#FITRCLASSROOM со Зејна Астон, шеф на YouTube Комуникации

На новиот вебинар во рамките на #FITRCLASSROOM, Зејна Астон, шеф на YouTube Комуникации за Европа, Средниот Исток и Африка, ќе предава на тема: Како да комуницирате со вашата публика во пост – Ковид ерата:  Лекции од страна на највлијателните YouTube-ери.

Во најновиот вебинар Астон ќе сподели со вас, како можете да користите стратегии кои ги користат најголемите креатори на YouTube за да продуцирате корисна и креативна содржина за вашиот бренд или организација. Исто така, таа ќе ви помогне да разберете што е потребно за да создадете привлечна видео содржина која е истовремено и лична и забавна за вашата целна публика.

Вебинарот ќе се одржи на 17.02.2021, 19:00h, на платформата Зум (ZOOM). Настанот е отворен и бесплатен за сите заинтересирани. Пријавувањето е на следниот линк: https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_OAcwV4NXTP2kXjoWgDG9ag

Зејна Астон се придружи на Google во 2011 година, а нејзината улога е да помогне да се информираат и едуцираат корисниците на YouTube и Google, партнерите и водечките лидери за предностите од производите, компаниската култура и вредностите како и пристапот кон големите прашања.

Астон е експерт во менување на модели на “content viewership”, поттикнатa од растот на видео и мобилните уреди. Во улога на портпарол, таа редовно е присутна во медиумите, најчест гостин во шоуто на NBC’s наречено “What’s Clickin”, како и Wall Street Journal радио. Пред започнувањето во Google, Зејна работела во забавната индустрија во Лос Анџелес и има одработено повеќе улоги во медиа индустријата, работејќи на граница помеѓу “content” и технологијата. Астон има двојни магистерски титули по глобални медиуми и комуникации од Лондонската школа за Економија и Универзитетот во Јужна Калифорнија. Нејзиното образование го завршила на McGill University во Канада.