#FITRClassroom: Стратегии за успешна комуникација со вашата публика

Како да комуницирате со вашата публика во пост- Ковид ерата беше темата на која дискутираа Зејна Астон, шеф на YouTube Комуникации за Европа, Средниот Исток и Африка и Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров. Учесниците на вебинарот имаа можност да слушнат многу корисни совети и стратегии кои ги користат најуспешните експерти за комуникација во време на пандемија.

Ковид кризата дефинитивно влијаеше на трендот на комуникација помеѓу брендовите и нивните корисници. Многу брендови ги променија своите стратегии за комуникација, имајќи во предвид дека глобалната публика е онлајн, барајќи интересна и корисна содржина која ќе ги анимира за време на пандемијата. Зејна Астон презентираше огромент пораст на следачи на YouTube платформата, односно само во првиот квартал од 2020 година, достигнале пораст од 25% на онлајн гледаноста, додека пораст од вкупно 45% оствариле во дневните снимања и споделувања на видеа на YouTube.

Според Зејна, клучна точка е тоа што корисниците како последица на Ковид кризата беа принудени да седат во нивните домови и почувствуваа потреба да бидат поврзани, па на тој начин тие почнаа да бараат интересна содржина, да снимаат видеа цел да се чувствуваат комфорно и сигурно во целата неизвесност која произлезе од ковид кризата. Со своето 10 годишно искуство во YouTube платформата, Зејна презентираше клучни поенти кои го користат најголемите креатори на содржина:

  1. Запознајте ја вашата публика и активно комуницирајте со неа, односно слушајте ги нивните потреби, желби и барања;
  2. Споделувајте актуелна, корисна и вредна содржина за споделување;
  3. Секој има свој глас, вие имате доволно моќ за да ја раскажете вашата приказна
  4. Соработувајте со другите платформи на социјалните мрежи за да ја реализирате вашата кампања
  5. Автентичност, бидете уникатни и единствени.

Зејна го завшри своето предавање со тоа што потенцираше дека од голема важност е да се воспостави обострана комуникација со вашата публика, со цел тие да се почувствуваат поврзани и комфорни. Остварете дијалог, со тоа што ќе ги слушате нивните потреби и желби. Вебинарот заврши со отворена дикусија, корисниците поставија многу интересни прашања и можност да добијат одговор од страна на вистински експерт од областа на комуникациите.

Ве очекуваме на следниот вебинар закажан за 24.02 во 19.00h, со Бјорн Тровери, првиот човек задолжен за комуникации со корисници и односи со јавност во Фејсбук. Ќе зборуваме на тема: Како ефикасно да комуницирате со вашата публика на Фејсбук.