Бесплатни обуки за вовед во вештачка интелегенција

Artificial Intelligence for business и Microsoft AI fundamentals – AI900


Семос Едукација и Фондот за иновации и технолошки развој започнуваат проект за едукација на младите за зголемувањето на свеста и бенефитите од користењето на вештачката интелигенција во секојдневното живеење и работење.

Целта на спроведените обуки е поголемиот дел од учесниците да продолжат во понатамошно совладување на знаењата од оваа област, со што Република Северна Македонија се става на мапата на земји кои креираат масовно знаење и свест за овој тип на технологии. Обучените сертифицирани лица ќе можат да ја продолжат својата кариера во домашните и странските компании, што ќе има и долгорочен импакт врз зголемувањето на извозот на софтверски услуги.

Семос Едукација дава можност на 1000 млади луѓе бесплатно да ги слушаат обуките:

  • AIBIZ – Artificial Intelligence for business 

Обука за примената на вештачката интелигенција во бизнисот

  • Microsoft AI fundamentals – AI900 

Обука која го воведува слушателот во основните концепти поврзани со вештачката интелигенција и услугите во „Мајкрософт Азур“ (Microsoft Azure) што можат да се користат за создавање на решенија со користење на вештачката интелигенција.

На обуките можат да се пријават :

  • Средношколци од минимум 17 години
  • Млади до 29 години
  • Можност за бесплатно стекнување на светски призната диплома
  • Практична работа на реален проект
  • Стекнување на реални вештини: Kако се применува оваа технологија и како да заштедите време, енергија и ресурси во својот бизнис

ФИТР во рамките на проектот ќе обезбеди:

  • Поврзување со заинтересираните општини и образовните институции низ целата држава
  • На обуките, гостински предавања ќе оддржат компаниите Импала, Си-маинд, Аидеа лаб и Аграр кои се корисници на кофинансирани грантови од ФИТР и успешно работат во областа на вештачка интелегенција
  • Нивните претставници ќе споделат реални примери од досегашното работење а најдобрите учесници на обуките, ќе добијат можност и за практична работа во овие компании

До 18 мај до 18 часот на http://obuki.ai.semosedu.com/

За сите прашања kursevi@semos.com.mk и на 02/3130900