Who can apply?
Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) сè до преткомерцијална (претпазарна) фаза.
Инструментот е отворен за микро, мали и средни претпријатија (од сите сектори) што сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие или установа која врши високообразовна, односно научно-истражувачка дејност.
Предлог-проекти од поединечни апликанти (микро, мали и средни претпријатија) и конзорциуми водени од микро, мали и средни претпријатија се подобни за финансирање преку овој Инструмент.
For more information, you can see in this Правилникот за овој инструмент
Целта на овој Инструмент е да поттикне зголемување на истражувањето и развојот во приватниот сектор, да се охрабри соработката помеѓу приватниот сектор и високообразовните инаучни установи, како и останати форми на соработка за комерцијализација на иновации.
Времетраењето на проектите финансирани преку овој Инструмент може да биде до 24 месеци. Под оправдани околности, проектите можат да бидат продолжени за дополнителни 12 месеци по претходно одобрение на Фондот.
Главните критериуми за евалуација на проекти и доделување средства под овој Инструмент се:
Финансирањето под овој инструмент може да биде доделено во форма на кофинасиран грант или во форма на условен заем, во зависност од висината на приходите на Апликантот, при што се применуваат следниве критериуми:
Финансирањето во форма на условен заем подразбира иницијално доделување средства на корисниците во форма на заем со можност, доколку корисникот ги исполни условите поставени од Фондот, дел од износот на заемот да биде конвертиран во кофинансиран грант.
За подетални информации околу условите за конверзија, погледнете го Правилникот за овој инструмент.
Максималниот износ кој може да биде доделен во форма на заем не може да надмине 30% од вкупниот капитал на апликантот.
Условниот заем ќе биде отплатен во рок од 5 години по завршувањето на проектот. Искористениот дел од условниот заем се отплаќа квартално со фиксна каматна стапка од 2% (два проценти)на годишно ниво, согласно Амортизациониот план на отплата.
Во случај на финансии доделени во форма на кофинансиран грант, по успешна комерцијализација, приходите (не само добивката) на корисникот остварени како резултат од проектот добиени од продажбата на производот/услуга или некој друг последователен производ/услуга врз основа на технологијата развиена во рамки на проектот финансиран од страна на Фондот, станува основа за плаќање на ројалти кон Фондот. Секое плаќање ројалти ќе се врши по стапка од 5% од годишниот приход добиен од продажба на производот/услугата кои се резултат на проектот, сè додека не се оствари поврат на 120% од износот на финансирање добиен од Фондот или за период од 5 години по завршувањето на проектот, во зависност од тоа кој услов прво е постигнат.
For more information, you can see in this Правилникот за инструментот.
Str.GTC,local 6, D.E.220
1000 Skopje, R. North Macedonia
+ 389 (0) 2 314 5258
info@fitr.mk
Working hours: Monday - Friday
08:30 – 16:30 hours
Necessary cookies are absolutely essential for the website to function properly. This category only includes cookies that ensures basic functionalities and security features of the website. These cookies do not store any personal information.
Any cookies that may not be particularly necessary for the website to function and is used specifically to collect user personal data via analytics, ads, other embedded contents are termed as non-necessary cookies. It is mandatory to procure user consent prior to running these cookies on your website.