Швајцарската програма за претприемништво (Swiss EP): ФИТР е пример за функционална владина поддршка

Еден од главните двигатели на стартап екосистемот во Северна Македонија е Фондот за иновации и технолошки развој, а како примарен ресурс за финансирање за повеќето стартапи и акцелератори во земјата, оваа институција презема водечка улога во поттикнувањето на развојот на стартапите во земјата, заедно со Стартап Македонија, се вели во анализата на македонскиот стартап екосистем, на Swiss EP.

Во текстот на Швајцарската програма за претприемништво, Фондот е окарактеризиран како „сè освен обична владина агенција. Тие се агилни, пријателски и составен дел од македонската стартап заедница.“

Swis Ep ги препознава и овогодинешните нови иницијативи на ФИТР, односно формирањето на Национален стартап совет кој подготви пакет мерки за трансформација на екосистемот, воведувањето на првата Програма за корпоративна иновативност за поголема соработка меѓу големите компании и стартапите, договори со 6 банки за подобри услови за кредитирање за македонските стартапи, креирање на Национална стратегија за вештачка интелигенција, како и првиот хибриден Инвестициски фонд од 27 милиони евра кој ќе инвестира во македонските стартапи од 100 илјади до 1.5 милиони евра.

На следниот линк е целата сторија: https://swissep.org/our-impact/success-stories/fitd-redefines-governmental-startup-support