Јавен повик за изразување интерес на компании за соработка со ИНОФЕИТ дигитален иновациски хаб (ДИХ) и оценка на потенцијалите за подигнување на степенот на дигитална зрелост

ИНОФЕИТ дигитален иновациски хаб (ДИХ), во соработка со Increasing Market Employability- IME и ФИТР, објавува јавен повик за изразување интерес на компании за соработка со ДИХ и оценка на потенцијалите за подигнување на степенот на дигитална зрелост.

Повикот е наменет за микро, мали и средни компании, од не-ИКТ домените опфатени со паметната специјализација односно агрибизнис, индустрија 4.0, паметни материјали и згради, туризам и енергетика кои поседуваат најмалку ниво 2 степен на дигитална зрелост.

Aнализата и оценката на потенцијалот за подигнување на степенот на дигитална зрелост од страна на ИНОФЕИТ ДИХ ќе обезбеди јасна визија за насоките на иден развој на компанијата и олеснета подготовка на апликацијата на отворениот повик – тематски предизвик на ФИТР и Програмата IME што ќе следува.

Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање се достапни на: https://bit.ly/3UQ5YUQ