Amazon Web Services (AWS)

Фондот за иновации и технолошки развој стана првиот стратешки партнер на Amazon Web Services (AWS) за Северна Македонија. Преку новата соработка со глобалната водечка клауд (cloud) платформа, корисниците на ФИТР, особено стартапите во државата, ќе имаат низа придобивки, меѓу кои и кредити за користење на инфраструктурата на клауд платформата.

 

Партнерството со Amazon Web Services ќе овозможи полесен пристап до сервисите на платформата и можност да користат кредити во износ од: 10.000, 25.000 и 100.000 американски долари. На стартапите кои ќе изразат интерес за користење на средствата, AWS им става на располагање и техничка поддршка за развој на нивните продукти, како и пристап до бројни онлајн едукативни содржини кои ги обезбедуваат преку нивните партнери.

 

Милиони клиенти, вклучувајќи ги најбрзо растечките стартапи, најголемите претпријатија и водечките владини агенции, користат AWS со цел да ги намалат трошоците, да станат поагилни и да го забрзат процесот на иновации. Платформата нуди широк сет на глобални клауд производи, вклучувајќи: пресметување, складирање, база на податоци, аналитика, вмрежување, мобилни, алатки за програмери, алатки за управување, IoT, безбедносни и апликации на претпријатијата. Овие услуги им помагаат на организациите да функционираат многу пофлексибилно, да остварат пониски ИТ трошоци и да растат во обем . Netflix, Twitch, LinkedIn, Facebook, Turner Broadcasting и ESPN се само некои од светски познатите компании кои ја користат технологија AWS.

 

Аплицирајте на следниот линк .