ИЗВЕСТУВАЊЕ

Фонд за иновации и технолошки развој како општествено одговорна институција грижејќи се за своите вработени, корисниците и граѓаните Ве известува дека поради засилени мерки за превенција ќе ја ограничи работата со странки (со физичко присуство), но процесот на работа ќе продолжи непречено. Ова следува по препорака на здравствените власти откако во текот на денешниот ден регистриран е еден член на нашиот тим со позитивен тест на Ковид 19 кој претходните денови беше во самоизолација.

Дополнително, од наша страна преземени се повеќе мерки, покрај оние што редовно се спроведуваат, за превенција од натамошно ширење на вирусот. Веднаш е направен тест за сите ангажирани лица, што своите работни задачи ги извршуваа со физичко присуство во Фондот. Дополнително, следејќи ги препораките на надлежните здравствени авторитети, до добивање на соодветна индвидидуална епидемиолошка проценка, овие лица ќе продолжат со вршење на редовните задачи во домашни услови.

Со цел овозможување на непречено вршење на сите функции, Фондот ќе го ангажира со физичко присуство вториот дел од својот тим, што во изминатиот период од траење на пандемијата работните задачи ги вршеше од дома. Истото, веднаш откако ќе се изврши и темелна дезинфекција на работните простории, планирано за утрешниот ден (09.10.2020г.).

Како одговорна институција, а во интерес на дополнителна превенција, Фондот ги откажува сите најавени јавни настани/активности со физичко присуство во наредните денови.

Имајќи предвид дека и досега поголем дел од работните процеси се одвиваа со користење на електронски алатки и мрежи, очекуваме непречено функционирање и комуникација и во наредниот период.

Ве молиме сите што имаат потреба за контакт со Фондот или имаат барања/прашања да ги користат нашите електронски сервиси  – веб страната www.fitr.mk, социјалните медиуми – https://www.facebook.com/fondzainovacii/  или пишете ни Info@fitr.mk или јавете се на – 02 314 5258

Однапред благодариме за разбирањето и поддршката.