Menu
Повикот е затворен
Истражувачките проекти треба да бидат од областите на природните и техничките науки. Процесот на истражување треба да се основа на „научен метод“, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда/модификација на хипотеза по пат на експеримент и набљудување.
Времетраењето на истражувачкиот проект не треба да надминува 6 (шест) месеци.
Предложените проекти треба да резултираат со видливи резултати, како што се на пример истражувачки есеј, изработка на проектна задача, изработка на прототип, аудио-визуелен материјал, дигитален материјал и слично.
Предложените истражувачки проекти треба да бидат комплементарни на наставните програми и да соодветствуваат со когнитивните способности на возрасната група.
Вкупниот буџет за овој предизвик изнесува 1.500.000 (еден милион и петстотини илјади) денари.
Ќе бидат доделени награди во две категории:
Буџетот на поединечен предлог проект не може да надминува 300.000 (триста илјади) денари.
Средствата ќе бидат исплатени авансно, во две рати и тоа, првата рата во износ од половина од вкупниот буџет на проектот ќе биде исплатена по потпишување на Договорот за доделување на награда, втората рата ќе биде исплатена согласно динамиката на трошење на средствата откако ќе бидат потрошени минимум 80% од првата исплата.
На сите претселектирани учеснички и учесници, од страна на Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за образование и наука на Република Македонија ќе им бидат доделени сертификати за учество.
Наставниците и наставничките кои ќе ги предводат првонаградените тимови во двете категории за успешно спроведениот проект ќе добијат и награда во максимален износ од 30.000 ден по наставник/наставничка за покривање на трошоци за стручно усовршување на обука/семинар/конференција по сопствен избор. Средствата од наградата може да се искористат во рок од 1 (една) година од нивното примање.
Опремата набавена со средствата доделени преку наградите ќе остане во сопственост на училиштата добитници на наградите.
Фондот го задржува правото да не ги додели сите награди доколу нема доволно квалитетни предлог-проекти или не се исполнети условите за доделување на наградата согласно Правилата.
Активностите предвидени во предлог проектот треба да соодветствуваат на активностите на истражување и развој, односно предлог проектот треба да вклучува активности кои ќе ја тестираат дефинираната хипотеза по пат на експеримент и набљудување.
Трошоците предвидени во буџетот на проектот треба да соодветствуваат на активностите предвидени во проектната апликација.
Трошоци подобни за финансирање се:
Единствено трошоците настанати за активности спроведени за времетраење на проектот се подобни за финансирање.
Фондот го задржува правото да преговара со победниците по однос на дефинирање на активностите и буџетот на проектот на основа на препораки добиени од Комисијата за оценување и избор пред потпишување на Договорот за доделување на награда.
При формулирањето на предлог проектите, како и при нивното спроведување натпреварувачите и добитниците на наградите треба да се придржуваат до основните етички принципи на истражувачката работа и тоа:
Оценувањето, селекцијата и донесувањето на конечна одлука за избор на добитници на наградите, се врши од страна на Комисија за оценување и избор.
Оцената на проектите се состои од неколку чекори:
Фондот го задржува правото за измена на горенаведените рокови.
Секој предлог-проект се оценува од Комисијата за оценување и избор, која се состои од:
Секој предлог проект ќе биде оценуван по следните критериуми:
Критериум | Вредност |
1. Усогласеност на предлог проектот со целите на јавниот повик Најмногу поени под овој криетриум ќе добијат оние предлог-проекти кои ќе понудат оригинални идеи за истражувачки прокти кои се комплементарни со наставните програми но не се застапени или се недоволно застапени во образовниот процес. Најмногу поени ќе добијат и оние предлог-проекти кои активно ги вклучуваат членовите на тимот во генерирање на научно знаење. Предност ќе имаат проекти со интердисциплинарен карактер. | 25% |
2. Капацитет на проектниот тим Најмногу поени под овој критериум ќе добијат натпреварувачите чиј пректен тим вклучува членови со различни мотиви, вештини и способности соодветни на активностите предвидени во предлог проектот. | 30% |
3. Квалитет на предлог-проектот Најмногу поени под овој критериум ќе добијат оние предлог-проекти кои јасно и адекватно ги имаат дефинирано хипотезата, фазите на истражување и развој и очекуваните резултати. | 25% |
4. Применливост на резултатите од истражувањето и дисеминација Најмногу поени под овој критериум ќе добијат натпреварувачите чии предлог-проекти водат кон резултати кои имаат потенцијал за практична примена во индустријата или резултати од општествен интерес. Најмногу поени ќе добијат и оние проекти кои предвидуваат дисеминација на резултатите од проектот во насока на мултипликација на искуствениот научно-истражувачки процес и стекнатото знаење. | 20% |
Вкупно | 100% |
За да се пријави на Предизвикот за млади научници секој натпреварувач треба да:
Бараните документи треба да се пополнети на македонски јазик и во PDF формат да се испратат на следната e-мaил адреса: predizvikzamladi@fitr.mk
Пријавувањето на Предизвикот за млади истражувачки и истражувачи трае до 15.02.2018 година заклучно со 23.59 часот.
За доделување награди ќе бидат земени предвид само оние предлог – проекти кои се пополнети во обрасците определени за овој предизвик од страна на Фондот, доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок.
Правилата и процедурите за спроведување, следење и надзор на проектот се дефинирани во документот Правила за организирање и спроведување на натпревари или предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата.
За сите дополнителни информации можете:
Со цел да ви помогнеме при подготовка на предлог-проектите, за времетраење на повикот Фондот ќе организира инфо-настани и консултативни средби. Информациите за овие активности ќе бидат навремено објавувани на веб-страницата на Фондот и на нашиот facebook профил.
Necessary cookies are absolutely essential for the website to function properly. This category only includes cookies that ensures basic functionalities and security features of the website. These cookies do not store any personal information.
Any cookies that may not be particularly necessary for the website to function and is used specifically to collect user personal data via analytics, ads, other embedded contents are termed as non-necessary cookies. It is mandatory to procure user consent prior to running these cookies on your website.