#FITRCLASSROOM “Циркуларната економија – концепт насочен кон креирање на подобро општество” со Adam Mitchell-Heggs, експерт за циркуларна економија, иновации и корпоративни вложувања

Време: 15 април (четврток) 19.00 часот

Место: во живо на Фејсбук страна на Фондот

Циркуларна или кружна економија како нов тренд, нов бизнис модел претставен од перспектива на претприемач. На оваа сесија ќе имате можност да добиете краток вовед во концептот на циркуларна економија, како дигиталните платформи се неверојатен поттикнувач на циркуларната економија и како да пронајдете интересни можности во кружната економија. Ќе бидат претставени и конкретни примери на студии од темата.

За Adam Mitchell-Heggs

Adam Mitchell-Heggs е експерт во развој на концептот на циркуларна или кружна економија, експерт за иновации (технологија, деловни модели, општествени модели) и корпоративни вложувања. Тој е ко-основач на Net Positive Labs, студио за корпоративни вложувања фокусирано кон развој на стартап компании за водење на кружна економија на глобално ниво. Adam Mitchell-Heggs е искусен претприемач, насочен кон решавање на некои од најголемите општествени, еколошки и економски проблеми на човештвото преку деловни иновации и технологија. Последните неколку години, Adam Mitchell-Heggs има работено со многу претприемачи, стартап и големи компании кои започнуваат, дизајнираат и лансираат нови платформи за водење на циркуларна економија во различни индустрии. Adam Mitchell-Heggs е академски заменик директор на курсот за корпоративни вложувања во IE Business School.