ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации

Врз основа на член 25 од Закон за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/2013, 137/2013, 41/2014, 44/2015, 6/2016, 53/2016, 190/2016 и 64/2018), Правилникот за управување на инструментите за поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој и Правилникот за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновацииФондот за иновации и технолошки развој на 30.03.2019 година објавува Јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под Инструментот за поддршка – Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации.

Целта на Инструментот за поддршка ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации е да потикне зголемување на активности за истражување и развој во приватниот сектор, да се охрабри соработката поме{у приватниот сектор и приватниот сектор со високообразовните и научноистражувачките установи, како и останати форми на соработка за комерцијализација на иновации.

Инструментот е наменет за микро, мали и средни претпријатија и приватни здравствени установи (во натамошниот текст: ПЗУ) кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие, установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност или ПЗУ. Инструментот нуди финансиска поддршка на претпријатија и ПЗУ регистрирани во Република Македонија со цел да развијат и имплементираат иновативни решенија, вклучувајйи поддршка за претпријатија и ПЗУ со висок потенцијал за раст.

Поддршката преку овој инструмент йе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) се’ до предкомерцијална (пред-пазарна) фаза.

Преку овој инструмент Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува финансиска поддршка и тоа:

  • за микро и мали претпријатија финансирање до 7096 од вкупниот буџет на проектот, за средни претпријатија финансирање до 6096 од вкупниот буџет на проектот и
  • за ПЗУ чиј просечен број на вработените е до 50 работници и чиј годишен приход во последните две години не надминува 2.000.000 евра во денарска противвредност финансирање до 7094 од вкупниот буџет на проектот и
  • за ПЗУ чиј просечен број на вработените е до 250 работници и чиј годишен приход во последните две години не надминува 10.000.000 евра во денарска противвредност финансирање до 6096 од вкупниот буџет на проектот.

Независно од големината на претпријатието (микро, мало или средно претпријатие), односно остварените приходи/број на вработени во ПЗУ-то, максималниот износ на финансиска поддршка од Фондот не може да го надмине износот од 325.000 евра во денарска противредност по среден курс на Народна банка на Република Македонија на денот на исплатата.

Преостанатиот износ од вкупниот буџет за проектот се обезбедува од страна на апликантот.

Средства добиени од Фондот по која било друга основа или која било друга државна помош, нема да се сметаат за прифатливи средства за ко-финансирање од страна на апликантот.

За финансирање проекти под овој повик за овој инструмент обезбеден е вкупен буџет од 5.000.000,00 (пет милиони) евра во денарска противредност.

 

Подобни за финансирање под овој инструмент се апликантите кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • да е трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија или да е приватна здравствена установа основана согласно Законот за установи и регистрирана во Централниот регистар на Република Македонија;
  • да е микро, мало или средно претпријатие или приватна здравствена установа (до 250 вработени);
  • да е во мнозинска македонска сопственост (50,1% или повеќе);  
  • да е во сопственост на физичко лице/а и/или микро, мало или средно претпријатие (со мнозинска македонска сопственост со 50,1% или повеќе) и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност (со сопственички удел во апликантот до 20%) а во случај на апликант ПЗУ да е во сопственост на физичко лице/а и/или правно лице/а чии годишни приходи во последните две години не надминуваат 10.000.000 евра во денарска противвредност и просечниот број на вработени да е до 250 работници и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност (со сопственички удел во апликантот до 20%);
  • годишните приходи на апликантот да не надминуваат 10.000.000,00 евра, според финансиските извештаи за претходните две фискални години;
  • да не е капитално поврзан со друго претпријатие или ПЗУ каде што збирните годишни приходи надминуваат 10.000.000,00 евра во претходните две фискални години, освен во случај на капитална поврзаност со високообразовна, односно научноистражувачка установа;
  •  против него да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација;
  •  да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;  
  • против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;

Прифатливи активности за финансирање се:

  • активности за истражување и развој;
  • активности за тестирање;
  • активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост;  
  • дизајн;
  • развој на пилот линии;
  • активности поврзани со обезбедување квалитет и активности за маркетинг и продажба (насочени кон доведување на иновацијата до инвестмциска подготвеност и зрелост за воведување на пазарот).

Прифатливи трошоци за финансирање се:

  • бруто плати (за лица вработени кај корисникот и членовите на конзорциумот). Износите на бруто плати за вработените лица ангажирани на проектот треба да соодветствуваат на воспоставените практики на корисникот пред почетокот на проектот;
  • набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни  материјали за истражување и развој;
  • поддоговорни услуги за истражување и развој (пр. тестирање, лабараториски услуги и сл.), ангажирање на експерти/советници за истражување и развој;
  • ангажирање на консултанти за останати потреби дирекно поврзани со очекуваните резултати на проектот  подготовка и поднесување на пријава за патент, заштита на трговска маркаи/или индустриски дизајн;

Единствено трошоците настанати за активности спроведени за времетраење на проектот, а кои се во согласност со одобрениот буџет на проектот и правилата и процедурите на Фондот се подобни за финансирање.

Основните критериуми за евалуација на проекти и доделување средства под овој инструмент се:

  • степен на иновативност;
  • квалитет на проектот;
  • КаПаЦИТеТ на проектниот тим; потенцијал на пазарот и влијание;

Основните критериуми и подкритериуми за евалуација на проектите се дадени во образецот на

Табелата за евалуација

Во случај на успешна реализација на проектот, корисникот има обврска за отплата на ројалти кон Фондот во износ од 5% од вкупниот приход генериран од резултатите на проектот, во времетраење од 5 (пет) години по завршувањето на проектот, или пак до исплата на 120% од доделената сума. Доколку резултатите на проектот не генерираат приход во период од 5 (пет) години по завршувањето на проектот, доделените средства се неповратни.

Плаќањето на ројалти ќе се пресметува годишно од страна на Фондот во тековната година за претходната година, и треба да биде платено од страна на Корисникот кон Фондот до 31 март во тековната година за претходната година.

Времетраењето на проектот за кој се доделени финансиски средства преку овој инструмент може да биде до 24 (дваесет и четири) месеци.

За да аплицира апликантот треба да:

  • ги преземе обрасците со клик на копчето „Преземи документација-редовна постапка“;
  • уредно да ги пополни, потпише и печатира обрасците за Проектна апликација, Буџет на проектот, Изјава на апликантот за прифаќање на условите на Фондот , Прашалник за животна средина и План за транспарентност и комуникација со јавност.
  • да поднесе кратки биографии на главните лица ангажирани на проектот (најмногу за пет лица);
  • да поднесе извод од Тековна состојба од Централниот регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци;
  • да поднесе Биланс на успех поднесен во Централен регистар на Република Северна Македонија за претходните две години, освен за претпријатија кои се регистрирани во истата година кога е поднесен предлог проектот;
  • да поднесе Изјава за сопственичка/основачка структура на Апликантот (заверена на нотар).
  • Да поднесе листа/потврда за бројот на вработени кај Апликантот/претставникот на конзорциумот.

Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик и во PDF формат да се прикачат на формуларот за аплицирање достапен на следниот линк:  со клик на копчето „Аплицирај-“.

Останатата документација треба да биде доставена само на македонски јазик.

 

Рокот за аплицирање за јавниот повик за кофинансирани грантови за комерцијализација на иноцации е до 15 маj, 2019 година (До 23:59 часот).

 

Јавете ни се: +389 2 314 5258

Посетете нѐ во канцелариите на ФИТР (ГТЦ ЛОКАЛ 6 Д.Е.220 ВО СКОПЈЕ)

1. Што се финансира под инструментот „Кофинансирани грантови за комерцјализација на иновации“? Што се подразбира под иновација во рамки на инструментот?

Во рамки на инструментот „Кофинансирани грантови за комерцјализација на иновации“ се ко-финансираат трошоци за развој на иновации (производ, услуга, работен процес) во сите фази од концепт, истражување, преку развој на прототип, тестирање и сертифицирање, заштита на права од интелектуална сопственост, до маркетинг за пазар.

Под иновација се подразбира:

  • Развој на нов или значително подобрен производ, услуга, процес или маркетинг иновација (вклучително и технички спецификации, компоненти и материјали, вграден софтвер, ориентација кон корисници и други функционални карактеристики, маркетинг или друг организациски метод во работењето, во организација на работните односи или односите на правното лице со околината) со одржлив бизнис модел.

Воведувањето на иновацијата, како новина во работењето на компанијата, треба да придонесе за:

  • значително зголемување на конкурентската способност на компанијата апликант
  • пласман на нови пазари и/или отворање на нови сегменти од постоен пазар
  • значителна додадена вредност за компанијата

2. Дали на повикот може да аплицира компанија која е веќе добитник на грант од претходен повик на ФИТР а ги исполнува критериумите за учество?

На повикот може да учествува компанија која е веќе е финансиски поддржана во рамките на друг повик на Фондот доколку ги исполнува сите критериуми за подобност, но предлог проектот мора да биде различен од оној за кој веќе добила грант за ко-финансирање.

3. Колкав е најмалиот период од отворањето на правен субјект – новооснована компанија, за да биде подобна да аплицира?

Не е предвиден таков рок во критериумите за подобност на апликант.

4. Како се дефинира кој може да аплицира?

Може да аплицира трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија или да е приватна здравствена установа основана согласно Законот за установи и регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија доколку ги исполнува наведените услови на повикот. Истото треба да е во сопственост на физичко лице/а и/или микро, малo или среднo претпријатие (со мнозинска македонска сопственост со 50,1% или повеќе) и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност (со сопственички удел во апликантот до 20%), а во случај на апликант ПЗУ да е во сопственост на физичко лице/а и/или правно лице/а чии годишни приходи во последните две години не надминуваат 10.000.000 евра во денарска противвредност и просечниот број на вработени да е до 250 работници и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност (со сопственички удел во апликантот до 20%) како и останатите критериуми за подобност согласно член 8 од правилникот.

5. Кај новооснованите фирми, ако се работи за фирма сестра на веќе постоечка компанија, дали би требало новата фирма да има вработени или тие треба да се дел од проектниот тим?

Новосонованата компанија не е неопходно да има вработени, но треба да имате предвид дека еден од клучните критериуми за оценка на предлог проектот е и капацитетот на проектниот тим.5.

6. Може ли постоечки вработени да бидат ангажирани за проектот?

Да, може.

7. Што ако се смени некој од вработените во текот на времетраењето на проектот?

Со оглед на тоа дека капацитетот на проектниот тим е еден од критериумите при оценување на апликацијата, вработениот мора да биде заменет со лице со исти или подобри квалификации.

8. Дали добитникот на грант треба веднаш и во целост да го обезбеди својот дел од ко-финансирањето од самиот почеток на проектот?

Корисникот на ко-финансиран грант не е задолжително да го обезбеди во целост својот дел пред почетокот на реализацијата на проектот. Уплатите се прават на квартална основа, во согласност со одобрениот буџет на проектот за секој квартал однапред. Односно апликантот прв го уплаќа својот дел од сопственото кофинансирање за кварталот, по што се исплаќаат и средствата од ФИТР согласно одобрениот буџет.

9. Согласност планираните трошоци за активностите за предлог проектот со кој сакаме да аплицираме, при набавка на добрата и услугите кои надминуваат одреден износ кога треба да се соберат понудите?

Понудите не е неопходно да се достават во процесот на аплицирање, но би било корисно да ги имате бидејќи на тој начин ќе можете попрецизно да го предвидите буџетот.

10. Дали трошокот за наем на простор е прифатлив трошок?

Да и истиот може да го предвидите под ставката Канцелариска и деловна поддршка во максимален износ од 10% (десет проценти) од вкупниот буџет на проектот.

11. Дали постои судир на интереси при изнајмувањето на просторот?

Не може да се изнајмува деловен простор од закуподавец кој учествува во активностите на проектот или е капитално поврзан со претпријатието корисник.

12. Дали може да се набавува опрема?

Можно е ко-финансирање на набавка на опрема доколку опремата е наменета за истражување и/или развој (производство) на иновативен производ, услуга, процес, маркетинг иновација. Притоа, набавката на опремата не треба да биде доминантна компонента во проектот во однос на развојниот дел (истражување, тестирање, сертифицирање, маркетинг…).

13. Дали со Инструментот Кофинансирани грантови за комерцјализација на иновации како трошок може да се стави проширување односно изградба на хали што во следна фаза, како дел од проектот, може да генерираат иновација?

Не. За изградба на хали предвидена е поддршка во рамки на инструментотите: Кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („Газели“) и Кофинансирани грантови за микро претпријатија компанијата апликант за тој сегмент може да аплицира под тие инструменти, додека за развојниот дел може да аплицира за ко-финансирање преку инструментот Кофинансирани грантови за комерцјализација на иновации.

14. Што значи капитална поврзаност?

Под поимот капитална поврзаност се означуваат компании кои имаат директни и индиректни вертикални и хоризонтални инвестициски врски со други претпријатија.

Според критериумите за подобност за аплицирање годишните приходи на претпријатието апликант не смее да надминуваат 10.000.000,00 (десет милиони) евра според финансиските извештаи за претходните две фискални години, односно да не е капитално поврзано (согласно Законот за трговски друштва) со друго претпријатие каде што збирните годишни приходи на двете претпријатија надминуваат 10.000.000,00 (десет милиони) евра во претходните две години, освен во случај на капитална поврзаност со високообразовна, односно научноистражувачка установа.

15. Дали може две или повеќе капитално поврзани претпријатија да аплицираат со различни проекти?

Две или повеќе капитално поврзани претпријатија може да аплицираат со два различни проекти, меѓутоа треба да се внимава на дозволениот износ и условите за доделување на финансиска помош согласно Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis) и Уредбата за начинот и условите за доделување на хоризонтална помош, соодветно.

16. Дали може да се аплицира на повикот ако проектот е веќе помогнат од друг извор?

Може да се аплицира, доколку не се предвидат трошоци за реализација на активности кои претходно биле финансирани од други извори.

17. Дали може да се аплицира со предлог проект поврзан со производи со одреден степен на алкохол и што се подразбира под поимот „дестилирани пијалоци и сродни производи“?

Сите индустрии и сектори се подобни за финансирање под овој инструмент, со исклучок на неколку меѓу кои и производство и трговија на дестилирани алкохолни пијалаци и сродни производи. Поимот „дестилирани пијалоци“ означува дека тоа се алкохолни пијалоци кои се добиваат исклучиво со примена на дестилација на преработени земјоделски (растителни) производи, односно дека тие се добиени со примена на алкохолна ферментација на дефинирани земјоделски производи со примена на квасци или некои специфични видови бактерии, со што се добива природен алкохол во пијалокот или со последователна дестилација на ферментираните земјоделски производи (овде спаѓаат пиво, вино, сидер, ракија, виски и сл.)

Поимот „сродни производи“ означува дека тоа се пијалоци кои содржат алкохол но не значи дека се добиени исклучиво со дестилација, туку за нивното производство може да се користи и природно дестилиран алкохол со додавање на различни растителни или други производи.

18. Дали делот од буџетот кој го обезбедува апликантот мора да биде во пари?

Да, при што средствата добиени од Фондот по која било друга основа, како и средствата добиени по основ на која било друга државна помош, нема да се сметаат за прифатливи средства за кофинансирање од страна на Апликантот.

19. Доколку се добие кофинансиран грант, како се користат средствата?

Уплатата на средствата се вршат на посебна наменска сметка која Корисникот ја отвора пред потпишувањето на договор за Фондот. Уплатата на средствата за ко-финансирање од страна на Корисникот, како и од страна на Фондот, се прави на квартална основа, пред почетокот на секој квартал. Тоа значи дека по потпишување на договор со Фондот, Корисникот треба да го уплати износот на сопственото ко-финансирање за прв квартал, а по доставување на извод од сметка (како доказ дека уплатата е направена) Фондот ја прави уплатата на својот дел од финансирањето за прв квартал.

Постапката се повторува секој нареден квартал со таа разлика што за исплатите за секој нареден квартал, покрај доставен извод за направена уплата на сопственото ко-финансирање, Корисникот ќе треба да достави извештај за претходниот квартал кој Фондот треба да го одобри и да има 70% искористеност на средствата од претходниот квартал.

Инаку, износот на средства по квартал го определува Корисникот при пополнување на буџетот кој е еден од задолжителните обрасци при аплицирање. При изготвување на буџетот Корисникот определува за секој трошок во кој квартал ќе се врши плаќањето и врз таа основа се определуваат вкупните износи по квартал и вкупниот буџет.

20. Дали средствата кои ги доделувате за проектни активности, се повратни или неповратни?

Во рамки на Инструментот за комерцијализација на иновации, Фондот кофинансира грантови од кои се очекува поврат на средствата преку плаќање на ројалти.

РОЈАЛТИ СЕ ПЛАЌА САМО ВО СЛУЧАЈ НА УСПЕШНА КОМЕРЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ИНОВАЦИЈАТА, ОДНОСНО ДОКОЛКУ КОРИСНИКОТ ОСТВАРИ ПРИХОД ОД ПРОЕКТОТ ЗА КОЈ ИМА ДОБИЕНО СРЕДСТВА ОД СТРАНА НА ФОНДОТ.

Ако во рок од 5 години од завршувањето на проектот не дојде до комерцијализација (остварен приход од проектот), по истекување на овој рок за корисникот на средствата на Фондот престанува обврската за плаќање на ројалти.

Во случај на успешна комерцијализација, плаќањето на ројалти ќе се врши по стапка од 5% (пет проценти) од годишниот приход остварен САМО ОД ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДОТ /УСЛУГАТА КОИ СЕ РЕЗУЛТАТ НА ПРОЕКТОТ, СЕ ДОДЕКА НЕ СЕ ОСТВАРИ ПОВРАТОК НА 120% (СТО И ДВАЕСЕТ ПРОЦЕНТИ) ОД ИЗНОСОТ НА ФИНАНСИРАЊЕ ДОБИЕНО ОД ФОНДОТ или за период од 5(пет) години по завршувањето на проектот, во зависност од тоа кој услов е прво постигнат.

Пример 1 (грант од 30.000,00 евра ,поврат на 120% од износот добиен од ФИТР)

Доколку корисникот во првата година по завршување на проектот има остварено значителни приходи кои се резултат на проектот поддржан од страна на ФИТР во износ од 720.000 евра (5% од 720.000 = 36.000 евра) во тој случај корисникот има оврска по основ на ројалти да уплати сума во износ од 36.000 евра. Со оваа уплата корисникот има вратено 120% од добиениот грант од ФИТР и на тој начин му престанува обврската која ја има кон ФИТР.

Пример 2 (грант од 30.000 евра, поврат на 5% годишен приход од проектот финансиран од ФИТР во период од 5 години по завршување на проектот)

Доколку корисникот во првите две години по завршување на проектот не генерира приходи од проектот кој е ко-финансиран од страна на ФИТР за тие 2 години тој нема обврска за уплата на ројалти. Доколку во наредните 3 години корисникот започнува да генерира приходи во износ од 20.000,00 евра годишно од проектот кој е кофинансиран од страна на ФИТР во тој случај корисникот годишно има обврска до 31.03 нареднта година да уплати износ од 1.000 евра по основ на ројалти. Со ова по истекот на 5тата година од завршување на проектот корисникот ќе има уплатено ројалти во вкупен износ од 3.000 евра (последните три години по 1.000 евра) и по истекот на овие 5 години му завршува обврската која ја има кон ФИТР.

Со цел за што поточно евидентирање на приходите кои се остварени САМО ПРЕКУ ПРОЕКТОТ ЗА КОЈ ИМА ДОБИЕНО КОФИНАНСИРАН ГРАНТ ОД СТРАНА НА ФИТР корисникот има обврска да води посебна сметководствена евиденција.