земјата и од странство или друго претпријатие и/или ПЗУ.

Преостанатите 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет на проектот треба да бидат обезбедени од апликантот (средства добиени од Фондот по која било друга основа или која било друга државна помош, нема да се сметаат за прифатливи средства за кофинансирање од страна на апликантот).

РЕДОВНА ПОСТАПКА – финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи (ПЗУ), кои ги исполнуваат условите од Правилникот за Инструментот за кофинансирани грантови за технолошки развој.

СКРАТЕНА ПОСТАПКА или “FAST TRACK”

Апликантите чии предлог проекти не биле одобрени за финансирање од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, а ја поминале фазата на административна проверка и фазата на претселекција, можат повторно да аплицираат на јавен повик по скратена постапка со истиот, односно подобрен предлог проект со кој учествувале на претходен јавен повик на Фондот.

Можноста за аплицирање по скратена постапка важи за сите јавни повици на ФИТР објавени во период од 12 месеци по добиено известување за резултатите од претходниот јавен повик.

Подобни за финансирање под овој инструмент се апликантите кои ги исполнуваат следните критериуми:

  1. да е трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија или приватна здравствена установа основана согласно Законот за установи и Законот за здравствената заштита регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија;
  1. да е претпријатие или ПЗУ со максимум 250 вработени;
  1. годишните приходи на апликантот да не надминуваат 10.000.000,00 (десет милиони) евра според финансиските извештаи за претходните две фискални години;
  1. да не е поврзан со друго претпријатие или ПЗУ каде што збирните годишни приходи надминуваат 10.000.000,00 (десет милиони) евра и збирниот број на вработени да не надминува 250 во претходните две фискални години, освен во случај на поврзаност со високообразовна, односно научно-истражувачка установа;
  1. да нема поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација;
  1. да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
  1. против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;
  1. да ги исполнува условите од Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis)

односно:

  • да нема акумулирано повеќе од 200.000,00 (двестотини илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis);
  • да нема аклумулирано повеќе од 100.000,00 (сто илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот, ако претпријатието е активно во секторот за патен сообраќај, согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis);
  • да не е во потешкотии (претпријатие во потешкотии е претпријатие кое не е во можност да ги исполнува своите обврски од сопствените ресурси или со средства што може да ги добие од својот сопственик/акционерите или кредиторите, за да ги запре загубите, кои без надворешна интервенција од давателите на помош со сигурност ќе доведат до краткорочен и долгорочен престанок со работа на претпријатието); и
  • да не се занимава со производство на јаглен.

Прифатливи активности за финансирање се:

  • прифаќање и спроведување на европските технички прописи во однос на безбедноста на производите;
  • подготовки за стекнување сертификати за квалитет;
  • активности за анализа, подготовка, стекнување и заштита на права од индустриска и интелектуална сопственост;
  • подготовка и спроведување на активности за подобрување на енергетската ефикасност;
  • изработка на елаборати за заштитата на животната средина;
  • подготовка и воспоставување на системи за управување со отпадот;
  • воведување на информациони системи;
  • техничка поддршка од страна на надворешни експерти за подготовка на среднорочни и долгорочни стратешки планови;
  • подготовка на развојни проекти за деловно поврзување и воспоставување на деловна соработка (во период од 3 до 5 години) со странски инвеститори и домашни претпријатија;
  • подобрување на организационата структура за задоволување на растот на фирмата;
  • специјализирани менаџмент обуки – програми за развој и на способностите на менаџмент тимовите;
  • обука за препознавање таленти (идни лидери) и креирање на програми за развој на таленти (идни лидери);
  • обука за планирање и контрола на трошоци;
  • набавка или изработка на специфичен софтвер поврзан со подобрување на организациската структура и перформансот или за подобрување на оперативните процеси кои ќе ја зголемат продуктивноста и/или процесот на планирање.

Прифатливи трошоци за финансирање се:

  • трошоци за техничка поддршка (експертиза), врз  основа на претходно доставен профил на домашни и/или надворешни експерти што ќе се ангажираат на проектот;

    – трошоци поврзани со постапки пред организации, научно-истражувачки институти, компании и меѓународни организации поврзани со стекнување на сертификати за квалитет, стекнување на патенти и други права од интелектуална сопственост, како и други документи поврзани со инвестициските активности, што се издаваат од сертифициран субјект;

    – трошоци за договорни услуги за истражување и развој (пр. тестирање, лабораториски услуги и слично);

    – трошоци за набавка, изнајмување и/или изработка на опрема и хали, софтвер, алатки од информатичка технологија и друг вид на основни ИКТ средства, директно поврзани со реализација на проектот за технолошки развој;

    – трошоци поврзани со подготовка и реализација на обуки;

    – трошоци поврзани со спроведување на план за подобрена организациона структура на апликантот; и

    – други оперативни трошоци директно поврзани со реализацијата на проектот, освен оние кои не се подобни за финансирање преку овој инструмент.

Само трошоците направени за време на проектот во согласност со одобрениот буџет и реализирани до крајот на проектот се подобни за финансирање

При оцената на предлог проектот се користи Табела за оцена на предлог проектите која ги содржи следните главни критериуми за оценување:

Технолошки напредок – 20 поени

Квалитетет на проект – 15 поени

Капацитет на проектниот тим – 15 поени

Потенцијал на пазарот – 30 поени

Влијание – 20 поени

ЈАВЕН ПОВИК ПО РЕДОВНА ПОСТАПКА:

Селекцијата на предлог проектите се состои во неколку чекори

– Административна проверка на предлог проектите (дали предлог проектот е комплетен и во согласност со условите од јавниот повик)

– Прва оценка на проектот-ПРЕТСЕЛЕКЦИЈА

– Втора оценка на проектот–СЕЛЕКЦИЈА (само за тие предлог проекти кои ќе ја поминат фазата на претселекција)

– Презентација на предлог проектите–PITHCING–ОПЦИОНАЛНО (по барање на Комитетот за одобрување на инвестиции)

– Конечна одлука за финансирање

ЈАВЕН ПОВИК ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА:

– Оценување на проектот – СЕЛЕКЦИЈА од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции

– Презентација на предлог проектите–PITHCING–ОПЦИОНАЛНО (по барање на Комитетот за одобрување на инвестиции)

– Конечна одлука за финансирање

Времетраењето на проектот за кој се доделени финансиски средства преку овој инструмент може да биде до 18 (осумнаесет) месеци.

Корисникот врз основа на оправдани причини може да бара продолжување на времетраењето на проектот со поднесување на образложено писмено барање во кое ќе бидат наведени причините за продолжување. Барањето  се поднесува пред истекот на времетраењето на проектот.

За финансирање проекти под овој повик за овој инструмент обезбеден е вкупен износ од 1.000.000 (еден милион) евра, односно 61.500.000 (шеесет и еден милион и петстотини илјади) денари.

ЈАВЕН ПОВИК ПО РЕДОВНА ПОСТАПКА:

За да аплицира апликантот треба да:

  • ги преземе обрасците со клик на копчето „Преземи документација-редовна постапка“;
  • уредно да ги пополни, потпише и печатира обрасците за Проектна апликација, Буџет на проектот, Изјава на апликантот за прифаќање на условите на Фондот , Прашалник за животна средина и План за транспарентност и комуникација со јавност.
  • да поднесе кратки биографии на главните лица ангажирани на проектот (најмногу за пет лица);
  • да поднесе извод од Тековна состојба од Централниот регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци;
  • да поднесе Биланс на успех поднесен во Централен регистар на Република Северна Македонија за претходните две години, освен за претпријатија кои се регистрирани во истата година кога е поднесен предлог проектот;
  • да поднесе Изјава за сопственичка/основачка структура на Апликантот (заверена на нотар).
  • Да поднесе листа/потврда за бројот на вработени кај Апликантот/претставникот на конзорциумот.

Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик и во PDF формат да се прикачат на формуларот за аплицирање достапен на следниот линк: www.fitr.mk/tehnoloshki-razvoj со клик на копчето „Аплицирај-редовна постапка“.

Останатата документација треба да биде доставена само на македонски јазик.

ЈАВЕН ПОВИК ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА:

За да аплицира апликантот треба да:

  • ги преземе обрасците со клик на копчето „Преземи документација-скратена постапка“;
  • уредно да ги пополни, потпише и печатира обрасците за Проектна апликација, Буџет на проектот, Изјава на апликантот за прифаќање на условите на Фондот , Изјава дека нема промена во задолжителната документација поднесена на претходниот повик на кој аплицирале и дека ги задоволуваат условите за подобност на повикот на кој аплицирале, Изјава дека се работи за ист односно подобрен предлог проект и План за транспарентност и комуникација со јавност.
  • во случај на промени на проекниот тим да поднесе кратки биографии на главните лица ангажирани на проектот (најмногу за пет лица);

Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик и во PDF формат да се прикачат на формуларот за аплицирање достапен на следниот линк: Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик и во PDF формат да се прикачат на формуларот за аплицирање достапен на следниот линк: www.fitr.mk/tehnoloshki-razvoj со клик на копчето „Аплицирај-редовна постапка“.Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик и во PDF формат да се прикачат на формуларот за аплицирање достапен на следниот линк: www.fitr.mk/tehnoloshki-razvoj со клик на копчето „Аплицирај-скратена постапка“.

Останатата документација треба да биде доставена само на македонски јазик.

ЈАВЕН ПОВИК ПО РЕДОВНА ПОСТАПКА: ДО 05 ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА (23.59ч.)

Поради голем интерес и на барање на компаниите, рокот за аплицирање по редовна постапка за јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој е продолжен до 10 февруари, 2020 година (До 23:59 часот).

ЈАВЕН ПОВИК ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА: ДО 27 ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА (23.59ч.)

Сите информаци и документација поврзана со повикот се наоѓаат на следниот линк: www.fitr.mk/tehnoloshki-razvoj и Правилникот за инструментот за поддршка-Кофинансирани грантови за технолошки развој

Пишете ни на: tehnoloshki@fitr.mk

Јавете ни се: +389 2 314 5258

Посетете нѐ во канцелариите на ФИТР (ГТЦ ЛОКАЛ 6 Д.Е.220 ВО СКОПЈЕ)

1. Дали на повикот може да аплицира компанија која е веќе добитник на грант од претходен повик на ФИТР а ги исполнува критериумите за учество?

На повикот може да учествува компанија која е веќе е финансиски поддржана во рамките на друг повик на Фондот доколку ги исполнува сите критериуми за подобност, но предлог проектот мора да биде различен од оној за кој веќе добила грант за ко-финансирање.

2. Колкав е најмалиот период од отворањето на правен субјект – новооснована компанија, за да биде подобна да аплицира?

Не е предвиден таков рок во критериумите за подобност на апликант. Основен критериум е компаниите да не се постари од шест години од денот на основање на правниот субјект до денот на аплицирање (секако доколку се исполнети сите критериуми за подобност на апликант).

3. Како се дефинира кој може да аплицира?

Секое правно лице основано во согласност со Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на РМ доколку ги исполнува наведените услови на повикот може да аплицира. Истото треба да е во сопственост на физичко лице/а и/или микро, мало, или средно претпријатие (со мнозинска македонска сопственост со 50,1% или повеќе) и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност (со сопственички удел во апликантот до 20%) како и годишните приходи на претпријатието да не надминуваат 1.000.000,00 (еден милион) евра според финансиските извештаи за претходните две фискални години.

4. Дали може една фирма да аплицира за повеќе грантови доколку има подружници?

Една фирма може да аплицира со повеќе проекти, но не преку подружница.

5. Кај новооснованите фирми, ако се работи за фирма сестра на веќе постоечка компанија, дали би требало новата фирма да има вработени или тие треба да се дел од проектниот тим?

Новосонованата компанија не е неопходно да има вработени, но треба да имате предвид дека еден од клучните критериуми за оценка на предлог проектот е и капацитетот на проектниот тим.

6. Фирмата во моментов нема вработено лица но доколку предлог проектот е позитивно оценет и добие финансиска поддршка, лицата наведени во проектниот тим ќе бидат вработени во фирмата. Дали ова се смета како проблем и како да се реши проблемот со ангажман на лица кои во моментот на аплицирање се вработени на друго место кое би го напуштиле за да работат на проектот доколку проектот ќе биде одобрен за финансирање?

Во проектната и буџетската апликација мора да се наведат лицата кои ќе бидат ангажирани на проектот како дел од проектниот тим. Доколку тие во моментов работат на друго место, проблемот може да се реши преку склучување пред-договори, од кои при оцената на проектот ќе се види капацитетот на потенцијалниот тим, а нивното вработување ќе биде условено од одобрување на проектот.

7. Може ли постоечки вработени да бидат ангажирани за проектот?

Да, но не може да земаат плата од две места.

8. Што ако се смени некој од вработените во текот на времетраењето на проектот?

Со оглед на тоа дека капацитетот на проектниот тим е еден од критериумите при оценување на апликацијата, вработениот мора да биде заменет со лице со соодветни квалификации.

9. Што означува поимот „потврден концепт“?

„Потврден концепт“ е спроведување на конкретен метод или идеа со цел да се прикаже неговата одржливост или да се докаже дека тој има потенцијал за практична примена. Нивото на развој на концептот е различен за секоја индустрија односно одделен проект може да биде демонстриран на различен начин.

10. Дали добитникот на грант треба веднаш и во целост да го обезбеди својот дел од ко-финансирањето од самиот почеток на проектот?

Корисникот на ко-финансиран грант не е задолжително да го обезбеди во целост својот дел пред почетокот на реализацијата на проектот. Согласно текстот на повикот и правилникот за инструментот, средствата се исплаќаат на квартална основа, во согласност со одобрениот буџет на проектот авансно за секој квартал. Односно апликантот ги уплаќа своите 15% од сумата предвидена за кварталот, по што се исплаќаат и средствата од ФИТР од одобрениот буџет за кварталот (најмногу 85%).

11. Согласност планираните трошоци за активностите за предлог проектот со кој сакаме да аплицираме, при набавка на добрата и услугата кои надминуваат одреден износ кога треба да се соберат понудите?

Понудите не е неопходно да се достават во процесот на аплицирање, но би било корисно да ги имате бидејќи на тој начин ќе можете попрецизно да го предвидите буџетот.

12. Доколку биде одобрена апликацијата за финансирање, дали има услов или рок по завршувањето на проектот, во кој производот од пред-комерцијална фаза треба да биде пласиран на пазарот?

Нема одреден рок и таква обврска, но доколку биде успешно пласиран на пазарот и почне да генерира приходи во рок од пет години по завршувањето на проектот ко-финансиран од ФИТР, тие приходи се основа за плаќање на 5% годишно ројалти кон ФИТР.

13. Дали трошокот за наем на простор е прифатлив трошок?

Канцелариска и деловна поддршка во која спаѓа и наем на деловен простор, режиски трошоци, банкарски провизии, сметководствени услуги, хостинг и останати видови на административни трошоци во максимален износ од 15% (петнаесет проценти) од вкупниот буџет на проектот се сметаат за прифатлив трошок. Средствата за канцелариска и деловна поддршка се доделуваат на квартална основа, како вкупен износ, за подставките за кои постои доказ за направен трошок.

14. Дали постои судир на интереси при изнајмувањето на просторот?

Не може да се изнајмува деловен простор од закуподавец кој учествува во активностите на проектот или е капитално поврзан со претпријатието корисник.

15. Што ако периодот додека се одлучува за одобрување на инвестицијата предложениот простор биде изнајмен и треба да се најде нов?

Доколку биде одобрен проектот до ФИТР треба да се достави известување за новоизнајмениот простор.

16. Што значи капитална поврзаност?

Под поимот капитална поврзаност се означуваат компании кои имаат директни и индиректни вертикални и хоризонтални инвестициски врски со други претпријатија.

Според критериумите за подобност за аплицирање годишните приходи на претпријатието апликант не смее да надминуваат 1.000.000,00 (еден милион) евра според финансиските извештаи за претходните две фискални години, односно да не е капитално поврзано (согласно Законот за трговски друштва) со друго претпријатие каде што збирните годишни приходи на двете претпријатија надминуваат 1.000.000,00 (еден милион) евра во претходните две години, освен во случај на капитална поврзаност со високообразовна, односно научноистражувачка установа.

17. Дали може да се аплицира со предлог проект поврзан со производи со одреден степен на алкохол и што се подразбира под поимот „дестилирани пијалоци и сродни производи“?

Сите индустрии и сектори се подобни за финансирање под овој инструмент, со исклучок на неколку меѓу кои и производство и трговија на дестилирани алкохолни пијалаци и сродни производи. Поимот „дестилирани пијалоци“ означува дека тоа се алкохолни пијалоци кои се добиваат исклучиво со примена на дестилација на преработени земјоделски (растителни) производи, односно дека тие се добиени со примена на алкохолна ферментација на дефинирани земјоделски производи со примена на квасци или некои специфични видови бактерии, со што се добива природен алкохол во пијалокот или со последователна дестилација на ферментираните земјоделски производи (овде спаѓаат пиво, вино, сидер, ракија, виски и сл.)

Поимот „сродни производи“ означува дека тоа се пијалоци кои содржат алкохол но не значи дека се добиени исклучиво со дестилација, туку за нивното производство може да се користи и природно дестилиран алкохол со додавање на различни растителни или други производи.