HEALTH eGuard e интегриран систем за превентивно здравствено следење и заштита на пациенти од ризична група (рано откривање на кардиоваскуларни болести и дијабетес) кои немаат можност за редовни здравствени контроли и немаат лесен и брз пристап кон медицинска нега и помош (пр. мали места без медицинска установа, оддалечени планински села итн).
Иновативна технологија која може да се употребува за разни типови на плочест матерјал кој ќе има широка примена во мебел и градежната индустрија. Во споредба со постоечките традиционални процеси, овај процес нуди висок квалитет на изглед на декорираната плоча, побрзо производство и капацитет, безбедно по животна средина, ниски оперативни трошоци.
Изградба на капацитети за органско производство и дистрибуција на пчелин отров (Апитоксин).
Се работи за лесно пренослива интерактивна табла кој користи висока технологија. Се одликува со едноставна монтажа, преносливост и висок степен на прецизност. Уредот за следење на дејството на учениците се поставува на сам проектор и се поврзува на компјутер преку стандарден USB порт. Со уредот може секоја табла да се трансформира во интерактивна табла. Оваа табла го заменува комплет компјутерското глувче и се користи на сите видови на проекциони подлоги (бела табла, зид, иверица во боја).
Системот се прилагодува на барањата на корисниците во зависност од условите на самата училница и позицијата на проекторот во просторијата, а изработен е и прототип на светлосен пиштол. Овој светлосен пиштол служи за управување на видео игра или апликацијата. Изработен е софистициран софтвер преку кој се следат сите настани на екранот и преку соодветни филтри се детектира движењето.
Taxi Polling апликацијата претставува мобилна апликација и целосен позадински систем на такси возачи, која иницијално е развиена за македонскиот пазар, но со потенцијал за проширување на глобалниот пазар. Овој систем овозможува низа предности за крајните корисници – патниците и такси возачите. Концептот на кој се базира овој систем е споделување на такси возило помеѓу повеќе рандом патници кои се движат на приближно иста рута, што значи поделба на трошоците за нив, а зголемување на добивката за возачите. Основна цел на проектот е обезбедување поекономичен такси превоз за патниците, попрофитабилно работење на такси возачите како и намалување на бројот на возила во сообраќајот што би резултирало со помала емисија на издувни гасови.
Развој на опција Keep me Safe опција на велосипедска апликација – Bike Computer. Keep me safe има за цел да испраќа итни SMS пораки со локација при евентуална несреќа на велосипедист.
Истражување и развој на биолуминисцентни бои за храна. Целта на проектот е развивање на прототип што би претставувал рекомбинантен, биолуминисцентен протеин што е стабилен при различни температури и киселост. Генлајт ќе користи нов револуционерен процес за сепарација на биолуминисцентните протеини од генетски модифициран квасец, и ќе го продава во форма на прашок.
Проектот се однесува на примената на беспилотните летала (БПЛ) опремени со термални камери во вршењето на инспекција и надзор на надземната преносна и дистрибутивна електроенергетска (ЕЕ) мрежа во Македонија и регионот, кој ќе придонесе кон усовршување на самиот процес на детектирање и лоцирање на потенцијални или веќе настанати дефекти, а со тоа и прекини во испораката со електрична енергија кон крајните корисници. Имајќи ја предвид неопходноста од континуирано и стабилно напонско ниво, особено кај индустриските корисници, предложеното решение овозможува подобар квалитет во напојувањето со електричната енергија, намален број на испади во електроенергетската мрежа, како и олеснување на одржувањето на самата мрежа од страна на електроенергетските компании кои имаат определени обврски при оперирањето со преносниот и
дистрибутибниот ЕЕ-систем.
ул. ГТЦ, локал 6, Д.Е. 220
1000 Скопје, Р. Северна Македонија
+ 389 (0) 2 314 5258
info@fitr.mk
Работно време: понеделник – петок
08:30 – 16:30 часот
Necessary cookies are absolutely essential for the website to function properly. This category only includes cookies that ensures basic functionalities and security features of the website. These cookies do not store any personal information.
Any cookies that may not be particularly necessary for the website to function and is used specifically to collect user personal data via analytics, ads, other embedded contents are termed as non-necessary cookies. It is mandatory to procure user consent prior to running these cookies on your website.