21 Април Светски ден на креативноста и иновативноста

ФИТР го одбележува 21 Април – Светски ден на креативноста и иновативноста, со организирање на панел дискусија на тема: “Со инвестиции во иновации до одржлив економски раст и развој. Во рамките на настанот, свое обраќање ќе има г-дин Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Северна Македонија, Коста Петров, Директорот на Фодот за иновации и технолошки развој, како и претставници на компании кои имаат реализирано иновативни и успешни проекти: Весна Кузмановска од Стратум РиД, Ана Спасовска од Иновејшн, Димитар Шошев од Елисиум Центар и Глигор Давчевски од Докстим. Настанот ќе се одржи на 21 Април (среда) со почеток во 12h и ќе се одвива со пренос во живо на социјалните платформи на ФИТР.

Поддршка на креативни и иновативни идеи е фокусот на работа на Фондот за иновации и технолошки развој, кој преку достапните инструменти за финансиска поддршка има портфолио од преку 550 кофинансирани проекти и инвестиција од над 75 милиони евра. Во таа насока, панел дискусијата има за цел да ги поттикне луѓето и компаниите да ја разбудат креативноста и иновативноста, да поттикнеме развој на нови, креативни идеи и можности кои ќе придонесат кон остварување на одржлив економски раст, отварање на нови работни места и создавање на подобра иднина за сите нас.

21 Април е светски ден на креативноста и иновативноста под покровителство на Обединетите Нации, кои оваа 2021 година ја одбележуваат како година на креативна економија насочена кон остварување на одржлив раст и развој. Целта е да покрене свесноста за улогата на креативноста и иновативноста во сите аспекти на опшетството.