Јавен повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19

Заради голем интерес и над 2000 симнати апликациски пакети, на барање на домашните компании но и поради зголемен прилив на апликации на последниот ден за аплицирање поради што настануваат и технички проблеми, рокот за аплицирање на јавниот повик за брзо прилагодување на Ковид -19 се продолжува до 03.07.2020 до 14.00 часот.


Врз основа на член 25 став 4 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18), Правилникот за  за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19 Фондот за иновации и технолошки развој на 29.05.2020 година објавува Јавен повик за поднесување на предлог проекти за финансирање под Инструментот за поддршка- Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19.

Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи (во понатамошниот текст само „ПЗУ“) за надминување на последиците од КОВИД-19, кои ги исполнуваат условите наведени во Правилникот за  за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19.

Доколку претпријатијата погодени од КОВИД-19 воведат нови методи и технологии во своето работење и мерки за заштита на здравјето на вработените и клиентите, тие можат да одржат задоволително ниво на продуктивност, да генерираат приходи преку нови канали на продажба, да воведат нови производи или услуги кои ќе одговорат на промените во побарувачката.

Поддржаните претпријатија во рок од 6 месеци од завршување на проектот, очекувано е да се вратат на ниво на остварени приходи пред кризата како резултат на прилагодувањата направени во нивниот модел на функционирање.

Преку овој Инструмент Фондот обезбедува финансиска поддршка до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 3.000.000,00 (три милиони) денари по апликант и тоа:

  • за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е до 10 вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 50.000,00 (педесет илјади) евра согласно финансиските извештаи за последните две фискални години, финансирање во максимален износ од 750.000,00 (седумстотини и педесет илјади) денари,
  • за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 10 до 50 вработени и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 50.000,00 (педесет илјади) евра, а помал од 2.000.000,00 (два милиони) евра согласно финансиските извештаи за последните две фискални години, финансирање во максимален износ од 1.500.000,00 (еден милион и петстотини илјади) денари и
  • за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 50 до 250 и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2.000.000,00 (два милиони) евра, а помал од 10.000.000,00 евра согласно финансиските извештаи за последните две фискални години, финансирање во максимален износ од 3.000.000,00 (три милиони) денари.

Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи (во понатамошниот текст само „ПЗУ“) за надминување на последиците од КОВИД-19, кои ги исполнуваат условите наведени во Правилникот за  за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19.

Доколку претпријатијата погодени од КОВИД-19 воведат нови методи и технологии во своето работење и мерки за заштита на здравјето на вработените и клиентите, тие можат да одржат задоволително ниво на продуктивност, да генерираат приходи преку нови канали на продажба, да воведат нови производи или услуги кои ќе одговорат на промените во побарувачката.

Поддржаните претпријатија во рок од 6 месеци од завршување на проектот, очекувано е да се вратат на ниво на остварени приходи пред кризата како резултат на прилагодувањата направени во нивниот модел на функционирање.

Преку овој Инструмент Фондот обезбедува финансиска поддршка до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 3.000.000,00 (три милиони) денари по апликант и тоа:

  • за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е до 10 вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 50.000,00 (педесет илјади) евра согласно финансиските извештаи за последните две фискални години, финансирање во максимален износ од 750.000,00 (седумстотини и педесет илјади) денари,
  • за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 10 до 50 вработени и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 50.000,00 (педесет илјади) евра, а помал од 2.000.000,00 (два милиони) евра согласно финансиските извештаи за последните две фискални години, финансирање во максимален износ од 1.500.000,00 (еден милион и петстотини илјади) денари и
  • за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 50 до 250 и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2.000.000,00 (два милиони) евра, а помал од 10.000.000,00 евра согласно финансиските извештаи за последните две фискални години, финансирање во максимален износ од 3.000.000,00 (три милиони) денари.

Критериумите за подобност кои треба да ги исполнува поединичен апликант се:

  • да е трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот Регистар на Република Северна Македонија или да е приватна здравствена установа основана согласно Законот за установи и Законот за здравствената заштита регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија;
  • да е претпријатие или ПЗУ со максимум 250 вработени;
  • годишните приходи на апликантот да не надминуваат 1000.000,00 (десет милиони) евра според финансиските извештаи за претходните две фискални години;
  • да не е поврзан со друго претпријатие или ПЗУ чии годишни приходи надминуваат 10.000.000,00 (десет милиони) евра и збирниот број на вработени да не надминува 250 во претходните две фискални години, освен во случај на поврзаност со високообразовна, односно научноистражувачка установа;
  • против него да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација;
  • да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
  • против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;
  • апликанти со над 3 (три ) години на постоење од моментот на аплицирање да немаат генерирана загуба во последните две фискални години согласно официјалните биланси на успех за тие години;
  • да ги исполнува условите од Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis), односно:
  • да нема акумулирано повеќе од 200.000,00 (двестотини илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis);
  • да нема аклумулирано повеќе од 100.000,00 (сто илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот, ако претпријатието е активно во секторот за патен сообраќај, согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis);
  • да не е во потешкотии (претпријатие во потешкотии е претпријатие кое не е во можност да ги исполнува своите обврски од сопствените ресурси или со средства што може да ги добие од својот сопственик/акционерите или кредиторите, за да ги запре загубите, кои без надворешна интервенција од давателите на помош со сигурност ќе доведат до краткорочен и долгорочен престанок со работа на претпријатието); и
  • да не се занимава со производство на јаглен.

Преку овој Инструмент се обезбедува поддршка за следните видови на инвестициски активности:

  • прифаќање и воведување на насоки за заштита на вработените и клиентите поврзани со КОВИД-19
  • подобрување на организационата структура и реорганизација на работниот процес (набавка на суровини, процес на производство, продажбата и сл.)
  • воведување на дигитални решенија со цел прилагодување кон новите услови на функционирање
  • обука за среднорочно планирање на бизнисот (три-годишен бизнис план);
  • набавка или изработка на специфичен софтвер поврзан со подобрување на организационата структура и перформансот или за подобрување на оперативните процеси кои ќе ја зголемат продуктивноста и/или процесот на планирање, или воведување на нови канали на продажба (е-трговија и сл.)
  • воведување на нови производи и/или услуги за кои постои зголемена побарувачка во текот на кризата и периодот на опоравување
  • обука на вработените повзано за овие прилагодувања.

Следните трошоци ќе бидат подобни за финансирање преку овој Инструмент:

  • трошоци за техничка поддршка (експертиза), трошоци за договорни услуги за истражување, развој, дигитализација (пр. тестирање, лабораториски услуги и слично);
  • трошоци за набавка, изнајмување и/или изработка на опрема, софтвер, алатки од информатичка технологија и друг вид на основни ИКТ средства, директно поврзани со реализација на проектот и дититализација на процесите;
  • бруто плати за вработените лица кај корисникот кои ќе бидат ангажирани на проектот, во износ од максимум 25% од вкупниот буџет на проектот, освен доколку се работи за апликанти кои аплицираат согласно член 4, став (2) од овој правилник; Износите на бруто плати на вработените ангажирани на проектот треба да соодветствуваат на воспоставените практики на корисникот пред почеток на проектот, намалени за износот на потенцијална државна субвенција примена по основ на плата;
  • трошоци поврзани со спроведување на план за подобрена организациона структура на Апликантот; и
  • други оперативни трошоци директно поврзани со реализацијата на проектот, освен оние кои не се подобни за финансирање преку овој Инструмент.

Само трошоците направени за време на проектот во согласност со одобрениот буџет на проектот и реализирани до крајот на проектот се подобни за финансирање.

 

Главните критериуми за евалуација на проекти и доделување средства преку овој Инструмент се:

  • технолошки напредок и степен на дигитализација (во кој степен проектот ќе придонесе за дигитализација во процесите, развивање на нов или значајно подобрен производ, услуга и/или работен процес кај Апликантот);
  • квалитет на проектот, 
  • капацитет на проектниот тим; 
  • влијание

Главните критериуми и подкритериуми за евалуација на проектите се дадени во образецот на Табелата за евалуација

 

Времетраењето на проектот за кој се доделени финансиски средства преку овој инструмент може да биде до 12 (дванаесет) месеци.

За финансирање проекти под овој повик за овој инструмент обезбеден е вкупен буџет од 3.300.000.00 милиони евра.

За да аплицира апликантот треба да:

  • ги преземе обрасците со клик на копчето „Преземи документација“;

уредно да ги пополни, потпише и печатира обрасците за :

  1. Проектна апликација;
  2. Буџет на проект;
  3. Кратки биографии од проектниот тим (максимум до пет лица)
  4. Изјава за прифаќање на условите на Фондот;
  5. Изјава за сопственичка структура на апликантот, заверена на нотар;
  6. Листа/потврда за бројот на вработени; 
  7. Потврда/извештај дека апликантот нема доспеани неподмирени обврски над 90 дена кон финансиски инстутиции;

Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик и во PDF формат да се прикачат на формуларот за аплицирање со клик на копчето Аплицирај “.

Останатата документација треба да биде доставена само на македонски јазик.

Поради голем интерес и на барање на компаниите, рокот за аплицирање е продолжен до 03 јули, 2020 година до 14:00 часот.

  1. Дали може да аплицираат стартап компании основани во 2020 година?

Може, бидејќи нема ограничување во однос на староста на претпријатието апликант.

  1. Дали може на повикот да аплицира старт-ап компанија со 1 вработен, која аплицирала на повикот „Кофинансирани грантови за старт-ап и спин-оф компании – Стартапувај-2“, ја има поминато фазата на предселекција и се наоѓа во фаза пред финална селекција?

Може да аплицирате и на овој повик меѓутоа со оглед дека сте аплицирале на друг повик (обајвен во последните 12 месеци) и сте ја поминале фазата на предселекција ќе може да аплицирате за износ не поголем од 35% од вкупниот аплициран износ на претходниот повик.

На пример: доколку на претходниот повик сте побарале кофинансирање од Фондот во износ од 10 000 евра, на овој повик не може да побарате поддршка од Фондот повеќе од 3 500 евра.

  1. Доколку повратот се врши во последните 3 години по 15% од оперативната добивка, дали тоа значи дека треба да го вратиме целиот кофинансиран износ од Фондот или само тие 15% за 3 години?

Повратот на финансиската поддршка доделена од страна на Фондот се врши по стапка од 15% од оперативната добивка на корисникот, до остварување на еден од следниве два услови:

  1. до остварување на поврат на 105% од износот исплатен од страна на Фондот или
  2. за период од 3 (три) години по завршувањето на проектот, во зависност од тоа кој услов е прв остварен.

Обврската за поврат настанува по завршување на проектот и износот на поврат се пресметува од остварената оперативна добивка за годината за која се уплаќа (односно основот за поврат не е остварената добивка пред аплицирање или последните три години).

  1. Во повикот не е наведено дали сопственичката структура треба да биде 51% македонска, па би замолила да не информирате дали е ова задолжителен критериум?

Условите за подобност се наведени во член 7 во Правилникот за овој инструмент. Според наведените услови, сопственоста не е критериум за подобност.

  1. Ве молиме за објаснување каков документ и од која институција е следниот: потврда/ извештај дека апликантот нема доспеани неподмирени обврски над 90 дена кон финансики институции?

Потврда/извештај дека апликантот нема доспеани неподмирени обврски над 90 дена кон финансиски инстутиции заклучно состојба од крај на Февруари 2020 можете да ја извадите од Кредитното Биро на РСМ.- https://mkb.mk/

При вадење на потврдата треба да водите сметка состојбата на долгувањата да биде заклучно крај на Февруари 2020 година.

  1. Листа на вработени – дали е доволно листата издаена од сметководство со печат од фирмата или треба друг документ издаден од друга институција?(пр. АВРМ)

Листа/потврда за бројот на вработени кај апликантот можете да биде од вашето сметководство со потпис на овластено лице на претпријатието и печат од претпријатието или од агенција за вработување (АВРМ).

  1. Биланс на состојба и биланс на успех – дали треба од сметководството на фирмата или од Централен регистар?

Треба да се достави копијата од официјалниот биланс на состојба и успех (завршна сметка) поднесена во Централниот регистар. МЕЃУТОА, со цел намалување на трошокот за апликантите и намалување на документацијата која ја обезбедува апликантот, за овој повик Фондот ќе го обезбеди билансот на состојба и успех за секој апликант преку Централен регистар.

  1. Во Правилникот за инструментот, во делот на неподобни трошоци, пишува дека ДДВ-то е неприфатлив трошок. Дали тоа значи дека сумите во буџетот се пишуваат без ДДВ или со ДДВ?

ДДВ е неподобен трошок и износите во буџетот треба да се без ДДВ.

  1. Дали проектот треба да се регистрира во СЕП и УЈП?

Проектот нема правен статус и не се регистрира ниту во СЕП ниту во УЈП.

  1. Дали за предвидените трошоци за набавка во проектот, во фазата на аплицирање треба да се доставуваат понуди за правдање на бараните суми?

Во фаза на апликација немате обврска да ги доставите понудите.

Во случај проектот да е одобрен за финансирање, по потпишување на договорот а пред правење на набавката, за било која набавка предвидена во буџетот на проектот која надминува износ од 10 000 евра, потребно е до Фондот да доставите минимум три понуди и кратка информација за направениот избор на добавувач.

  1. Дали како апликант може да се јави субјект кој е регистриран како Приватна Установа за социјална заштита на стари лица?

Доколку апликантот е трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и   регистрирано во Централниот Регистар на Република Северна Македонија или е приватна здравствена установа основана согласно Законот за установи и Законот за здравствената заштита регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија, тогаш го исполнувате овој критериум за подобност, согласно член 7 од Правилникот за инструментот.

  1. Дали како апликант може да се јави субјект кој минатата фискална година (2019 год.) пријавило загуба во работењето поради инвестиција во таа фискална година.

Доколку компанијата е постара од три години во моментот на аплицирање, тогаш, согласно условите за подобност (член 7 од Правилникот за инструментот) не треба да има генерирана загуба во последните две фискални години согласно официјалните биланси на успех за тие години. Соодветно на тоа, доколку претпријатието апликант е до 3 години постоење до моментот на аплицирање, за тие претпријатија нема услов да немаат остварена загуба.

  1. Што се подразбира под оперативна добивка на корисникот?

Под оперативна добивка се подразбира остварената бруто добивка на претпријатието пред одземање на трошоци за камата, даноци и амортизација.

  1. Според правилникот, компаниите кои имаат под 10 вработени, а приходи над 50.000 евра, нема да можат да аплицираат. Дали е ова печатна грешка во повикот или дефинирано правило на ФИТР?

Во правилникот не е наведено такво ограничување. Во член 4 од Правилникот, соодветно на големината на претпријатието различни се максималните износи кои можат да бидат побарани од ФИТР.

Во конкретниот случај доколку апликантот има до 10 вработени а годишни приходи поголеми од 50 000 евра, максималниот износ кој може да биде побарано од ФИТР изнесува 1 500 000 денари доколку приходите се до 2 милиони евра. Доколку приходите се над 2 милиони евра а помали од 10 милиони евра тогаш може да се аплицира за поддршка до 3 милиони денари.

  1. Што доколку по некое време фирмата е во потешкотии и нема услови да ги враќа средствата?

Доколку фирмата не остварува оперативна добивка во период од три години по завршување на проектот, согласно официјалните податоци од билансот на успех, за годините за кои нема остварено добивка корисникот нема да има обврска да направи поврат.

  1. Што ако фирмата отиде во стечај во меѓувреме?

 

Во случај да е поднесен предлог за поведување на стечајна постапка против корисникот, корисникот писмено го известува Фондот во рок од 10 (десет) дена од дознавањето за таквиот предлог. Информации за постапување во  вакви случеви може да најдете во Правилникот за инструментот.

  1. Ние сме ИТ фирма, и сме заинтересирани за аплицирање на Инструментот за кофинансирање грантови со цел набавка на опрема, сервери и слично. Моето прашање е дали треба ние да ја имаме претходно набавено опремата па потоа вие да ни доделите средства зависно од критериумите, или најпрво треба да се аплицира, да се чека одбрување на средства па потоа да се набави опремата.

Согласно условите од Правилникот, секоја активност и набавка поврзана со проектот, треба да биде преземена по одобрување на проектот односно по потпишувањето на договорот со Фондот. Согласно член 8 од Правилникот став 2 „само трошоците направени за време на проектот и во согласност со одобрениот буџет се подобни за финансирање“.

  1. Во условите од вашиот повик за надминување на последиците од КОВИД 19, имате наведено дека микро компаниите ќе бидат спонзорирани со максимален износ од 750.000 денари, па прашањето е дали се можни отстапки во поглед на ова ограничување, бидејќи нашиот проект ја надминува зададената максимална сума?

Утврдената сума се определува согласно големината на претпријатието апликант. Доколку Вашиот проект е поголем, можете да го зголемите Вашето учество во проектот како би ја постигнале вкупната потребна сума за реализација на идејата. Ограничување во поглед на износот за целиот проект, нема односно ограничувањето се однесува само на делот кој го финансира Фондот.

  1. Дали можеме да аплицираме со повеќе од една апликација?

Нема ограничување во бројот на проекти со кои може да аплицира една компанија, но треба да водите сметка за капацитетот на реализација на истите во случај да бидат одобрени.

  1. Ние имавме апликации кои ја поминаа фазата на преселекција за повикот Креатон кој што исто така беше организиран од ФИТР (но не добија финансирање), дали и тоа се зема предвид? Дали тоа значи дека сепак максимално може да добиеме 35% поддршка?

Со оглед дека аплициравте на предизвик а не на регуларен повик за инструмент за поддршка на ФИТР за вас не важи ограничувањето (доколку сте аплицирале само на КРЕАТОН и сте ја поминале фазата на претселекција).

  1. Дали има минимален износ на средства што можеме да ги побараме?

Нема ограничување во поглед на минимална сума за која би аплицирале.

  1. Наведено е дека средствата треба рамномерно да се трошат во текот на четирите квартали, но бидејќи нашето претпријатие би набавувало опрема, која што реално би се набавила и имплементирала во првиот квартал и потоа не би имале никакви трошоци, дали тоа се смета за прифатливо?

Доколку проектот трае повеќе од еден квартал согласно член член 8 од Правилникот став 3, износот на секој одделен квартал не треба да се разликува од останатите за повеќе од 30%.

Доколку проектот се реализира во еден квартал, тогаш нема вакво ограничување.

  1. Дали е потребно клиентите поврзани со проектот, да ги вршат своите уплати на наменската сметка на која ќе бидат средствата од поддршката или тоа не е потребно?

Доколку еден проект е добитен, пред потпишувањето на договорот за финансиската поддршка се отвара наменска сметка на која се уплаќаат средствата од Фондот и вашето кофинансирање. Понатаму сите исплати согласно буџетот на проектот се прават преку наменската сметка.

Во случај да имате прилив од продажба, истиот не е задолжително да оди на наменската сметка бидејќи претпријатието корисник сам одлучува на која сметка ќе легнуваат средствата од продажба.

  1. Што поточно се смета за кратка биографија, кои сегменти се најважни за да бидат опфатени?

Биографија или CV (curriculum vitae) e образец на документ кој ги прикажува вештините и квалификациите на членовите на проектниот тим за секој член одделно.

  1. Дали можеме да аплицираме со проект за набавка и монтажа на фотоволтаични панели?

Доколку ги исполнувате условите за подобност наведени во Правилникот може да аплицирате. Воедно, при подготовка на проектот треба да водите сметка за целта на инструментот, активностите подобни за финансирање и критериумите за евалуација (табелата за евалуација е доставена на нашиот сајт со цел да имате увид во критериумите и тежината на секој критериум според кои проектите ќе бидат евалуирани).

  1. Кој почетен датум е оптимален за почеток на реализација на проектот, бидејќи треба да се испланира набавка на  опрема која е основна за дигитализација на работењето ?

За почеток на реализација на проектот, апликантот сам го одбира датумот. Имајте на ум дека рокот за аплицрање е до крај на Јуни по што следува процесот на селекција. При определување на рокот за почеток на проектот (при правење на планот за проектни активности) препорака е активностите да не се пишуваат во планот на активности со конткретни датуми туку на пример прв квартал, прв месец и слично.

  1. Дали повратот на вкупната инвестицијата треба да биде проектирана максимално до три години и од вкупните приходи ?

Немате обврска да правите проекција на поврат. Во третиот дел од буџетот на проектот имате обврска да направите проекција за приходите и добивката на вашето претпријатие во рок од три години по завршување на проектот. Врз основа на бројките од тој образец, во проектната апликацијата треба да дадете објаснување на претпоставките од проекцијата.

  1. Ако реализацијата на проектот трае 12 месеци и заврши во 2021 година 06 месец, која година се зема како базна година за проекција на повратот на инвестицијата?  

Во овој случај 2020 би била базна година.

  1. Ако реализацијата на проектот завршува во 2021 , базна година за поврат на инвестицијата ќе биде 2020. Дали тоа значи дека треба да ги проектираме билансите на компанијата за 2020 и врз основа на тие бројки како базни да изработиме проекција на повратот на инвестицијата ? 

Да, како што е наведено во образецот за финансиска проекција, прво што треба да направите е да внесете податок за „Очекуван износ на приходи во 2020 година, базна година“ (во случај проектот да завршува во 2021). Со оглед дека 2020 е уште во тек треба да внесете очекуван износ на приходи (имате податок за поминати 6 месеци од годината, останува да ги проектирате вашите очекувања за движење на приходите до крај на 2020 годиина).

  1. Максималниот износ на финансиска поддршка за кој може да аплицираат  апликанти и поврзани лица со нив , кои претходно поминале фаза  на претквалификација или добиле финансиска подршка од Фондот изнесува 35 % од вкупниот износ на кофинансирање на Фондот за кој аплицирале, односно од вкупниот износ на одобреното кофинансирање од Фондот во претходно одобрениот/те проект/и.Во овој случај колкаво треба да биде сопственото учество ? Има ли минимум % ?

Сопственото учество за секој еден проект треба да е минимум 30%.

  1. Дали може да се користи истата наменска сметка од претходниот повик за кој имаме добиено одлука за финансирање?

Истата сметка може да се користи само доколку претходниот проект ви е завршен.

  1. Би сакале да добиеме подетално објаснување на член 7 став 4 од Правилникот за инструментот за подрршка-Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19.

Правното лице кое аплицира за грант во сопственичката структура има 5 основачи, при тоа ни една фирма не е од истата дејност со фирмата која аплицира,дали тоа се смета за поврзан субјект со друго правно лице или се однесува на поврзани лица доколку правното лице има отворено под фирма (со истата дејност).

Сите 5 компании основачи на фирмата апликант се јавуваат како поврзани лица и ќе треба да се направи проверка на критериумот за подобност: претпријатието апликант не треба да е поврзано со друго претпријатие или ПЗУ чии годишни приходи надминуваат 10.000.000,00 (десет милиони) евра и збирниот број на вработени да не надминува 250 во претходните две фискални години, освен во случај на поврзаност со високообразовна, односно научноистражувачка установа.Истото се однесува и доколку станува збор за основачи физички лица.

  1. Дали постои ограничување во однос на земјата на потекло при набавка на опрема потребна за развој на нов производ?

Не постои ограничување во однос на земјата при набавка на опрема.

 

  1. Дали во случај на аплицирање и на два поврзани субјекти чиј основач е една компанија ќе биде применлив член 5  од Правилникот, во однос на висината на сопственото кофинансирање од 30% од вкупниот Буџет на проектот, односно дали обезбедувањето на овој износ се однесува заеднички и на двата субјекти?

 

Секој проект, независно од тоа дали се поднесува од иста или различна фирма, треба да има минимум 30% сопствено кофинансирање на ниво на проект. Во спротивно, буџетот за проектот во фаза на административна проверка на проектите ќе биде вратен како неподобен и ќе биде побарана корекција на буџет при што ќе треба да биде внесено учеството на апликантот од минимум 30%.