#FITRCLASSROOM со Бјорн Тровери – менаџер за комуникации на Фејсбук: “Како ефикасно да комуницирате со вашата публика на Фејсбук”

Време: 24 Февруари во 19.00 часот.

Место: ЗУМ платформа (ZOOM)

Линк за регистрација:

https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_sz2q2jt2QHarCQPXo97VUg

Во најновиот #FITRClassroom, ќе имате одлична можност да се запознаете со Бјорн Тровери – првиот човек задолжен за комуникации со корисници и односи со јавност во Фејсбук. Како експерт за комуникации, Бјорн ќе сподели со вас практични совети и искуства како да остварите ефикасна комуникација со вашата целна публика. 

 

За Бјорн Тровери

Бјорн е менаџер за комуникации со потрошувачи во седиштето на Фејсбук. Како клучен играч, тој е дел од тим кој ги воведува комуникациите на потрошувачите и брендовите на Фејсбук низ целата нивна мрежа и платформи, вклучувајќи ги: Instagram, WhatsApp, Facebook и Workplace. Ова вклучува водење на секојдневни кампањи за односи со јавноста и медиумски ангажман, извршување на релевантни партнерства и водење на главните приказни за 2,7 милијарди луѓе во нивната глобална заедница кои ги користат Фејсбук и останатите платформи. Претходно, Бјорн ја водеше комуникацијата за Хајнекен во САД.