Јавен конкурс за инструмент за поддршка: Кофинанисрани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф - СТАРТАПУВАЈ 3!

Врз основа на  член 25 став 4 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18) и Правилникот за инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф, Фондот за иновации на ден 28.04.2021 година, објавува Јавен конкурс за за финансирање под инструмент за поддршка „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф“. 

Преку овој Инструмент се очекува да се поттикне развој на културата на преземање на ризик и воведување иновации, да се обезбеди поддршка за правните лица кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес, и/или услуга, како и да се поттикне комерцијализација на резултатите од истражувања спроведени во рамки на високообразовните односно научно-истражувачките установи.

Поддршката ќе биде доделена на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна амбиција за комерцијализација.

Инструментот поддржува проекти кои се во фаза на потврден концепт до преткомерцијална (претпазарна) фаза.

  • активности за истражување и развој;
  • развој на пилот линии/производ/и и/или услуга/и;
  • активности за тестирање и валидација на нови и/или унапредени производи/услуги/процеси;
  • активности за тестирање на пазарот и валидација на потенцијалните корисници;
  • активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост и
  • дизајн.
    • да е трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија или тим кој се состои од најмногу 5 (пет) членови – физички лица;

    Во случај кога како апликант се јавува трговско друштво, истото треба да ги исполнува следните критериуми за подобност:

    • годишните приходи на апликантот да не надминуваат 1.000.000 (еден милион) евра во денарска противвредност, според финансиските извештаи за претходните две фискални години;
    • просечниот број на вработени да не надминува 250 вработени;
    • од моментот на регистрирање на трговското друштво до моментот на поднесување на предлог проект во Фондот да не поминале повеќе од 6 (шест) години;
    • трговското друштво да е во сопственост на физичко и/или правно лице (коe не е во државна сопственост),/ здружение или фондација и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност (со сопственички удел во апликантот до 20%);
    • апликантот или неговите содружници/акционери да не се посредно или непосредно сопственици на над 20% во друго/и трговско/и друштво/а чии поединечни годишни приходи надминуваат 1.000.000 (еден милион) евра во денарска противвредност во претходните две фискални години и чиј просечен поединечен број на вработени не надминува 250 вработени, освен во случај на поврзаност со високообразовна, односно научно-истражувачка установа;
    • против него да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација;
    • да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
    • против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;
    • согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis) да ги исполнува следните услови:
    •   да нема акумулирано повеќе од 200,000 (двеста илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот;
    • да нема аклумулирано повеќе од 100.000 (сто илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот, ако претпријатието е активно во секторот за патен сообраќај;
    • да не е во потешкотии (претпријатие во потешкотии е претпријатие кое не е во можност да ги исполнува своите обврски од сопствените ресурси или со средства што може да ги добие од својот сопственик/акционерите или кредиторите, за да ги запре загубите, кои без надворешна интервенција од давателите на помош со сигурност ќе доведат до краткорочен и долгорочен престанок со работа на претпријатието), и
    • да не се занимава со производство на јаглен.

    Во случај кога како Апликант се јавува тим и чиј предлог проект ја поминал фазата на селекција, Апликантот е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на Известувањето за селекција на предлог проектот, да основа трговско друштво во кое како основачи ќе се јавуваат  најмалку 51% од членовите на тимот, кое трговско друштво ќе ги преземе сите права и обврски во однос на спроведување на Проектот и кое ќе ги исполнува критериумите за подобност од овој член.

  • Бруто плати со вклучени додатоци на плата дефинирани согласно Законот за работни односи (работа за празник, работа во недела, работа во смени, ноќна работа и др.) за лица кои се или ќе бидат вработени кај корисникот и директно учествуваат во реализација на проектот. Износите на бруто плати за вработените лица ангажирани на проектот треба да соодветствуваaт на воспоставените практики на корисникот пред почетокот на проектот, намалени за износот на потенцијална државна субвенција примена по основ на плата;
  • Набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој;
  • Поддоговорни услуги за истражување и развој (пр. тестирање, лабораториски услуги и сл.);
  • Ангажирање на експерти/советници за истражување и развој;
  • Ангажирање на консултанти за потреби директно поврзани со резултатите на проектот (експертиза за иновациски менаџмент, финансиски менаџмент, мобилизација на средства, бизнис развој, маркетинг експретиза за тестирање на пазарот и валидација на потенцијалните корисници, правни работи, заштита на интелектуална сопственост и друго);
  • Подготовка и поднесување на пријава за патент, заштита на трговска марка и/или индустриски дизајн
  • Канцелариска и деловна поддршка (наем на деловен простор, режиски трошоци, банкарски провизии, сметководствени услуги, хостинг и останати видови на оперативни трошоци поврзани со реализација на проектот) во максимален износ од 15% од вкупниот буџет на проектот.
  • трошоци за набавка на добра, услуги и работи од домашни јавни претпријатија, освен режиски трошоци;
  • трошоци за камата или долг на друга страна;
  • расходи и резервирања за минати или можни идни загуби или долгови;
  • покривање на загуби поради размена на валута, такси и казни;
  • трошоци за храна и угостителство;
  • трошоци за регрутирање на кадар (трошоци за објавување на оглас, провизии од агенции за вработување, трошоци поврзани за селекција на кандидати и слично) и трошоци за преселба;
  • купување на земја или згради, вклучувајќи и реновирање;
  • готовинскa исплата од наменската сметка на проектот;
  • извозни активности (трошоци директно поврзани со извоз на производи, со основање и работење на мрежа за дистрибуција и слично или за други тековни трошоци на апликантот поврзани со извозни активности);
  • годишни такси за одржување на патент (со исклучок на добро оправдани случаи проценети како дозволен трошок при евалуација на предлог проектите);
  • додатоци на плата во вид на регрес за годишен одмор, тринаесетта плата, работна успешност и слично;
  • трошоци за консултантски услуги обезбедени од страна на сопственик/иците на корисникот како и овластените лица на Корисникот (управител/директор);
  • трошоци за консултантски услуги обезбедени од страна на лица кои се вработени кај Корисникот;
  • наем на деловен простор од закуподавец кој учествува во активностите на проектот или е поврзано лице со корисник;
  • набавка на товарни транспортни возила од страна на претпријатија кои вршат товарен патен транспорт за наем или надоместок;
  • набавка на патнички возила (со исклучок на добро оправдани случаи проценети како дозволен трошок при евалуација на предлог проектите);
  • трошоци за набавка на половна опрема;
  • данок на додадена вредност (ДДВ) за сите набавки од ставот 1 од овој член;
  • трошоци за директен маркетинг и
  • трошоци за реализација на активности кои претходно биле финансирани од други извори.

Преку овој инструмент, Фондот за иновации и технолошки развој (во понатамошниот текст „Фондот“) обезбедува:

  • до 90% (деведесет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 40.000 (четириесет илјади) евра во денарска противвредност за трговски друштва до 3 (три) години постоење до моментот на аплицирање или за трговско друштво кое ќе се основа во рок од 30 дена по прием на Известување за селекција на предлог проект (во случај кога како апликант се јавува тим), односно
  • до 85% (осумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 60.000 (шеесет илјади) евра во денарска противвредност за трговски друштва со над 3 (три), а помалку од 6 (шест) години постоење до моментот на аплицирање.

Преостанатиот износ (10% (десет проценти), односно 15% (петнаесет проценти)) од вкупниот буџет за проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот.

Времетраењето на проектот може да биде до 12 (дванаесет) месеци.

  • Степен на иновативност;
  • Квалитет на проектот;
  • Капацитет на проектниот тим;
  • Потенцијал на пазарот;
  • Влијание .

Критериумите и подкритериумите за евалуација на проектите се наведени во образецот – Табела за евалуација

Вкупен буџет за јавниот конкурс изнесува 2 милиони евра во денарска противвредност.

Средствата одобрени по овој инстурумент за финансиска поддршка не предвидуваат механизам за поврат.

Сите обрасци за аплицирање може да ги превземете со клик на копчето Преземи документација

 При аплицирање доставувате:

  • проектна апликација;
  • буџет на проектот;
  • изјава на Апликантот за прифаќање на условите на Фондот;
  • прашалник за животна средина и
  • Нотарски заверена изјава за сопственичка – основачка структура на апликантот (освен во случај кога како апликант се јавува тим, истата се доставува по основање на трговското друштво).
  • кратки биографии на лицата кои го сочинуваат проектниот тим ангажиран во проектот (најмногу за 5 (пет) лица).

Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат доставени на македонски и на англиски јазик ( во PDF и ексел формат) и да се прикачат на формуларот за аплицирање со клик на копчето Аплицирај”.

Останатата документација поврзана со апликантите треба да биде доставена само на македонски јазик.

Рокот за аплицирање за јавниот конкурс за кофинансирани грантови за старт-ап и спин-оф компании е до 12.06.2021год. до 14.00часот.

За сите дополнителни информации можете:

  • да се јавите на телефонскиот број: 02 3145 258

1. Дали е прифатливо експертите/консултантите кои би ги ангажирале за реализација на проектот, да бидат странци?

Да, за реализација на проектот можете да ангажирате надворешни лица, физички или правни, од земјата и од странство.

   2. Дали мора сите ставки во буџетот на проектот да бидат пополнети?

Буџетот на проектот го пополнувате само во оние ставки каде предвидувате трошоци за реализација на проектот. Не е задолжително сите ставки да бидат пополнети.

   3. Дали можам потребното сопствено учество да го обезбедам преку кредит од банка?

Сопственото учество може да биде обезбедено од сопствени средства или кредит од комерцијалите банки. Само средствата добиени од Фондот по било кој друг основ или било која друга форма на државна помош не се прифатливи како кофинансирање од страна на апликантот.

   4. Дали може проектниот тим да брои еден член?

Согласно правилникот на овој повик може да аплицира проектен тим, што значи минимум двајца, а најмногу 5 (пет) членови-физички лица. Доколку проектниот тим биде избран за ко-финансирање, ќе има рок  од 30 дена да го основа друштвото со сопственичка структура од најмалку 51% од проектниот тим.

   5. На кој јазик треба да биде видеото што треба да се достави со апликацијата?

Со оглед на тоа дека проектите се евалуираат од Комитетот за одобрување на инвестиции, составен од 5 странски експерти, потребно е видеото да биде снимено на англиски јазик.

   6. Дали може ист тим да аплицира за повеќе проекти? 

Секако дека може, меѓутоа внимавајте на процентот на ангажираност на лицата, како и тоа дали ист тим ќе има капацитет да реализира во исто време повеќе проекти.

   7. Што означува поимот „потврден концепт“?

„Потврден концепт“ е спроведување на конкретен метод или идеа со цел да се прикаже неговата одржливост или да се докаже дека тој има потенцијал за практична примена. Нивото на развој на концептот е различен за секоја индустрија односно одделен проект може да биде демонстриран на различен начин.

   8. Дали добитникот на грант треба веднаш и во целост да го обезбеди својот дел од ко-финансирањето од самиот почеток на проектот?

Корисникот на ко-финансиран грант не е задолжително да го обезбеди во целост својот дел пред почетокот на реализацијата на проектот. Согласно текстот на повикот и правилникот за инструментот, средствата се исплаќаат на квартална основа, во согласност со одобрениот буџет на проектот авансно за секој квартал. Апликантот го уплаќа сопственото ко-финансирање 10% односно 15% од сумата предвидена за кварталот, по што се исплаќаат и средствата од ФИТР од одобрениот буџет за кварталот.

   9. Согласност планираните трошоци за активностите за предлог проектот со кој сакаме да аплицираме, при набавка на добрата и услугата кои надминуваат одреден износ кога треба да се соберат понудите?

Понудите не е неопходно да се достават во процесот на аплицирање, но би било корисно да ги имате бидејќи на тој начин ќе можете попрецизно да го предвидите буџетот.

  10. Дали трошокот за наем на простор е прифатлив трошок?

Канцелариска и деловна поддршка во која спаѓа и наем на деловен простор, режиски трошоци, банкарски провизии, сметководствени услуги, хостинг и останати видови на административни трошоци во максимален износ од 15% (петнаесет проценти) од вкупниот буџет на проектот се сметаат за прифатлив трошок. Средствата за канцелариска и деловна поддршка се доделуваат на квартална основа, како вкупен износ, за подставките за кои постои доказ за направен трошок.

  11. Дали постои судир на интереси при изнајмувањето на просторот?

Не може да се изнајмува деловен простор од закуподавец кој учествува во активностите на проектот или е поврзано лице со корисник.

  12. Дали на повикот може да аплицира компанија која е веќе добитник на грант од претходен повик на ФИТР а ги исполнува критериумите за учество?

На повикот може да учествува компанија која е веќе е финансиски поддржана во рамките на друг повик на Фондот доколку ги исполнува сите критериуми за подобност, но предлог проектот мора да биде различен од оној за кој веќе добила грант за ко-финансирање.

  13. Може ли постоечки вработени да бидат ангажирани за проектот?

Доколку лицата кои ќе бидат ангажирани на проектот се веќе вработени во компанијата, може да ги вклучите во проектниот буџет во ставката плати.

  14. Што ако се смени некој од вработените во текот на времетраењето на проектот?

Со оглед на тоа дека капацитетот на проектниот тим е еден од критериумите при оценување на апликацијата, вработениот мора да биде заменет со лице со соодветни квалификации, ќе треба да се достави барање за промента до мониторинг тимот на ФИТР, кое ќе го проследи на одобрување од страна на Комитетот за одобрување на инвастиции.

  15. Што ако проектот има потреба од промени во текот на времетраењето на проектот?

Секоја промена на проектната апликација и буџетот на проектот (промени во планот на активности, клучните луѓе на проектот, пренамена на средства во износ повисок од 15%  (петнаесет проценти) помеѓу буџетските ставки од вкупниот буџет на проектот, итн.) треба да биде претходно одобрено од страна на Комитетот врз основа на барање поднесено од страна на Корисникот со прилог ревидиран буџет на проектот.

 16 .Дали претпријатие ДООЕЛ основано од странец сопственик може да аплицира на овој јавен повик?

Да, може, доколку друштвото е основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централен регистар.

 17. Дали средствата добиени од овој повик се повратни?

Финиасиските средствата од овој повик Стартапувај3 се неповратни.

 18. Дали можам да вработам  лица на пола работно време?

 Да, лицата може да бидат вработени на цело или на пола работно време, на определено или на неопределено.

 19. Дали може да аплицираат физички лица (тим од 2 лица) коишто се веќе во работен однос во друга компанија со идеа за старт ап, и доколку ја помине фазата на селекција дали мора и двете лица да стапат во работен однос во новооснованото друштво или може само едно?

Проектен тим од две лица, кои се вработени во друга компанија, може да аплицираат за финансиска поддршка по овој инструмент. Во случај кога како Апликант се јавува тим и чиј предлог проект ја поминал фазата на селекција, Апликантот е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на Известувањето за селекција на предлог проектот, да основа трговско друштво во кое како основачи ќе се јавуваат најмалку 51% од членовите на тимот. Значи имаат обврска да влезат во сопственичка структура на новооснованото трговско друштво, но не е задолжително да бидат вработени во него.

  20. Дали правно лице може да се појави како член на проектен тим?

Не, проектниот тим треба да биде составен од најмногу 5 физички лица.