Финансирани проекти преку Инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за технолошка екстензија

  • Назив на проект: Развој и модернизација на постоечки фарми за одгледување на полжави и отпочнување со преработка на месото од полжави во производи наменети за извоз
  • Назив на корисник:  ПРО ПЛАН СТУДИО Михајло ДООЕЛ СКОПЈЕ
  • Износ на доделен грант: 168.547,05 евра
  • Почеток на проектот: 01.04.2019 година
  • Времетраење: 23 месеци
  • Проектен менаџер: М-р Михајло Коневски

Проектот се фокусира на постоечките состојби во организирањето на органско производство на полжави и печурки (буковки) и како тоа да се подобри. Овој проект треба да придонесе кон развој и подобрување на производството на полжави и печурки со цел да прерасне во една од поважните земјоделски гранки. Проектот се одвива во две фази – дијагностика на состојбата и имплементација на планот за подобрување. Со проектот се предвидува да се достигне повисоко ниво на количини на органско одгледани полжави, нивна преработка и отпочнување со производство на разни производи од месото на полжавите, наменети за извоз. Истовремено се се спроведува и модернизација на две фарми за полжави, со што се очекува да се одгледаат полжави со висок квалитет и зголемени приноси по единица површина, како и отворање на прв погон во РСМ за преработка на месо од полжави и модернизација на погон за производството на органски компост. Главните цели на проектот се:

– подобрување на конкурентската положба на одгледувачите на полжави и печурки, што е постојана мисија на Кластерот,
– зголемување на органското производство на полжави и печурки, како фактор за подобар пристап на странските пазари
– популаризирање на полжавите и печурките како производи во исхраната на луѓето;

За крајните корисници, реализацијата на овој проект преку Инструментот за технолошка екстензија, значи шанса да се приклучат кон современите текови на производство на полжави и печурки, при што кофинансирањето ќе ја олесни постапката за реализација, која во други случаи не е можна ниту достапна.

  • Назив на проект: Технолошка екстензија во кластерот печатење
  • Назив на корисник: Друштво за производство, трговија и услуги СНЕВЕЛ ДООЕЛ увоз-извоз Струмица
  • Износ на доделен грант: 428.423,31 евра
  • Почеток на проектот: 15.04.2019 година
  • Времетраење: 12 месеци

Проектот „Кластер Печатници“ е спој на успешни компании од областа на графичкиот дизајн и печатарството, специјализирани за дизајнирање, производство и печатење на врвни производи (графички дизајн, етикети, разни видови на рекламни материјали, амбалажа и луксузни пакувања).

Главната цел на проектот е унапредување на сопствената конкурентност на домашниот пазар преку развој на сегмент на потенцијални клиенти директно поврзани со индустриско производство, изработка на високо – квалитетни производи кои имаат потреба од амбалажа, луксузна амбалажа, етикети со креативен и персонализирани дизајн. На ваков начин „Кластер Печатници“ќе дојде во можност да понуди производи кои по квалитет и дизајн ќе бидат над конкуренцијата во однос на сегашната побарувачка на пазарот.

Со имплементација на овој проект растот и унапредувањето на „Кластер Печатници“ ќе работи и на имплементирање на state-of-art технологија, употреба на обновливи извори на енергија, креирање на нови работни места, како и креирање на можност за печатење со Брајова азбука кај сите типови печатени производи (екстензија надвор од фармацевтска индустрија која во моментов е облигаторна) со што ќе се направи социјален импакт врз вулнерабилна група – слепи лица.

Влијанието, кое овој проект ќе го има врз целата индустриска гранка во Република Северна Македонија ќе се гледа во зголемената конкурентност на компаниите со воведување на производи и услуги кои не се нудат во регионот, унапредување на квалитетот на печатените производи, и постојни и нови, намалување на производни трошоци по единица производ, и употреба на обновливи извори на енергија со што компаниите од „Кластер Печатници“ ќе може да се стекнат со епитетот „еко – печатници“.

Квалитетот, кој е предизвик и цел на „Кластер Печатници“ се постигнува во неколку чекори:
• Креативен дизајн
• Квалитетно печатење со помош на достапна технологија
• Професионална завршна обработка на готовите производи
• Испорака до крајните корисници

Согласно стратегијата за мониторинг на потребите на клиентите и побарувањата на пазарот од една страна, и новите напредни технологии во печатарската индустрии од друга страна, „Кластер Печатници“ во текот на изминатите години има направено компаративна анализа во два правци:
1. Моменталните и потенцијалните потреби на домашниот и странскиот пазар во сегментот на побарувачка и потрошувачка на печатени материјали
2. Ревизија на состојбата на технологијата и машините кои ја поседуваат со цел успешно да одговорат на потребите на пазарот согласно направената анализа.

Со цел задржување и унапредување на сопствената конкурентност на домашниот пазар, тимот за анализа има подготвено предлог план за можни лукративни, конкурентни и иновативни начини за развој на „Кластер Печатници“, со кој ќе се зафати нов сегмент потенцијални клиенти директно поврзани со индустриско производство поврзани на високо – квалитетни производи кои имаат потреба од амбалажа, луксузна амбалажа, етикети со креативен и персонализирани дизајн. Само на ваков начин „Кластер Печатници“ ќе дојде во можност да понуди производи кои по квалитет и дизајн ќе бидат над конкуренцијата во однос на сегашната побарувачка на пазарот.

Со имплементација на овој проект на кофинансирачки грант за технолошка екстензија растот и унапредувањето на „Кластер Печатници“ ќе биде од неколку аспекти:

• Интензивирана соработка помеѓу компаниите во „Кластер Печатници“
• Имплементирање на state-of-art технологија
• Производство на високо – квалитетни производи
• Диверзификација на дејноста
• Зголемување на бројот на клиенти на домашниот особено на странскиот пазар
• Употреба на обновливи извори на енергија
• Намалување на трошоци за работење
• Зголемување на профитот
• Креирање на нови работни места
• Креирање на можност за печатење со Брајова азбука кај сите типови печатени производи (екстензија надвор од фармацевтска индустрија која во моментов е облигаторна) со што ќе се направи социјален импакт врз вулнерабилна група – слепи лица.

Влијанието, кое овој проект ќе го има врз целата индустриска гранка во Република Северна Македонија ќе се гледа во зголемената конкурентност на компаниите со воведување на производи и услуги кои не се нудат во регионот, унапредување на квалитетот на печатените производи, и постојни и нови, намалување на производни трошоци по единица производ, и употреба на обновливи извори на енергија со што компаниите од „Кластер Печатници“ ќе може да се стекнат со епитетот „еко – печатници“.

  • Назив на проект: Зголемување на извозната конкурентност на металопреработувачкиот, електро и машинскиот сектор преку подобрување на производните и технолошките способности на извозно ориентираните МСП
  • Назив на корисник: СТОПАНСКА КОМОРА на Македонија Скопје
  • Износ на доделен грант: 499.880,00 евра
  • Почеток на проектот: 01.03.2019 година
  • Времетраење: 24 месеци
  • Проектен менаџер: Јадранка Аризанковска
  • Интернет страница: mchamber.org.mk

Проектот „Зголемување на извозната конкурентност на металопреработувачкиот, електро и машинскиот сектор преку подобрување на производните и технолошките способности на извозно ориентираните МСП“ ќе поттикне инвестициски активности преку набавка на нови машини и опрема, инсталирање на нови производни линии, деловни процеси и организациски подобрувања што ќе придонесе за зголемување на извозната конкурентност на машинската, металната и електро индустријата, како и подобрување на извозната структура на овие сектори преку подобрување на технолошките способности на компаниите. Како резултат на индустриските проекти во компаниите се очекува зголемување на извозот и извозната конкурентност на земјата, подобрување на позицијата на анализираните сектори во глобалните ланци на снабдување, креирање на нови високо квалитетни работни места, и како резултат на овие активности и поттикнување на индустриското производство се очекува економскиот раст на земјата.

Проектот ќе има значително секторско влијание со поттикнување на позитивни екстерни ефекти преку зајакнување на репродукциските поврзаности (хоризонтално и вертикално) во рамките на ланецот на снабдување на машинската, металната и електро индустријата и сродни на нив индустрии.

Одржливоста на самиот проект произлегува од фактот што сите активности од дијагностиката (фаза 1 која ќе се одвива во првите 6 месеци од проектот) кои се однесуваат на идентификување на листата на потенцијални производи во секторите и резултатите од спроведените технолошки и економски студии на групата селектирани компании ќе може да се користат од страна на претпријатија кои нема да бидат селектирани како крајни корисници во фаза 2, но и од други компании во селектираните сектори придонесувајќи на тој начин да се подобри извозната конкурентност на целиот сектор. Дополнително, инвестициските активности за технолошко подобрување поврзани со имплементација на планот за подобрување на селектираните МСП ќе придонесат за континуиран пораст на извозната конкурентност и зголемување на нивните развојни потенцијали во периодот после завршување на проектот.