Овој проект претставува автоматизирање на процесот на евиденција на записи на превозниците. Со овој програм целосно се елиминираат досегашните хартиени записи за евиденција, и истите се заменуваат со електронски записи дефинирани според законската регулатива на американскиот пазар. Со овие електронски записи се намалува времето за административни обврски на возачите, со што тие можат да се фокусираат на нивната работа целосно. Исто така, со внесувањето на оваа иновација во процесот на евиденција на записи се овозможува добивање на известувања за да се избегнат активности кои би се сметале за прекршоци. На пример, доколку возачот активно вози подолг период, добива потсетник за пауза согласно со регулативите, со што истовремено се подобрува и сообраќајната култура и се избегнуваат несакани настани кои можат да бидат последица на замор. Иновативноста на ова решение е потврдена и со опцијата за искористување на податоците кои се генерираат од истото во програмско решение за самостојни возила.
„Good Deal GPS“ проектот претставува иновација на процес на евидентирање на записи. Иновацискиот проект се наоѓа во фаза на првични тестирања. Со средствата од проектот е предвидено да се направат финални верзии за Андоид и ИОС и веб апликации (во моментот постојат иницијални), изработка на хардвер кој би се сертифицирал за американски пазар како и трошоци за промоција и продажни кампањи.