#FITRClassrоom со Џејмс Грегсон, Директор за креативни содржини за дигитални медиуми во ЛЕГО: Како да креирате атрактивна содржина за вашата публика на социјалните медиуми

#FITRClassrоom со Џејмс Грегсон, Директор за креативни содржини за дигитални медиуми во ЛЕГО: Како да креирате атрактивна содржина за вашата публика на социјалните медиуми

Време: 3 Март (среда), во 19.00h

Место: ЗУМ платформа (ZOOM)

Линк за регистрација:

https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_tbO-VU_VTammOXMLz_NQ4g

Како да креирате атрактивна содржина за вашата публика, како секојдневно да ги анимирате вашите корисници со креативна содржина на социјалните медиуми а истовремено да остварите добра перцепција за вашиот бренд? Многу идеи и совети ќе добиете на следниот вебинар со Џејмс Грегсон, лидер кој го води тимот задолжен за креирање на креативна содржина за дигиталните медиуми на групацијата ЛЕГО. Тој ќе ви открие како ЛЕГО со децении ја гради лојалноста на брендот и довербата со својата публика преку развивање на глобална и евокативна содржина на социјалните платформи на групацијата со што успева да привлече и анимира милиони фанови секојдневно.

За Џејмс

Џејмс започна да ја гради својата кариера во “нетрадиционална” бренд стратегија и преку своето искуство изгради комбинација на техничко разбирање и идејна креативност за создавање ефективни, мерливи програми за клиенти и брендови.

Во моментов, Џејмс е креативен дигитален директор во ЛЕГО и води тим на стратези за дигитална содржина, креативни дизајнери, продуценти и уредници на видеа. Тој е одговорен за создавање на најдобра дигитална содржина за социјални медиуми на ЛЕГО.

Последни објави