Одлична дискусија и размена на идеи произлегоа од денешната дискусија „EU funded Green Business Facility Project (GBF)

Одлична дискусија и размена на идеи произлегоа од денешната дискусија „EU funded Green Business Facility Project (GBF)”, која се организираше со цел да се анализираат потребите на локалната економија, вклучувајќи ги и институциите кои го поддржуваат развојот на малите и средни претпријатија кои се занимаваат со зелени бизниси.
ФИТР активно се вклучи во координирана и сеопфатна климатска акција и во наредниот период зелените инвестиции ќе бидат во фокусот на работа на ФИТР” Ова го истакна ДФИТР Festim Halili, кој меѓудругото ги презентираше и можностите за финансирање на проекти на домашните претпријатија, а кои се однесуваат на справување со климатски промени, на поддршка на кружна економија.
Настанот се одржа во Хотел Меркур во Тетово, а во наредниот период ќе се одржи и во пет други градови.